RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЗОШТО ПЦУЕМЕ?
Понеделник, 15 Ноември 2010
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА ПРОСТУВАЊЕТО
Сабота, 26 Јануари 2013
Слика
ХИЕНИТЕ НЕ СЕ СМЕАТ
Понеделник, 13 Декември 2010
Слика
СЕКС "НА ГЛАДНО"
Вторник, 15 Ноември 2011
Слика
ШТО СЕ ФЛЕКСИ-СЕКСУАЛКИ?
Среда, 16 Март 2011
Слика
МАШКО ИЛИ ЖЕНСКО?
Четврток, 30 Декември 2010
Слика
ВИСТИНАТА ВО СОНОВИТЕ
Вторник, 12 Јули 2011

„Кој гледа нанадвор, сонува. Кој гледа навнатре, се буди“

Карл Јунг



ЗНАЕШ ЛИ ШТО СЛУШНАВ? PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 2787 пати
Петок, 17 Декември 2010 01:08

Верувале или не, луѓето повеќе им веруваат на озборувањата, дури и кога тие се контрадикторни на она што го гледаат со свои очи, тврди нова студија.

 

озборување

Изминатите истражувања открија дека озборувањето – оние сочни трачеви кои ги споделуваме за некоја трета личност – има разни намени, а тука спаѓа зајакнувањето на социјалните врски, ширењето на социјалните норми и помагањето на другите да избегнат ризични партнери.

Информациите од типот "рекла-казала" можат да бидат најверодостоен извор на информации за ситуации со кои немате никакво искуство. Но кога ќе слушнете трач кој е неспоив со личност или инцидент кој ви е познат, најпаметно би ви било да му ја покажете вратата на озборувачот, бидејќи сепак вие ја знаете вистината, зар не?

озборување во канцеларија

Нова студија објавена на Интернет во "Proceedings of the National Academy of Sciences", открива дека поединците понекогаш толку многу веруваат во озборувањата што ги прифаќаат како вистинити дури и кога нивните сознанија и искуства им укажуваат на спротивното.

"Озборувањето има силен манипулативен потенцијал кој би можел да биде употребен од измамниците за да ја изменат репутацијата на останатите или да ја сменат сопствената," пишува главниот автор Ралф Сомерфелд од Макс-Планк Институтот за Еволутивна Биологија. "Ова укажува дека луѓето се навикнати да ги базираат своите решенија врз основа на озборување, гласини или други говорни информации."

 

Игра на озборувањето

Сомерфелд и неговите колеги испитуваа како озборувањето пренесува информации и како влијае врз однесувањето на друга личност.

Во студијата 126 студенти по биологија играа компјутерска игра во која секој студент беше во пар со друг студент (по пат на компјутер) и требаше да реши дали да даде извесен дел од почетната сума на пари на својот партнер. Со тоа што давателот ќе дадеше 1.25 евра, примателот добиваше 2 евра, и на тој начин беше многу подобро да бидете примателот. Претпоставката беше дека во понатамошните рунди на великодушните даватели ќе им биде возвратено со иста мерка.

По првата низа рунди, студентите ги променија партнерите и добија известување за тоа колку пати нивниот парнер дал или не дал пари. Поголема беше веројатноста дека студентите ќе дадат пари на кооперативни партнери кои и претходно им давале пари на останатите.

компјутерска игра

Потоа, тие мораат да напишат мал трач за другите играчи со кои беа во виртуелна интеракција. Сомерфелд забележа некои вакви примери: "Тој е дарежлив играч" или "Тој е циција, внимавај."

Не е изненадувачки: Играчите кои прочитаа позитивен коментар за другата личност, без воопшто да го видат извештајот за дарежливоста, беа склони да бидат подарежливи кон таа личност и да и дадат пари. Спротивното се случи кај негативното озборување, кое ги поттикна играчите да си ги чуваат парите.

 

Златно озборување

Во наредниот сет рунди стана поинтересно: Играчите добија информации за дарежливоста на партнерот (колку и дали воопшто бил великодушен) но воедно им беа предочени и озборувањата.

Без било какви додатни информации базирани на трачарење, студентите беа кооперативни 62% од времето. Тој број се зголеми на 75% кога освен извештајот за патнерот слушнале и позитивен трач. Дури и во случаите каде извештајот на патрнерот покажуваше дека тој ниеднаш не дал пари, позитивното озборување ја однесе победата и другиот играч му даде пари на скржавецот.

Почуден исход е дека негативното озборување ја намали кооперативноста на 50%, без оглед на извештаите за парнерот.

позитивен трач

"Доколку луѓето би се однесувале рационално, тие би ги базирале своите одлуки на исклучиво врз она што навистина го гледаат затоа што знаат точно како овие луѓе се однесувале порано," изјави Сомерфелд за "LiveScience". "Но тие беа под влијание на озборувањата."

Убедливоста на озборувањето се покажа и  во случај кога со информациите се поткопуваше угледот и на самиот озборувач. На пример, учесниците реагираа на озборувањето дури и кога трачот го опишува вистинскиот извор како "гаден скржавец" или некој друг сличен некооперативен опис.

Научниците сугерираат дека додатните информации можат да бидат оптоварувачки за учесниците, или можеби луѓето не го поврзуваат кооперативното однесување со чесно озборување.

мажи озборуваат

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.