RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ШТО Е ДВОЈНА ДИЈАГНОЗА???
Понеделник, 19 Септември 2011
Слика
УЧИТЕЛКА РОБОТ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ТЕРОРИСТИТЕ НЕ СЕ ЛОШИ ЛУЃЕ
Среда, 10 Август 2011
Слика
ЖЕНИТЕ СТАРЕАТ ОД РАЗВОД
Понеделник, 15 Ноември 2010
Слика
ОМЕГА 3 ПРОТИВ ДЕПРЕСИЈА
Четврток, 17 Февруари 2011
Слика
СЕБЕ-ПОВРЕДУВАЊЕ
Четврток, 03 Ноември 2011
Слика
КАКО ДА ГИ "ЧИТАТЕ" ЛУЃЕТО
Понеделник, 26 Септември 2011

„Цивилизацијата започна кога за прв пат некој гневен човек фрли збор наместо камен“

Зигмунд Фројд



КАКО ПРАВИЛНО ДА ГИ ПОФАЛИТЕ ВАШИТЕ ДЕЦА PDF Печати Е-пошта
(6 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 5641 пати
Сабота, 11 Мај 2013 22:46

Охрабрувањето и пофалбите се пренесуваат на најразлични начини. Сепак, постојат одредени начини кои се сметаат за најдобри кога станува збор за развојот на децата.

 мајка и ќерка

Истражувачи од Универзитетот на Чикаго и Универзитетот Стенфорд ја истражувале комуникацијата помеѓу мајката и детето во текот на неколку години и откриле дека видот на пофалба што детето ја прима има големо влијание врз неговиот став кон сите понатамошни предизвици во животот. Поконкретно, повратната информација која малите деца ја добиле во однос на нивното однесување и изборите што ги правеле им помогнала подобро да се снаоѓаат со посложените ситуации со кои се соочиле пет години подоцна. Таквата повратна информација која го потенцира нивното однесување е поважна отколку фокусот на тоа дека детето е „добро“ или „паметно“. Ова е прво вакво истражување за тоа како влијаат пофалбите врз развојот на децата направено надвор од лабораторија.

да пукне 

„Врз основа на експерименталните истражувања очекувавме вакви резултати, но возбудливо е да се види дека ова навистина се случува во реалниот свет,“ – вели Елизабет Гандерсон, асистент по психологија на Универзитетот Темпл во Филаделфија. „Пофалбата на вложениот труд, постапките и работите што ги прави детето носи низа придобивки во однос на неговиот долгорочен развој и желбата да продолжи да се справува со тешките ситуации во иднина.“

мајка фали ќеркичка 

Ваквата „пофалба на процесот“ се состои од реченици од типот: „Навистина си се потрудил“, „Одлично си ја завршила работата“ и таа ја акцентира активноста на детето. Додека „пофалбите на личноста“, пак, се искажуваат со коментари од типот: „Многу си паметен“, „Многу си добра“ и слични, кои всушност се однесуваат на вродените квалитети на детето. Оваа поделба не е нова во полето на психологијата, но начинот на кој тие влијаат врз развојот на детето не беше целосно јасен.

Според Карол Двек, коавтор и професор на Универзитетот во Стенфорд, се работи за монументална студија. Всушност, неговите претходни истражувања ја поставија основата за разбирање на улогата на пофалбата во детскиот развој.

бебе бацка од мама и тато 

Како дел од истражувањето, истражувачите ги посетувале домовите на повеќе мали деца на возраст од една до три години и ја снимале нивната дневна комуникација со родителите во повеќе сеанси со траење од 90 минути. Пет години подоцна, истражувачите повторно ги посетиле семејствата и со помош на прашалници го процениле ставот на децата кон предизвиците и проблемите. Децата што израснале со „процесни пофалби“, за тоа како добро се потрудиле да направат нешто, биле повеќе отворени кон предизвиците и успевале да пронајдат повеќе начини за решавање на поставените проблеми. Исто така, тие сметале дека може да станат поинтелигентни ако вложуваат поголем напор. Од друга страна, децата кои добивале „личносни пофалби“, дека се добри и паметни, не покажале негативни резултати, но тие покажале помала подготвеност да вложуваат напор за да си ги зголемат способностите, за кои сметале дека се дадени какви што се и не може многу да се променат. Студијата утврдила дека ова се должи на пораката што ја добивале од двата типа на пофалби.

ќеркичката готви 

Едно друго интересно откритие на оваа студија е тоа како пофалбите различно влијаат врз момчињата и девојчињата. Родителите подеднакво ги пофалувале и момчињата и девојчињата, но од вкупниот број на пофалби што ги добиле момчињата, 24% биле „процесни пофалби“, додека аналогно, девојчињата добиле само 10% од ваквиот тип на пофалби. И порано се појавувале слични податоци, но Гандерсон објаснува дека истражувачите биле изненадени од тоа колку е голема разликата меѓу нив. Оваа нееднаквост лесно може да се манифестира врз начинот на кој девојчињата ги проценуваат нивните способности во текот на нивниот развој на училиште и лесно може да предизвика проблеми со самодовербата кои стануваат уште посериозни во текот на пубертетот.

родители и ќеркичка 

Бидејќи истражувањето јасно ја покажало разликата помеѓу двата типа на пофалби, Гандерсон и колегите сметаат дека треба да се продолжи со истрагата за тоа дали „процесните пофалби“ или „пофалбите на личноста“ предизвикуваат промени во однесувањето. Досегашните податоци покажуваат дека децата кои добивале пофалби за тоа дека добро ги извршуваат своите задачи понатаму се поспремни да се соочат со нови предизвици, но се' уште не е докажано дали успешно се справуваат со истите.

татко и син 

Во овој момент, пораката на истражувањето е јасна: родителите треба да влијаат врз развојот на децата од нивната најмала возраст, а ќе им ја зголемат мотивацијата и правилно ќе им го обликуваат ставот на децата кон самите себе, ако им покажат дека го ценат секој нивни чекор. Притоа, треба да водат сметка, затоа што како што се чини, не секоја пофалба има ист ефект.

мајка го крева детето 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.