RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ИНТЕРКУЛТУРНА ПСИХОЛОГИЈА
Четврток, 21 Јули 2011
Слика
ВНИМАВАЈТЕ НА ЖЕНИТЕ
Четврток, 25 Ноември 2010
Слика
7 ФРАЗИ КОИ ЈА УНИШТУВААТ СРЕЌАТА
Сабота, 22 Октомври 2011
Слика
РЕАЛНО НАСПРОТИ ВИРТУЕЛНО
Четврток, 14 Април 2011
Слика
КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО ВАШАТА МАЈКА
Понеделник, 10 Октомври 2011
Слика
ВАЖНОСТ НА ИНТУИЦИЈАТА
Петок, 08 Април 2011
Слика
КУЛТУРАТА Е САМО ЗА МАЖИТЕ
Понеделник, 03 Октомври 2011

„Повеќето од сликите кои ги имаме за реалноста врз кои го базираме нашето однесување всушност се темелат на посакувани искуства“

Алберт Бандура



ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ PDF Печати Е-пошта
(5 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 27437 пати
Среда, 04 Јануари 2012 12:12

И кога сте завртени со грб, едноставно знаете ако ве гледа некој. Што се случува?

поглед плава девојка

Го знаете она интересно чувство кое го имате кога некој ве гледа? Надвор од аголот на окото, дури и надвор од видното поле, едноставно знаете дека некој ве „проверува", мерка или се обидува да воспостави контакт со очите со вас. Понекогаш, оваа способност да детектирате дека некој друг ве гледа, делува речиси како Екстра Сензорна Перцепција (ЕСП), затоа што честопати е на работ на нашата свесност.

дали

Но, далеку од тоа дека се работи за ЕСП, ваквата перцепција всушност се должи на еден систем на мозокот кој е исклучиво посветен да открива дали некој ве гледа. Овој „систем за детекција на зјапање", е особено осетлив во однос на тоа дали некој гледа директно во вас (на пример, дали гледа во вас или пак во часовникот на ѕидот преку вашето рамо). Истражувањата кои се бават со анализа на активноста на поединечни мозочни клетки откриваат дека посебни клетки испраќаат сигнали кога некој зјапа директно во вас, но – неверојатно – не и кога погледот на посматрачот е насочен само неколку степени полево или подесно од вас (во тој случај се вклучуваат други клетки).

бизнисмен со часовник на рамо

Оваа специјализирана машинерија во мозокот ни открива колку всушност е важен вашиот поглед при комуникација со другите. Во вашиот поглед се содржани вашите чувства и намери, што сакате а што не сакате, и го насочува вниманието кон значајните за вас нешта во околината. Понатаму, директниот контакт со очите е најчестиот и можеби најмоќниот невербален сигнал кој го разменуваме со другите. Тој е средишна точка на интимноста, заплашувањето и социјалното влијание. Контактот со очите е толку исконски, што неговото значење се протега низ сите животински видови. Предаторите гледаат во пленот многу интензивно пред моментот да нападнат. Бебињата гледаат во родителите за да го добијат нивното внимание. Како што веројатно знаете, на пример кучињата и мачките со луѓето може да си изразат многу нешта само преку погледот.

бебе зјапа

Потсетете се на случај кога сте биле некаде во јавност и сте можеле да осетите дека некој ве гледа, без воопшто да погледнете во правец на тоа лице. Каква информација вашиот (периферен) визуелен систем користи за да ве направи свесни за овој факт?

Првата работа која обично ја забележуваме кај другите е позицијата на главата и телото. Ако било кое од двете е насочено кон вас, особено во неприродна позиција, тоа е многу значаен показател. Еден најочигледен случај е кога нечие тело не е насочено кон вас, но нивната глава е. Во ваков случај вашата инстинктивна реакција е да обрнете позасилено внимание кон нивните очи.

Никол Кидман поглед

Но дури и кога поставеноста на главата и телото не ни даваат многу информации, истражувањата покажуваат, дека нашиот периферен вид сеуште може да детектира нечиј поглед исклучително добро. Како го правиме ова?

Еден фактор се навраќа на нашиот систем за детекција на поглед, кој нè прави поосетливи на позицијата на очите на другите отколку што сме свесни. Друг фактор може да се изведе со поставување на ова прашање: Како се човечките очи различни во нивниот изглед во споредба со очите на други животни? Што е уникатно за анатомијата на човечките очи?

поглед човек

Најголемата разлика е во тоа што кога гледаме во човечки очи, лесно е да се направи разлика на темниот центар (зеницата и ирисот) од остатокот на видливото очно јаболко(на склерата, белиот дел). Овие тешко се разликуваат кај другите животни бидејќи: 1) кај многу животни, зеницата и ирисот го покриваат најголемиот дел од надворешниот изглед на окото, и 2) склерата на другите животни има тенденција да биде потемна од човечката склера.

лемур поглед

Значи, луѓето имаат најголем износ на видлива бела склера. Овој контраст помеѓу белата склера и темниот центар прави многу полесно да се каже каде гледа некој. Ние всушност користиме многу едноставно правило: темно во средината на окото = контакт со очите, темно на десната страна = гледа десно; темно на левата страна = гледа лево.

горило поглед

Под претпоставка дека главата е во мирување, се гледа колку е лесно е да се следи погледот на човечки очи во споредба со очите на горила, тигар, лемур, волк или був.

був поглед

Да се има така лесно забележлив поглед би била слабост за многу видови, особено за предаторите. Како предатор, не би сакале другите да знаат кога ги гледате, па така потемна, помалку видлива склера е идеално да се има.

тигар поглед

Но, преживувањето на луѓето сега зависи повеќе од соработка и координација на нашите напори со други луѓе, па комуникациските вештини добија поклучно значење за нашиот опстанок. Биолозите укажуваат на тоа дека нашите поголеми, побели склери еволуирале, бидејќи тие се многу подобри за нашата способност да комуницираме со другите - од истата причина заради која еволуирале нашите капацитети за комплексен јазик. Сепак, погледот на очите може да изрази многу работи кои говорниот јазик не може или нешто што би траело предолго за да се вербализира, како на пример непосредната опасност.

лав поглед

Точно е дека, со тоа што имаме вакви очи, отежнато ни е криењето на емоциите или прикрадувањето кон пленот, но гледано во целина, давањето сигнали со поглед и детекцијата на погледот се големи придобивки за нас. Тоа ЕСП чувство кое го добивате кога некој ве гледа, е вашиот мозок кој ви кажува, на ненаметлив начин, дека нешто значајно се случува.

сини очи

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.