RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЛЕКОВИТИ ПРИЈАТЕЛИ
Петок, 08 Април 2011
Слика
ГЕНЕТСКИ ПРОМИСКУИТЕТ
Понеделник, 11 Април 2011
Слика
ПСИХОТЕРАПИЈА ПРЕКУ СКАЈП
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
ПЕТТЕ МЕНТОРИ НА ФРОЈД
Среда, 01 Февруари 2012
Слика
КОЛКУ ПОСТАРИ, ТОЛКУ ПОСЕКСУАЛНИ
Вторник, 18 Октомври 2011
Слика
ИСТОЧНИ И ЗАПАДНИ ЕМОЦИИ
Среда, 03 Ноември 2010
Слика
СЛИКИ АНАЛГЕТИЦИ
Среда, 09 Март 2011
Слика
МИТОВИ ЗА ЧОВЕЧКИОТ МОЗОК
Сабота, 22 Октомври 2011

Разумот е како некоја јавна тајна која може да стане позната на секого во секое време; тоа е она тивко место каде што секој може да влезе преку својата мисла.

Карл Јасперс



ПСИХОАНАЛИЗА ЗА СПОРТИСТИ PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 11622 пати
Вторник, 08 Ноември 2011 18:59

Голем дел од литературата за врската помеѓу анксиозноста и перформансата доаѓа од когнитивно-бихејвиорална перспектива...

анксиозен спортистОвој труд ја истражува врската помеѓу двата конструкти од психодинамичка перспектива.
Од прегледот на литературата јасно е дека најпопуларната концептуална парадигма во спортската психологија е когнитивно-бихејвиоралната. Стандардните интервенции на спортската психологија вклучуваат релаксационен тренинг, длабоко дишење, визуелизација, имагинативни слики, психичка пракса, само-разговори и поставување на цели. Спортската психологија има корени во академските кругови кои традиционално биле бихејвиорално ориентирани. Сепак, доколку некој работи постојано на полето на спортска психологија, станува јасно дека когнитивно-бихејвиоралните техники ќе ве донесат само дотаму. Овие методи имаа тешкотии со прашањата како отпорот кај спортистите и посуптилните ефекти како срамот, засрамувањето и вината кога победуваат.

испашен спортист
Бидејќи симптомите на анксиозноста се поврзани со несвесните конфликти се психоаналитички поими. И мотивацијата за натпреварување во спортовите и конфликтите за победа се во голема мера несвесни и, поради тоа, когнитивно-бихејвиоралните интервенции може малку да придонесат при студирањето на овие области. Под поимот на општа анксиозност спаѓаат симптомите на мускулна болка, треперење, немир, замор, тахикардија, потење, гушење, вртоглавица, гадење и повраќање, стоење на работа, исплашени одговори, празен ум, слаб сон и иритабилност. Фреквентноста на анксиозните растројства, едноставните фобии, опсесивно-компулсивните пореметувања и пост-трауматските стрес пореметувања се чести во општата популација, како и кај спортистите.

преглед на спортист
Овие симптоми им се познати на многу спортисти. Не е невообичаено да слушнете за несоница, повраќање, нервоза и немир пред натпреварите. Интензитетот на анксиозноста кој е почувствуван пред и за време на спортовите е толку грчевит, непосреден и неоспособувачки што индивидуата се чувствува приморана да обезбеди брзо олеснување за овие анксиозни спортисти. Потребата да се понуди брзо решение за испаничените спортисти е толку продорна што може да се смета како причина за компулсивната употреба на бихејвиоралните техники дури и тогаш кога тие се непотребни или неефективни. За психолозите кои постојано и подолг период работат со спортисти брзо сфаќаат дека овие брзи решенија често воопшто не се решенија и траат кратко.

несигурен спортист

Победување и сепарациона анксиозност: пристап на објективни односи

Срамот и засраменоста се константни закани во спортот бидејќи натпреварот обично се одигрува пред публика. Габард (1997) пишуваше за анскиозноста од изведба и срамот од перспектива на објективни односи. Тој укажува дека срамот е нарцистичко пореметување кој влијае на многумина кои изведуваат пред публика. Успехот или победувањето кај спортистот може да предизвикаат чувство на анксиозност или срам кои може да ја инхибираат перформансата. Конфликтите кои ги носи победата, губиток и сепарација, потекнуваат од детството кога на детето му е дадена порака да стои блиску до мајката и никогаш да не ја напушта. Сепарационата анксиозност предизвикани од победувањето или заканата од победување е претерано честа.

опуштен спортист
Изведбата пред публика овозможува голема егзибиционистичка возбуда. Ова може да доведе до чувство на срам бидејќи индивидуата му се препушта на табу. Јас имав пациентка која беше екстремно атрактивна тенисерка. Колку подобра стануваше, толку посилно беше чувството на страв кое го развиваше. Со секое подобрување доаѓаше и зголемување на бројот на луѓе кои ја гледаа на натпреварите. Таа започна да доживува напади на паника пред публиката. Анализите открија дека за време на детството од неа се очекуваше да се изложи себеси пред родителите и нивните пријатели покажувајќи го своето тело. Ова искуство беше возбудливо за неа, но истовремено предизвикуваше и срам. Ова рано искуство на латентна возраст лежеше заспано и потиснато се додека не започна да постигнува толкава слава на тениските терени која предизвика да ја почувствува истата доза на срам кога е гледана. Ласкањето беше потсетник на овие доживувања од детството и предизвика чувство дека оваа публика го знае нејзиното минато злоупотребување.

