RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ШОПИНГ ТЕРАПИЈА
Петок, 22 Јули 2011
Слика
ТЕХНОЛОШКА ЗАВИСНОСТ
Понеделник, 07 Март 2011
Слика
ТИМСКИ ДУХ ПРОТИВ ДЕПРЕСИЈА
Среда, 01 Декември 2010
Слика
МАШКО ИЛИ ЖЕНСКО?
Четврток, 30 Декември 2010
Слика
5 НАЈЧЕСТИ СОНИШТА КАЈ ЖЕНИТЕ
Четврток, 10 Ноември 2011

„Рационализацијата може да се дефинира како себезалажување со помош на разумот“

Карен Хорнај



ЦВРСТО МАШКО ПРИЈАТЕЛСТВО PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 3443 пати
Вторник, 14 Декември 2010 23:49

Мажите имаат поголема мрежа на пријатели од истиот пол и подолготрајни пријателства отколку жените.

другарки

Жените отсекогаш традиционално се доживувале како посоцијални и повеќе отворени за соработка од мажите. Сепак, неодамнешно истражување покажува дека не е баш така. Всушност, студиите покажаа дека мажите имаат поголема мрежа на машки пријатели и подолготрајни пријателства со припадници од истиот пол. За разлика од нив, женско – женските пријателства не се толку силни.

Психологот Џојс Ф. Бененсон од Емануел Колеџот, заедно со нејзините колеги од Универзитетот во Харвард и Универзитетот во Квебек, Монтреал сакаше да ги спореди машкото и женско ниво на толеранција кон припадници на истиот пол.

пријатели

За потребите на студијата психолозите регрутираа машки и женски студенти и им дадоа да пополнат анкети во кои требаа да наведат какви им се односите со цимерите/ките. Во друг експеримент, испитаниците читаа приказна во која најдобриот пријател/ка на главниот лик е опишан/на како доверлив/а, се додека еден ден не ја изневери укажаната доверба. Откако ја прочитаа приказната, испитаниците требаа да ја проценат доверливоста на пријателот/ката.

Наодите, кои се објавени во списанието "Психолошка Наука" (кое го издава Асоцијацијата за Психолошка Наука) откриваат дека мажите се потолерантни кон припадниците на својот пол отколку жените. Мажите во студијата ги оценија своите цимери како попријатни и помалку здодевни за разлика од жените. Исто така, набљудувајќи три колеџи,  истражувачите дојдоа до сознание дека кај жените беше поголема веројатноста за менување на цимерките отколку мажите. Резултатите на финалниот експеримент, во кој требаше да се оцени доверливоста на пријателот/ката од приказната, покажаа дека жените во многу поголема мерка се изјаснија дека пријателот/ката е недоверлива за разлика од мажите.

цимери

Сепак, истражувачите предупредуваат дека нивната дефиниција за толерантност може да биде ограничена и дека треба да се работи уште со цел да се откријат фундаменталните процеси на кои посочува нивната студија. На пример, тие сугерираат дека, "на најпримитивно ниво, жените можеби имаат понизок праг на чувствување на негативни визуелни, звучни или мирисни информации кај припадниците на својот пол за разлика од мажите." Авторите претпоставуваат дека половите разлики во толеранцијата можеби се базираат врз разните функции и очекувања од истополовите пријателства.

Тие додаваат, "Жените можеби едноставно ги оценуваат негативните информации многу потешко од мажите, бидејќи таквите информации ја нарушуваат воспоставената интимност, која е многу позначајна за пријателствата помеѓу жените отколку кај машко-машките пријателства." Авторите воедно додаваат и дека трудот кој го вложуваме во пријателства со луѓе од ист пол може исто така да зависи и од нашите краткорочни и долгорочни потреби во тој период од нашите животи.

нетолерантни другарки

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.