RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
6 МИТОВИ ЗА АНОРЕКСИЈАТА
Вторник, 27 Декември 2011
Слика
ЖИВОТНИТЕ И ЕВОЛУЦИЈАТА
Четврток, 13 Јануари 2011
Слика
ИНТЕРПЕРСОНАЛНА ПРОЕКЦИЈА
Понеделник, 18 Април 2011
Слика
КОМПЈУТЕР АДВОКАТ
Среда, 20 Април 2011
Слика
КОЈА БОЈА ГИ ПРИВЛЕКУВА МАЖИТЕ?
Вторник, 27 Септември 2011
Слика
СЕЌАВАЊАТА НА ФРОЈД
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
10 НАЈДЕСТРУКТИВНИ ОДНЕСУВАЊА 1 ДЕЛ
Четврток, 17 Февруари 2011

„Токму она што го знаеме е тоа што не спречува да научиме нешто“

Клод Бернард



ПОПУШТИ ЈА МУЗИКАТА PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 3020 пати
Вторник, 11 Јануари 2011 00:58

Сопствениците на барови и кафулиња имаат свој метод со кој ве тераат да пиете повеќе: пуштаат гласна музика.

друштво во бар

Во одреден момент во текот на вечерта, во баровите низ целиот свет, се случуваат две работи: се гасат светлата и се засилува музиката.

Придушувањето на светлото го сигнализира почетокот на вистинската забава: со пригушените светла и магијата на алкохолот започнува опуштањето после целодневните напори.

Но, пуштањето на толку гласна музика што луѓето мора да викаат еден на друг, ги нема истите придобивки и во социјалната интеракција. Бидејќи сите викаат, барот станува уште погласен и наскоро луѓето се откажуваат од обидот за комуникација и се фокусираат на алкохолот, што значи колку почесто го посетувате на барот, толку помамурни ќе бидете наредното утро.

Се разбира, токму тоа го посакуваат сопствениците на баровите. Оние луѓе кои тивко седат и бавно ги испиваат своите пијалоци, не носат никаква заработувачка. Оние кои седнале во кафиќ за да направат муабет, а притоа 3 часа пијат една Кока Кола, не се исплатливи муштерии во угостителската гранка. Ова и се потврди со теренските истражувања спроведени во француските барови од страна на професорот Николас Гуген и неговите колеги.

двојка во кафуле

Напијте се

Една од студиите на Гуген и колегите откри дека повисоките звуци ги неведуваат луѓето кон зголемена конзумација на алкохол. За ново истражување објавено во Alcoholism: Clinical & Experimental Research, Гуген и колегите посетија бар во западна Франција за да ги потврдат своите претходни наоди во природни услови. Притоа, ги набљудуваа навиките за пиење на муштериите во текот на три саботни вечери, во два различни барови во градот.

Нивото на музиката беше случајно одредено за да создадат вистински експериментални услови. Притоа, музиката беше или во рамките на вообичаениот звук од 72 децибели, или пак појачана до 88 децибели. За споредба: 72 децибели е слично на звукот од сообраќаен метеж во преполна улица, додека 88 децибели е слично на стоење во близина на косилка за трева.

пијалоци

Едно е сигурно, кога музика беше погласна, чашите се празнеа побрзо. Кога музиката беше на нормално ниво, на посетителите им беа потребни во просек 14.5 минути за да испијат чаша со 250 милилитри пиво. Но, кога музиката беше погласна, просечното време за конзумација на еден пијалок се намали на 11.5 минути. Како резултат на тоа, за време на нивниот престој во барот при гласна музика секој од посетителите во просек порачувал уште една пијачка плус, за разлика од периодот кога музиката била со нормална јачина.

Набљудувачите го мереа дури и бројот на голтки кој им бил потребен на посетителите за да завршат со една пијачка - нивото на музика немало ефект врз ова. Значи, побрзото пиење е резултат на повеќе голтки, а не на поголеми голтки.

пијан човек

Пиење наместо зборување?

Со оглед на тоа дека јачината на музиката се одредуваше случајно, овој експеримент покажа дека погласната музика ги тера луѓето да пијат повеќе, но не ни објаснува зошто. Некои сметаат дека луѓето пијат наместо да зборуваат, додека други тврдат дека повеќе пијат бидејќи музиката создава возбуда, што води кон повеќе пиење.

Истражувањето извршено во пабовите во Глазгов, Шкотска од Форсит и Клунан ја поддржува идеата дека луѓето, барем дел од нив, пијат бидејќи не можат да зборуваат еден со друг. Можеби понатамошните истражувања ќе ја потврдат или побијат идеjата споредувајќи ги осамените конзументи на алкохол со оние во двојки или поголеми групи.

Која и да е вистинската причина, ваков вид на истражување може да биде многу корисен за да се утврди причинската поврзаност помеѓу гласната музика и зголемената конзумација на алкохол бидејќи експериментаторите го посетуваат барот, започнуваат случајна експериментална манипулација и потоа ги набљудуваат луѓето да видат што всушност истите прават во реална средина.

мажи во бар

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.