RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

„Чудовиштето кое најмногу го познава и од кое најмногу се плаши едно дете е чудовиштето кое чувствува дека самото е или се плаши дека може да биде“

Бруно Бетелхајм



ЖЕЖОК ТРЕНИНГ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 3594 пати
Четврток, 10 Февруари 2011 23:42

Затоплувањето е најдобрата работа за спортистите кои се натпреваруваат на ладно време, според нова студија на истражувачите од Универзитетот во Орегон.

спортист

Оваа студија, објавена во The Journal of Applied Physiology, ги испитуваше влијанието на прилагодување на топлина врз подобрувањето на атлетските перформанси во топли и студени средини.

Истражувачите спроведоа тестови со вежби врз 12 високо тренирани велосипедисти - 10 машки и 2 женски - пред и по 10 дневна програма за аклиматизација на топло. Учесниците поминаа низ психолошки и тестови на перформанса при топли и студени услови. Одделна контролна група од 8 високо тренирани велосипедисти беше третирана со исти тестови и режим на вежби, но во студени услови.

Од добиените податоци се заклучи дека изложеноста на топлинска аклиматизација овозможи значајни ергогенични придобивки при ладни услови, покрај очекуваните бенефиции во перформансите при топла средина. Оваа студија е прва која го проценува влијанието на топлинската аклиматизација врз аеробните перформанси во ладни услови.

спортистка

“Нашите наоди може да имаат значително влијание во натпреварувачкиот свет на спортот,” вели Сантиаго Лоренцо, истражувач кој го изработи овој труд како дел од неговата дизертација на Универзитетот во Орегон. Сега ја комплетира својата пост-докторска обука на Институтот за вежбање и еколошка медицина (на Медицинскиот центар во Универзитетот од Тексас) во болницата во Далас.

Истражувањето откри зголемување на перформансите во просек од 7 проценти после изложувањето на топлинска аклиматизација. “Со велосипедски поими, 7 проценти е навистина големо зголемување и може да значи дека велосипедистите може да го користат овој приод за да ги подобрат своите перформанси во студени временски услови,” вели Лоренцо. Сепак, изложеноста на топлина треба да биде дел од нормалниот режим на тренинг на атлетите. Аклиматизацијата на топлина ја подобрува способноста на телото да ја контролира телесната температура, го интензивира потењето и крвотокот, го зголемува и волуменот на крвта што му овозможува на срцето да испумпува повеќе крв во мускулите, органите и кожата.

крвен притисок

Друг приод кој ја користи средината за подобрување на перформансите е “живеј високо/тренирај ниско” режимот, што значи престојување на големи височини, а тренирање на ниски. Многу атлети низ светот го користат овој приод. Според Лоренцо, “аклиматизацијата на топлина е попрактична, полесна за употреба и може да придонесе до поробусни психолошки адаптации.”

Студијата беше спроведена во лабараторијата за физиологија на животната средина - Евонук во одредот за хуманистичка физиологија на Универзитетот во Орегон. Климатската комора беше наместена на 38 степени Целзиусови (100 Фаренхајтови) за тестирање во топлина и 13 степени Целзиусови (55 Фаренхајтови) за ладни услови со постојана влажност (30 проценти релативна влажност) за тестовните вежби на велосипедистите.

велосипедист

Според Кристофер Минсон, ко-директор на Евонук лабараторијата, раководител на одделот за хуманистичка физиологија на Универзитетот и ко-автор на студијата, истражувачите исто така дојдоа до заклучок дека топлината може да продуцира промени во мускулите кои се вежбаат, вклучувајќи и ензимски промени кои може да ја подобрат вкупната работа на мускулот, но смета дека идните истражувња треба да го испитаат тоа подлабоко.

“Следниот чекор е откривање дали топлинската аклиматизација ги подобрува перформансите во компетитивни или реални околности,” вели Минсон.

Исто така, тој ги истакнува можните импликации за луѓето со кардиолошки или други ограничувања, како парализа кои не ги дозволуваат целосно кардиоваскуларните придобивки од вежбата. Ако биде додадена топлина, “замисливо е дека ќе добијат поголеми кардиоваскуларни бенефиции од осаменот вежбање во ладна средина. Ова се интересни прашања кои заслужуваат понатамошно истражување.”

одбојка

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.