RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЦЕНАТА НА ИСКРЕНАТА НАСМЕВКА
Среда, 21 Септември 2011
Слика
ДОБРИТЕ МОМЦИ СЕ "ИН"
Вторник, 07 Декември 2010
Слика
ВИДОВИ ТЕЛЕКИНЕЗА
Понеделник, 08 Август 2011
Слика
ПОИЗГОВОРЛИВИТЕ ИМИЊА КЛУЧ ЗА УСПЕХ
Четврток, 16 Февруари 2012
Слика
АГОРАФОБИЈА
Среда, 17 Август 2011
Слика
СПИЕЊЕ СО ЏЕКИ = БОЛЕСТ
Вторник, 08 Февруари 2011
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА ДОПИРОТ
Понеделник, 26 Декември 2011
Слика
КРЕАТИВНА ТОЛПА
Вторник, 21 Декември 2010

„ Незрелата љубов вели: 'Те сакам затоа што ми требаш';

Зрелата љубов вели: 'Ми требаш затоа што те сакам'. “

Ерих Фром



ЗОШТО ВЕРУВАМЕ ДУРИ И НА ПРОВЕРЕНИ ЛАГИ? PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 2886 пати
Вторник, 09 Октомври 2012 17:30

Зошто некои лаги или погрешни информации просто се лепат за индивидуалната и јавната свест?

 погрешно информирање

Истражувачи од Австралија, предводени од психолозите Др. Стефан Левандовски и Улрих Екер, утврдиле дека отфрлањето на некоја информација која веќе била соопштена бара поголем напор отколку едноставното прифаќање дека таа порака е вистинита.

Во нивната студија, тие ги потенцираат когнитивните фактори заради кои одредени погрешни информации се лепат за нашата свест, но и одредиле неколку стратегии како да се „оправи работата“.

 еден плус еден се три

Во кој случај погрешните информации најмногу ни се „лепат“? Тоа особено се случува кога одредена информација се сложува со нашите постоечки политички, религиозни или социјални сфаќања. Заради овој факт, најтешката пречка до исправната информација се токму идеологијата и личниот светоглед. Всушност, во самиот извештај, истражувачите наведуваат дека обидот да се расчисти погрешната информација честопати постигнал обратен ефект предизвикувајќи зацврстување на погрешното сфаќање наместо да го собори.

девојка што се дума 

Според Левандовски, ваквата отпорност на погрешните информации има прилично алармантни последици во едно демократско општество, затоа што луѓето може да ги засноваат своите одлуки врз информации за кои, на извесно ниво, и самите знаат дека се погрешни.

На индивидуално ниво, погрешните информации за здравствените теми на пример, непотврдените стравови за вакцини или пак од друга страна непроверената доверба во алтернативната медицина, може потенцијално да направи голема штета, вели Левандовски. Додека пак на општествено ниво, константната погрешна информација за одредени политички прашања може да направи значителна штета. На глобално ниво, добар пример за оваа појава е информацијата за климатските промени и глобалното затоплување.

 Ал Гор со огин од уста

Иако справувањето со погрешните информации е тешка задача, не е лесно да се коригираат, оваа студија нуди неколку стратегии како да се спротивставите на моќта на погрешната информација. Меѓу нив се и следниве:

  • Обидете се секогаш на луѓето да им понудите алтернативна замена за информацијата која била погрешна, за кога ќе се повлече лажната информација да има со што да се пополни испразнетото место.
  • Фокусирајте се на фактите кои саката да ги нагласите, а не на она што било претходно пласирано.
  • Обидете се информацијата која сакате луѓето да ја запомнат да биде кратка и јасна.
  • Засилете ја вашата порака преку повторување.

волк во овчјо руво 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.