RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
КОШМАРИ
Понеделник, 08 Август 2011
Слика
РАПСОДИЈА ВО СИВИЛОТО
Понеделник, 05 Септември 2011
Слика
ШТО Е "НОРМАЛНО"?
Недела, 13 Ноември 2011
Слика
ДИГИТАЛНА ТЕЛЕПАТИЈА
Понеделник, 04 Март 2013
Слика
РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ СО УМ И ТЕЛО
Вторник, 27 Септември 2011
Слика
ПОЛОТ И МОЗОКОТ
Понеделник, 30 Јануари 2012
Слика
СПАНКОВЦИ ИЛИ НЕ?
Четврток, 17 Март 2011

„Се што не иритира кај другите може да не одведе кон подобро разбирање на себеси.“

Карл Густав Јунг



10 ВКУСНИ ЗАНИМЛИВОСТИ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 4356 пати
Четврток, 10 Март 2011 21:45

Еве неколку интересни факти за едно од најважните човекови сетила – вкусот.

вкус

1. Се сеќавате ли на мапата на јазикот од основно училиште? Онаа на која беа покажани рецепторите за сладок вкус на врвот на јазикот, за горчливо во задниот дел и за кисело од страните? Епа, таа е целосно грешна. Таа лажна мапа произлегла од грешен англиски превод на некој германски истражувачки труд. Вистината е дека секој дел од јазикот има чувство за сите вкусови (иако, интензитетот варира по површината на јазикот).

2. Сите ги знаеме вкусовите на слаткото, соленото, киселото и горкото. Има и еден вкус кој малку е познат: умами вкусот од соја сосот, доматите и останатата храна со високо ниво на глутаминат. Јапонски истражувачи открија дека рецепторите за умами вкусот ги има на јазикот меѓутоа, ги има и низ целиот дигестивен тракт. Како и да е, нивната улога во варењето на храната останува мистерија.

мапа на јазикот

3. Испакнатините на вашиот јазик не го регистрираат вкусот. Тие се наречени fungiform papillae – пупки во форма на печурка, и кај секој човек има околу 50 до 100 вакви пупки.

4. Научниците тврдат дека има само неколку рецептори за слатко, кисело, солено и умами. Меѓутоа, има многу поголем број на рецептори за горчливо (околу 25)

5. Нашата чувствителност кон горкиот вкус можеби се развила за да не заштити од отрови. Најголемиот број од токсични соединенија кај растенијата, на пример стрихинот и цијанидот, имаат горчлив вкус.

луто

6. Околу 15 до 25 проценти од целата американска полулација се “супервкусувачи” – имаат поголем број на пупки на јазикот отколку останатите. Супервкусувачите конзумираат горчливи но истовремено и хранливи зеленчуци како што се брокулата и кељот. Линда Бартошук, експерт за вкус на Универзитетот во Флорида открива дека овие групи на луѓе имаат повеќе потенцијални канцерогени полипи на дебелото црево отколку луѓето со помало ниво на пупки за вкус на јазикот.

7. Добриот вкус се препознава од мали нозе. Вкусовите на морковите, лукот и ванилата ги има во мајчиното млеко и амниотичните течности. Јулија Менела од Центарот за хемиски чувства од Филаделфија тврди дека бебињата ја преферираат храната што прв пат ја “вкусиле” уште во утробата.

мајка и бебе

8. Целерот, свинското месо и печурките содржат андростенон, ароматско соединение кое силно влијае врз вкусот. Повеќето од луѓето не можат да ги намирисаат, околу 15 проценти сметаат дека тие имаат вкус на дрво или растение, а останатите мислат дека тие мирисаат на урина.

9. Вкусот за слатки работи и алкохол имаат ист пат кон мозокот. Истражувачите открија дека децата од семејство кадешто некој член бил алкохоличар, преферираат слатки работи. Ендоканабиноидот – супстанција која ја има во активната состојка на марихуаната, ја зголемува потребата за слатко.

сладолед

10. Чудесното овошје (Synsepalum dulcidicum), со потекло од западна Африка, содржи гликопротеин наречен миракулин што ги сврзува рецепторите за вкус на јазикот и киселата храна ја претвора во слатка. Постојат и таблети наречени “претворачи на вкусот” – содржат миракулин и ја прават храната што е кисела како лимон да е вкусна како слатка пита со лимон.

лимон

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.