RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПЛАЦЕБО ЕФЕКТОТ ЛЕКУВА!
Четврток, 03 Ноември 2011
Слика
КАКО ДА ГИ ОТКРИЕТЕ "ЛАЖГОВЦИТЕ"?
Сабота, 08 Октомври 2011
Слика
РАБОТА ИЛИ СЕМЕЈСТВО
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
И МАЖИТЕ МОЖАТ ДА ДОЈАТ?!?
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
И НА ПРИВЛЕЧНИТЕ НЕ ИМ Е ЛЕСНО
Четврток, 02 Декември 2010
Слика
7 СОВЕТИ ЗА ВРСКИТЕ НА ДАЛЕЧИНА
Понеделник, 31 Октомври 2011
Слика
КОМПЈУТЕРСКА УБАВИНА
Петок, 17 Декември 2010

Единствените нормални луѓе се оние кои што не сте ги запознале добро.

Алфред Адлер



ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА PDF Печати Е-пошта
(4 гласови, просечно 4.75 од можни 5)
прочитано 24816 пати
Понеделник, 19 Март 2012 18:08

Без оглед на тоа колку сте свесни за вашите зборови, психолозите се убедени дека ако не го мислите она што го зборувате, вашето тело ќе ја открие вистината.

 поткаснување на усни

Сите ние имаме способност да комуницираме: уста, уши, очи и раце, за со нив да гледаме појасно, слушаме повеќе, зборуваме помалку и да ги користиме рацете за извршување на нашите дневни обврски. Говорот на телото, движењата на рацете, грчењето на рамениците и мрдањето со главата откриваат порака – понекогаш непозната за говорникот.

 места за говор на телото

Она што е важно е не што ќе кажете туку како ќе го кажете. Во својата книга Тајните на Говорот на Телото Сузан Куилам ќе рече: „Говорот на телото ви дава можност да протолкувате што луѓето се обидуваат да ви кажат, истовремено и да откриете што се обидуваат да сокријат. Начинот на кој стојат, гестовите кои ги прават, изразите на нивните лица, начинот на кој зборуваат, сите тие се показатели за тоа како некоја личност се чувствува во дадена ситуација.“

 говор на телото

„Многу истражувања за говорот на телото се финансирани од светот на бизнисот. Разбирањето на говорот на телото може да ви помогне да проанализирате што навистина се случува под површината, и да ги дознаете скриените правила што треба да ги почитувате со цел да успеете", вели Куилам.

 говор на телото бизнис

Ова можеби и најмногу се гледа во контекст на интервју за работа, отколку во било која друга ситуација. „Ова е местото каде познавањето на невербалните сигнали навистина може да ви се најде и да ви даде високо квалитетни информации за вашиот потенцијален работодавец.“ Тоа ви овозможува да го прочитате тајниот код зад зборовите и да ви даде предност во вашиот професионален живот.

 интервју за работа

Според Куилам, самото тело е своевиден јазик, разбирањето на говорот на вашето тело може да ви каже многу за вас самите. И тоа не само за тоа какво е држењето на вашето тело, вашата коса и облеката што ја носите. Тонот на гласот и ритамот на вашиот говор им дава сигнали на другите, како и едноставните гестови, кои може да ги отсликаат како непосредните случувања така и поапстрактните концепти како што е пријателството.

 флерт

Говорот на телото е различен во различните култури. Секоја култура има свој јазик на пози и гестикулации. Но, бидејќи јазикот на телото е заемно несфатлив, еден невин гест во јавност може да се земе како директна навреда.

 поклонување

Како и убавината, пораката на говорот на телото лежи во очите на набљудувачот. Но, ако има нешто во вашите очи, размислете два пати пред да го допрете долниот капак затоа што во некои делови од светот некоја девојка тоа може да го сфати како да и се пуштате. Да се биде учтив, не значи само да внимавате на јазикот туку и на сопствените гестови.

 гест на јапонка

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.