RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
7 ФРАЗИ КОИ ЈА УНИШТУВААТ СРЕЌАТА
Сабота, 22 Октомври 2011
Слика
СОНОВИ КОИ СЕ ПОВТОРУВААТ
Понеделник, 18 Јули 2011
Слика
ПОТЕКЛОТО НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА
Среда, 05 Декември 2012
Слика
КАКО ЗАБОРАВАМЕ?
Понеделник, 18 Април 2011
Слика
ПОЦРВЕНЕТЕ И ЌЕ ВИ ПРОСТАТ
Среда, 31 Август 2011
Слика
ДАЛИ САКАТЕ ВАНИЛА СЕКС?
Среда, 18 Јануари 2012
Слика
МЕ ПАЛАТ ТВОИТЕ ТОЧКИ
Вторник, 04 Јануари 2011

„После занимавање со психологија речиси пола век, мојата страст за неа е поголема од било кога“

Филип Зимбардо



ТЕХНИКИ КОИ СЕ КОРИСТАТ ВО СПОРТСКАТА ПСИХОЛОГИЈА PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 13789 пати
Петок, 09 Декември 2011 00:47

Заедно со тренингот, психичката подготовка е исто толку потребна за давање на максимум во било кој спорт. Тука ќе разгледаме некои од техниките на спортската психологија, кои даваат значаен придонес во мотивацијата за победа.

шампиони

Победувањето во секој спорт не е резултат само на физичката издржливост на спортистот туку во голема мера и на психолошката способност да ја насочува енергијата кон постигнување на целта. Умот е побрз, поостар и посилен од телото. Сите се согласуваме со тоа. Овој факт во целост доаѓа до израз во спортовите, бидејќи физичката сила и храброст се под контрола на емоционалните и психичките акорди на спортистот. Повеќето тренери експерти сега ги вклучуваат и техниките на спортската психологија како неопходен дел на учењето и развојот, заедно со физичкиот тренинг.

Жозе Мурињо дава инструкции

Како што знаеме во секоја област на спортот е потребен тренинг за да се завладее со спортот, а ова започнува со физичка подготовка на спортистот. Но, исто толку важно е да се тренира и умот на таков начин што ќе ги оптимизира најдобрите вештини на спортистот и посредно ќе ги зголеми и неговите физички капацитети.

Зошто спортската психологија е толку важна

Да се игра пред тренерот и тимот е сосема поинаку отколку да се игра на терен против натпреварувачите од спротивниот тим и пред илјадници гледачи. Тензијата кај спортистот расте како што се приближува моментот на игра. Стресот и притисокот се манифестираат со ладна пот, како и пораст на стравот. Додека се случува ова важен е фокусот и градењето на самодоверба. Не оставајќи ја целта да се замагли и извлекувајќи го најдоброто од вештините и капацитетите е она што е потребно во тензичните моменти. Спортската психологија е всушност студија на сите овие аспекти на спортистот и примена на техники кои помагаат да се елиминираат негативниот став и однесување. Поинаку кажано, она што го прави спортската психологија за спортистот е да му помага да се фокусира, да изгради позитивност и сила и развива стратегии за победа во натпреварот дури и во најтешките нивоа на играта.

фудбалери јога

Техники во спортската психологија и бенефициите од нив

Ова се столбовите и темелите на многу други техники и аспекти кои се развиваат и користат. Да ги разгледаме следните:

  • Релаксација и активација

Релаксацијата е простор кој спортистот му го препушта на телото и умот, за да ги регенерира и излечи сите напрегнати мускули за време на стресот. Ова помага и за да се создаде состојба на максимална моќ на фокусирање и извршување на спортската имагинација и визуелизација. Релаксацијата ќеја создаде токму вистинската количина на возбуда и нервоза која е потребна за натпреварот, во случаи на превозбуден, нервозен спортист. Разбирањето на состојбата на спортистот за оваа техника е многу важно.

масажа

  • Фокус и концентрација

Релаксацијата создава услови во телото и умот кои овозможуваат максимален фокус и концентрација. Фокусот е многу важен. Како што на теренот, бројните внатрешни и надворешни дистракции како коментари, тренер, публика, притисок за победа, временски услови, можни падови, ниска енергија, изведувачка анксиозност и негативност може да го спречат спортистот да го даде својот максимум. За да помогнат, многу тренери инсистираат на зголемен фокус преку поставување на краткорочни цели кои конечно ќе доведат до исполнување на долгорочната цел. Според експерите фокусот треба да биде поставен врз реалистични, тешки, но возможни цели.

каспаров

  • Имагинација и визуелизација

Визуелизацијата или замислувањето на спортска пожртвуваност е еден начин како да се поттикне самодовербата. Имагинацијата е способност да се создаде жива сцена во мозокот и свест за стратегиите, фер играта и максимална позитивна енергија. Кога еднаш ова се создава во мозокот, додека е на теренот на вистински натпревар, умот може лесно да ги интерпретира како слични сцени, подобрувајќи ја менталната изведба во текот на играта. Ова е како умствено повикување на физичките сили, вештини и капацитети на спортистот. Јасната визуелизација на целта е поддршка која му овозможува на спортистот да биде сигурен дека оптимално ја користи својата енергија.

кошаркар во скок

  • Проток

Како што дефинира зборот, тоа е непрекинат и лесен происход. Во овој случај тоа може да биде поврзано со природното извршување на стратегиите и играта со балансиран ум. Ова внатрешно чувство на енергичност, фокусираност, острина и подготвеност за справување со непланираните настани за време на спортот е тоа што го дефинира протокот. Во таков случај спортистот не треба да направи напор за да го одржи фокусот и концентрацијата. Протокот е можен кога спортистот е потполно внесен во играта и тоа се овозможува со постигнување на релаксација, визуелизација и фокус.

ментален проток

Постојат многу вежби кои овозможуваат постигнување на гореспоменатите техники во спортската психологија. Постојат многу фази кои ги следат овие техники. Уште од подготовката пред натпреварот се до, па и на теренот. Во спортската психологија овие принципи се прво добро објаснуваат, а потоа се практикуваат, а потоа конечно се извршуваат за време на натпреварот. Многу други фактори исто така придонесуваат за севкупна успешност на целата постапка . Секој спротист има свој начин кој овозможува добро функционирање на овие техники.

Секој спортист е различен и тоа во секој натпревар. Личната имплементација на овие техники според барањата ги дава максималните резултати. После се, тоа е игра, победиле или изгубиле, важно е дека спортистот да го даде најдоброто од себе и тоа да го прави со вистински дух и пожртвуваност.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.