анксиозност
Страв од успех
Некои спортисти носат страв од успех бидејќи тоа значи дека тие се супериорни во однос на другите. Суперирноста, за некои, значи алчност и себичност. Сите ние го забележуваме ова богато прикажано од некои професионални спортисти. Стравот од успех особено го чувствуваат женските спортисти, оние кои додека растеле сметале дека агресијата е лоша. За многу деца растени во религиозна средина, победувањето означува себично стремење кое се смета за грев. Повремено, децата растени во пониска класа кои подоцна стануваат ѕвезди со голема слава и богатство имаат чувство на страв дека ги запоставуваат своите семејства. Ова објаснува зошто толку често слушаме дека вистинската желба на спортистите е со парите кои ги заработуваат да им купат дом на своите мајки.

спортист под стрес
Себепсихологија и спортот
Себепсихологијата се појави во последните неколку декади како алтернатива за класичната инстинктивна психоаналитичка теорија. Кохут (1977) го премести фокусот на психоаналитички интерес од сексуалните и агресивни нагони на концептот на self-от. Смирувачкото чувство на самодоверба кое се развива во детството се смета деака им овозможува на возрасните да се справуваат со притисокот својствен за спортот. Спротивно на тоа, растроеното self ќе се распадне под екстремен притисок.
Многу често се забележува како спортистите со ниска слика за себе се препуштаат на бесот или очајот при првиот знак на потешкотии.
Распаднатиот или ослабениот систем на self-от може да даде знаци на повремена состојба на психоза кога е под силен притисок за време на натпреварот. Верувам дека заканата за фрагментација на нашето Јас е причина зошто толку спортисти имаат една врвна перформанса и никогаш повеќе не го достигнуваат тоа ниво. Можеби споменот на притисокот и како тој се закануваше на интегритетот на егото се чувствува како да е толку опасен што овие спортисти наоѓаат начин да го избегнат во иднина преку повлекување од врвот.

испотена спортистка
Искуството да се биде ‘поплавен’ од афектот додека личноста се бори за првото место на спортски настан може да се објасни со кенцептот на self-от и неговиот колапс. Колапсот на границите на егото кога е под притисок создава дезорганизација во мислењето и нешто што наликува на гушење. Многу спортисти несвесно го одбираат ефектот на понижување и депресија пред ефектот на гушење. Како резултат на тоа, грешките и промашените удари добиваат ново значење во ова светло. Се што ги држи настрана од притисокот е одбранбен маневар кој се користи за да се отстрани self-от од притисокот. Многу од нив велат дека се обидуваат да “уживаат” додека се под притисок за да ја инхибираат оваа надмоќна емоција која продуцира психоза.

болка во врат

Фројд и спортистот: Инстинктивната теорија и спортот
Доколку работите со спортисти брзо сфаќате за колку многу агресија се способни. Инхибицијата на агресијата се јавува како резултат на траума, обука за справување со агресијата или поради тешкотиите за време на едиповата фаза од психосексуалниот развој. Фројд укажува дека против агресијата обично се браниме такашто ја претвораме во нејзината спротивност (пасивност), насочувајќи ја против себе (самопоразување или депресија) или сублимирајќи преку спортот. Конфликтите со агресија секогаш водат до пораз.
Хорнер (1981) ја истражуваше женската инхибиција на агресијата. Жените често сметаат дека агресијата не е женствена, дека не им личи на жените и се соочуваат со конфликтот на победување наспроти тоа да бидат перцепирани “нефеминистички.” Овој конфликт има влијание врз перформансите и води до дискусија за секундарна придобивка пред губењето.

паника

Овој краток преглед на психоаналитичкиот пристап кон анксиозноста кај спортистите треба да укаже на потенцијалот кој психоанализата го има за да овозможи поширок увид и интервенции за анксиозните спортисти. Психоанализата овозможува долготрајна врска со спортистот што му или и овозможува простор за истражување на многуте области на пореметување од кое тие страдаат. Пострауматизираноста како резултат на повреда или засрамувачки пораз е многу честа и може да се отстрани само на бавен и внимателен начин. Често, проблемите кои овие спортисти ги имаат се длабоко вкоренети и остануваат недопрени од вообичаената когнитивно-бихејвиорална работа. Надежта за брзо опоравување кое често го ветуваат когнитивно-бихејвиоралните интервенции обично води до разочарување. Спортистите кои страдаат од нарцистички личности, ниска слика за себе, инхибиција на агресијата, вина, срам или сепарациона анксиозност обично имаат потреба од сериозна и деликатна психотерапија која може да ја овозможи психоанализата. Овие конфликти може да продуцираат самопораз бидејќи динамиките се несвесни. Терапевтот кој планира кариера во спортската психологија мора да е советуван да размисли за психоаналитичка обука.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.