RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
МАШКИ ДОМАЌИНЛАК
Вторник, 23 Ноември 2010
Слика
ПОДЕТАЛНО ЗА КЛЕПТОМАНИЈАТА
Четврток, 15 Декември 2011
Слика
БИЗНИС БЛЕФ
Среда, 12 Јануари 2011
Слика
ДВИЖЕЊЕТО НА ТЕЛОТО ДЕЛУВА НА СТАВОВИТЕ
Понеделник, 12 Септември 2011
Слика
МЕЃУСЕБНА ИНХИБИЦИЈА
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
БЕЗ СЕЛЕЊЕ ЗА ЕМОТИВЦИТЕ
Четврток, 25 Ноември 2010
Слика
СТАОРЦИ И ДОПИР
Среда, 02 Март 2011

Единствените нормални луѓе се оние кои што не сте ги запознале добро.

Алфред Адлер



ЗАГРИЖЕНОСТА И ВАШИТЕ МЕЃУЧОВЕЧКИ РЕЛАЦИИ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 6622 пати
Понеделник, 07 Мај 2012 16:37

Сите луѓе се загрижени од време на време. Но, како загриженоста може да влијае врз интерперсоналните релации во нашиот живот?

 загрижена девојка

Грижите може да бидат толку нападни и опсесивни што ќе влијаат врз животот на поединецот загрозувајќи му ги неговите социјални релации. Ова го покажува новата студија на Универзитетот Кејс Вестерн предводена од психологот Ејми Пжеворски.

Најпогодени се луѓето со Општото или Генерализирано Анксиозно Растројство (ГАР). Овие луѓе честопати своите односи со семејството, пријателите или колегите ги ставаат на врвот на својата листа со грижи, но негативните методи кои обично ги користат за да се справат со нив, од пренагласено удоволување до екстремна емоционална одвоеност, може да бидат многу деструктивни. Пжеворски и нејзините колеги од Пен Стејт универзитеот ги набљудувале луѓето под терапија за ГАР и забележале дека тие различно ги манифестираат своите грижи во зависност од тоа каква интеракција имаат со другите луѓе.

расправија

Во две студии истражувачите откриле четири типа на различни стилови на интеракција вообичаени за луѓето со ГАР - нападно, ладно, ненападно и искористувачко. И двете студии јасно го покажале присуството на овие четири интерперсонални стилови и значајната улога која тие ја имаат за луѓето со ГАР при манифестација на нивните грижи.

„Сите индивидуи со овие стилови се грижеа до исто ниво и екстремност, но ги манифестираа нивните грижи на различен начин“ - рече Пжеворски.

 загрижена девојка

Да земеме на пример двајца луѓе со слични грижи за нивното здравје и сигурност. Едната личност може да ја покаже својата грижа преку чести нападни изрази на загриженост за другата личност. Помислете на родител или брачен партнер кој се јавува на секои пет минути да види што ново се случува.

Друга личност може да ја изрази грижата преку критика на однесувањето за кое смета дека е невнимателно или неодговорно.

загрижена жена на телефон

„Грижата може да биде слична, но влијанието на грижата врз нивните интерперсонални релации може да биде екстремно различно. Ова претполага дека интерперсоналните проблеми и грижата може да се испреплетени“ - вели Пжеворски.

Таа им препорачува на терапевтите кои се занимаваат со ГАР да ги таргетираат како грижата така и со неа поврзаните интерперсонални проблеми.

загрижен

Повеќето третмани на ГАР се потпираат врз когнитивно бихејвиоралната терапија, третман кој е успешен кај околу 60% од луѓето, што се смета за пристоен процент за терапија. Како и да е, еден од начините да се подобри овој третман за грижи може да биде интегрирањето на техниките кои ги таргетираат проблемите во интерперсоналните релации.

 терапија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.