RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СЕКС "НА ГЛАДНО"
Вторник, 15 Ноември 2011
Слика
10 МЕТОДИ НА КОНТРОЛА НА УМОТ
Понеделник, 07 Февруари 2011
Слика
МЕРКАЊЕ ЗА НЕУСПЕХ
Понеделник, 28 Март 2011
Слика
10 ОСОБИНИ НА УСПЕШЕН МАЖ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
МЕ ПАЛАТ ТВОИТЕ ТОЧКИ
Вторник, 04 Јануари 2011
Слика
МОЌТА НА ИЗВИНУВАЊЕТО
Понеделник, 26 Септември 2011
Слика
ЕМОЦИИ БЕЗ ЈАЗИК
Четврток, 10 Ноември 2011

„Кој гледа нанадвор, сонува. Кој гледа навнатре, се буди“

Карл Јунг



ФАТАЛНА СИРОМАШТИЈА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 4079 пати
Петок, 21 Јануари 2011 23:58

Сиромаштијата може да го намали генетскиот потенцијал кај децата.

сиромашно дете

Според едно истражување на научници од Универзитетот на Тексас во Остин, растењето во сиромаштија може да го намали генетскиот потенцијал за когнитивен развој кај децата уште пред нивната втора година. Истражувањето покажува дека половина од напредокот што го покажуваат побогатите деца на тестовите за нивната ментална способност од 10 месечна возраст до двегодишна возраст се припишува на нивните гени. Меѓутоа, децата од посиромашни фамилии кои веќе заостануваат зад нивните врсници на оваа возраст, не покажуваат скоро никаков напредок, што е исто така последица на нивната генетска структура.

Истражувањето направено врз 750 парови близнаци од страна на Елиот Такер-Дроб, асистент професор, не укажува дека децата од побогати фамилии се генетски посупериорни или пак попаметни. Тие едноставно имаат поголеми можности да ги развијат нивните потенцијали.

близнаци

Овие откритија ја продлабочуваат вечната дебата за тоа дали природата или околината е поважна за развојот на детето. Тие укажуваат дека двете функционираат заедно и дека добрата околина исто така може да помогне за децата да почнат да ги развиваат своите генетски потенцијали на помала возраст отколку што се сметало порано.

„Без генетика, нема придонес кон околината за развој на децата. Исто така, нема генетски придонес ако ја елиминирате околината“ – вели Такер-Дроб, кој исто така работи како соработник во истражувањата на универзитетскиот Центар за истражување на населението. „Социоекономските неповолности го намалуваат генетскиот потенцијал кај децата“. вели тој.

Ова истражување, објавено во списанието Psychological Science, беше коавторирано од страна на К. Пејџ Харден од Универзитетот на Тексас во Остин, Мијке Ремтула од Универзитетот во Остин и Универзитетот на Британска Колумбија и од страна на Ерик Туркхајмер и Дејвид Фаск од Универзитетот на Вирџинија.

коцки

Истражувачите ги разгледуваа резултатите на близнаци кои што биле тестирани според една верзија на Бејлиевите мерења на детскиот развиток на околу 10 месечна возраст и повторно на околу двегодишна возраст. Ваквиот тест, што се користи за мерење на раната когнитивна способност, бара од децата да изведат задачи како на пример да ја нишаат жицата за да заѕвонат со ѕвонче, да стават три коцки во една шолја или да спојат сликички.

На десетмесечна возраст, немаше разлика во однесувањето на децата од различни социоекономски средини. Кога стигнаа до двегодишна возраст, децата од високи социоекономски средини имаа подобри резултати од децата од оние од пониските.

Генерално гледано, двегодишниците од посиромашни фамилии се однесуваа многу слично меѓу себе. Истото се покажа и кај двојајчаните и еднојајчаните близнаци, што укажува дека генетската сличност не е поврзана со сличноста во когнитивната способност. Напротив, околината во која тие растат го одредува нивниот когнитивен успех.

сиромаштија

Кај двегодишниците од побогати семејства, еднојајчаните близнаци (кои што имаат иста генетска структура) се однесуваа многу слично едни со други. Меѓутоа, двојајчаните близнаци не се однесуваа толку слично – што покажува дека различната генетска структура и потенцијал веќе почнале да дејствуваат врз нивната когнитивна способност.

„Нашите откритија покажуваат дека социоекономските разлики во когнитивниот развој почнуваат од рана возраст“ – вели Такер-Дроб. „Кај децата од посиромашни семејства, генетските влијанија врз промените на когнитивната способност беа блиску до нулата. Кај децата од побогата средина, гените беа одговорни за околу половина од отстапките во когнитивните промени.“

Истражувањето покажува дека побогатите родители можат да им овозможат подобро образование на своите деца  и да поминуваат повеќе време со нив, меѓутоа не посочува  кои фактори конкретно влијаат за децата да ги развијат нивните генетски потенцијали. Такер-Дроб планира дополнително истражување во кое ќе го анализира ова прашање.

богато бебе

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.