RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ДЕЛОВНИ ПОДАРОЦИ
Понеделник, 27 Декември 2010
Слика
ЖЕНИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ВО ЗИМА
Понеделник, 28 Ноември 2011
Слика
СРАМОТ И СОЦИЈАЛНОТО ИЗБЕГНУВАЊЕ
Понеделник, 31 Октомври 2011
Слика
ФИЛМСКО ВЛИЈАНИЕ
Вторник, 22 Февруари 2011
Слика
ДОПРИ МЕ
Четврток, 06 Јануари 2011
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА ЧЕКАЊЕТО
Понеделник, 22 Октомври 2012
Слика
ОГРАНИЧЕН ИЗБОР - ЛОШИ ОДЛУКИ
Понеделник, 12 Март 2012
Слика
ШТО Е ЕМОЦИОНАЛНО НАПУШТАЊЕ?
Четврток, 25 Октомври 2012
Слика
10 НАЈДЕСТРУКТИВНИ ОДНЕСУВАЊА 2 ДЕЛ
Четврток, 17 Февруари 2011

„Повеќето од сликите кои ги имаме за реалноста врз кои го базираме нашето однесување всушност се темелат на посакувани искуства“

Алберт Бандура



КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М? PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 2.67 од можни 5)
прочитано 20817 пати
Четврток, 28 Јули 2011 16:48

Невронаучниците досега документирале илјадници случаи на синестезија – состојбата кога едно сетило предизвикува реакција кај друго сетило.

SYNESTHESIA

Со помош на магнетна резонанца, невронаучниците ја откриваат невронаучната основа на синестезијата преку споредување на мозокот на пациентите со мозокот на здравите луѓе.
Каков вкус има жолтата боја? Која боја е буквата М? Ова се невообичаени прашања, меѓутоа постојат луѓе кои можат да ги спојат сетилата. Оваа појава се нарекува синестезија. Години наназад, синестезијата се сметаше за резултат од преголемата фантазија на луѓето. Меѓутоа, во последната деценија, истражувачите документирале стотици случаи за вакви луѓе кои имаат исклучителна моќ да ги спојат сетилата.

MHG 175 Synesthesia thumb
Цртежот на Даниел Итон е исполнет со светли бои. Меѓутоа, на сите цртежи, броевите и буквите постојано се обоени со една боја специфична за нив. Петнаесет години подоцна, Итон сеуште ги гледа неговите букви со тие бои.
„Ова е исто како да се обидувате да игнорирате некој кој стои пред вас а носи маица со многу живи бои. Тој едноставно привлекува внимание.“ – вели Итон.
Во групата за истражување на појавата на синестезија во Ватерло, Канада, невронаучниците анализираат како овие луѓе го перцепираат светот околу нив. Тие имаат неколку теории за тоа што предизвикува ваква појава, меѓутоа, за ова постои и невролошка основа.
„Мозокот на синестетите е различен,тоа го покажуваат снимките од магнетната резонанца,“ – вели Мајк Диксон, невронаучник на Универзитетот на Ватерло.

Number Form--colored
При едно британско истражување се правеле спореби помеѓу снимките на мозокот кај синестетите и обичните луѓе. Кога еден истражувач почна да зборува за бројките, се активирал предел во мозокот на синестетите кој препознава боја. Кај не-синестетите, мозокот не реагирал на боја.
Диксон вели дека синестезијата воопшто не е штетна. За некои дури има и големи придобивки.
Џејсон Корзенко има временско-просторна синестезија. Него пред очи му излегуваат дати. Тој никогаш не заборава родендени, годишнини и секакви други активности.
„Јас ова го сметам за дарба,“ – вели Корзенко.

070724113711-large
Истражувачите сеуште не можат да ја откријат реткоста на синестезијата. Некои велат дека има околу 2000 луѓе кои го доживеале тоа, а други велат дека се јавува кај еден на 200 луѓе. Повеќето се согласуваат дека синестетите се раѓаат со споени сетила и тоа може да е наследно.
Позадина: Некои луѓе можат “да чувствуваат” бои, а не само да ги гледаат, други пак можат да вкусат, да слушаат или да мирисаат бои. Ова се јавува како резултат на ретка невролошка основа наречена синестезија, каде што доаѓа до мешање на две или повеќе сетила.
Типови на синестезија: Има различни видови на синестезија. На пример, некои ги поврзуваат броевите и буквите со боите. Во нивната перцепција, кога замислуваат боја, пред нив, како на замислен екран се појавуваат броеви или букви со таа боја. Перцепивните синестети поврзуваат вид со звук, а концептуалните синестети реагираат на време.На пример, еден ваков синестет може да ги гледа месеците од годината како лента обвиткана околу телото во 12 различни бои, посебни за секој месец.

uppercase jungle letter mekm545x300ekmПричини за појава на синестезија: Постојат неколку теории за тоа зошто се појавува синестезијата. Една теорија вели дека постои нерегуларна врска помеѓу невроните во мозокот која ги прекршува нормалните граници кои постојат меѓу сетилата. Друга теорија вели дека сите деца кога се раѓаат се синестети и со текот на растењето ги поставуваат тие граници. Сепак, ниту една од теориите не може да се тестира, затоа што сеуште не постои таква технологија за анализирање на мозокот. Исто така, постојат дроги како што е ЛСД кои можат да предизвикаат синестезија кај поединци.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.