RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ОТКРИЕН ГЕНОТ ЗА ЛУДОСТ
Четврток, 06 Јануари 2011
Слика
ПАРАНОРМАЛНА ПСИХОЛОГИЈА
Понеделник, 19 Декември 2011
Слика
БРАКОТ И ПРОСТУВАЊЕТО
Среда, 30 Март 2011
Слика
СИНОВИ ПРЕД ЌЕРКИ
Сабота, 29 Јануари 2011
Слика
10 МЕТОДИ НА КОНТРОЛА НА УМОТ
Понеделник, 07 Февруари 2011
Слика
ИЗБРКАЈТЕ ГИ НЕГАТИВНИТЕ МИСЛИ
Понеделник, 31 Октомври 2011
Слика
ОСАМЕНОСТА ШТЕТНА ПО ЗДРАВЈЕТО
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
5 ПАТИШТА ДО СРЕЌАТА
Понеделник, 14 Март 2011

„Рационализацијата може да се дефинира како себезалажување со помош на разумот“

Карен Хорнај



НЕ СТОЈ ТОЛКУ БЛИСКУ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2737 пати
Четврток, 30 Декември 2010 10:40

Зошто постојат луѓе кои стојат преблиску до вас, иако не ве познаваат, а со тоа прават да се чувствувате непријатно?

стоење преблиску

Во една епизода од познатото ТВ шоу Seinfeld, “близок соговорник” предизвикувал нелагодност кај главните протагонисти стоејќи само неколку сантиметри од нивното лице додека зборуваат. Што ја прави оваа инвазија врз нашиот личен простор толку непријатна? Едно ново истражување покажува дека одреден мозочен регион, таканаречената амигдала, реагира како предупредувачки аларм кога некој кој не ни е близок ни се доближува повеќе отколку што е вообичаено.

Психолозите ја имаат истражувано проблематиката на личниот простор уште од 1960-те години. Притоа откриле дека Американците и северните Европјани преферираат да имаат поголем личен простор отколку, на пример јужните Европјани, а луѓето со аутизам несвесно тежнеат да извршат упад врз личниот простор на другите луѓе. Истражувањата со мајмуни навестија дека амигдалата, регион во средниот мозок со форма на бадем, кој ни помага да ги распознаеме опасностите, игра важна улога во личниот простор. Но, теоријата се покажала како тешка за тестирање на луѓе.

упад во личниот простор

Сепак, пред околу 15 години, научниците невролози од Институтот за технологија во Пасадена, Калифорнија, сретнаа 42-годишна жена со ретко генетско пореметување кое ги уништило обете страни од амигдалата. Во претходните експерименти, научниците откриле дека жената, позната под иницијалите СМ, не можела да го препознае стравот на лицата на другите, а исто така ги рангирала луѓето како подоверливи, отколку што тоа би го сторила просечна личност. Таа била и исклучително дружељубива, “речиси до степен до кој тоа не е нормално”, изјави Даниел Кенеди, член на тимот. Дури и ако штотуку се запознала со некого, според него, СМ го напаѓала нивниот личен простор, допирајќи ги рацете на соговорникот додека зборува или боцнувајќи го во стомакот.

Во новите истражувања - Кенеди и неговите колеги поригоризно го тестираа чувството за личен простор на СМ. Во серија на експерименти  ја споредија со 20 здрави субјекти. Во еден тест, еден од експериментаторите полека се движел кон субјектот додека субјектот не се почувствувал неудобно и не побарал од експериментаторот да запре. Според тимските извештаи објавени во Nature Neuroscience, СМ им дозволила на експериментаторите да се приближат двојно поблиску од другите субјекти, 0.34 метри наспроти 0.64 метри. Таа се чувствувала пријатно дури и кога стоела нос до нос со некој од екпериментаторите.

личен простор

Понатамошните експерименти покажуваат зошто е тоа така. Кенеди и неговите колеги ставија осум здрави субјекти, еден по еден, во функционален скенер за магнетна резонанса, кој ја мери активноста на мозокот. Тогаш еден од екпериментаторите стоел околу 4.5 метри од машината или веднаш до нејзиниот отвор. Активноста на амигдалата двоно се зголеми кога непознатиот стоел поблиску. “Нашите откритија одат во прилог на идејата дека функциите на амигдалата се сопирачки во социјалната интеракција”, вели Кенеди. “Ако ја отстраните амигдалата, изгледа како да сте помалку поврзани со... социјалното однесување кое може да предизвика неудобност.”

Ова истражување е “ново, необично парче од истражување” кое прво го идентификува невролошкиот извор на личниот простор кај луѓето, вели Ричард Дејвидсон, невролог на Универзитетот од Висконсин, Медисон. “Исто така е дел од растечка серија на истражувања кои ја истакнуваат важноста на амигдалата во човечките социјални интеракции,” тврди тој.

фмри скенер

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.