RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
"ПРОЧИТАЈТЕ" ГИ ТУЃИТЕ МИСЛИ
Четврток, 27 Октомври 2011
Слика
ПАРИТЕ ВЛИЈААТ ВРЗ БРАКОТ
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
5 ПРАШАЊА ЗА ПРЕД РАЗВОД
Среда, 02 Ноември 2011
Слика
СРЕЌА ИЛИ ТАГА?
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
РАМ МЕМОРИЈАТА ВО НАШИОТ МОЗОК
Четврток, 13 Октомври 2011
Слика
БРЗА МУЗИКА = БРЗО ВОЗЕЊЕ
Среда, 05 Октомври 2011

Каде и да одам, гледам дека некој поет бил таму пред мене.

Зигмунд Фројд



ПСИХОЛОШКИТЕ ТЕСТОВИ ПРЕДВИДУВААТ ФУДБАЛСКИ ЅВЕЗДИ PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 6124 пати
Среда, 18 Април 2012 22:22

Научниците веруваат дека ги откриле тајните на психологијата што стои зад „интелигенцијата во играта" на елитните фудбалери.

фудбалери

Преку мерење на егзекутивните функции на играчите - когнитивните способности потребни за справување со ненадејни проблеми - истражувачите од Институтот Каролинска од Шведска сметаат дека можат да предвидат колку еден фудбалски играч ќе може да биде добар во иднина.

млади фудбалери

Добро е познато дека физичката способност и чувството за топка не се доволни за да се стане фудбалска ѕвезда. Интелигенцијата во играта - способноста да се „прочита" играта, да се биде на вистинско место во вистинско време, и неочекувано да се постигнуваат голови - честопати се нарекува „магична" способност во фудбалот, нешто што е речиси невозможно да се измери.

Меси

Како и да е, интелигенцијата во играта не е толку магична, велат научниците на Каролинска Институтот, и може да се разбере од научна перспектива. Наместо тоа, потребни и се силни егзекутивни функции - способноста да се биде спонтано креативен, да се гледаат нови решенија за проблемите, брзо да се менува тактиката и да се анализира претходното однесување кое не работело.

Роналдо

„Нашите мозоци имаат специфични системи кои ги процесираат информациите токму на таков начин, и ние развивме проверени методи во рамки на когнитивните истражувања за да измериме колку добро егзекутивните функции работат кај одредена индивидуа" - изјави Др. Предраг Петровиќ од Одделот за Клиничка Невронаука.

Кака

Петровиќ и неговиот тим тестирале одредени егзекутивни функции кај 57 елитни фудбалски играчи од првата Шведска лига (Алсвенскан) и од втората лига Дивизија 1.

Научниците пронашле дека фудбалерите од двете лиги имале многу подобри перформанси на тестовите за егзекутивните функции во споредба со општата популација.

Тие исто така откриле дека играчите во Алсвенскан постигнале многу повисоки резултати отколку играчите во Дивизија 1.

Бекам

Истражувачите потоа ги споредиле овие резултати со перформансите на играчите на теренот. Следеле повеќе фудбалери неколку години и воделе евиденција за нивните постигнувања како број на голови и асистенции за секој играч.

На овој начин секој од играчите добивал поени поврзани со перформансите на теренот.

Јасна асоцијација се појавила помеѓу резултатите од тестовите на егзекутивните функции и бројот на поени што ги добиле играчите на теренот (со прилагодување за останатите фактори како на пример позиција во тимот и возраст).

Тери

„Можеме да замислиме ситуација во која когнитивните тестови од овој тип стануваат алатка за развивање на нови, успешни фудбалери. Потребно е да испитаме дали исто така е можно да се подобрат егзекутивните функции преку тренинг, така што ова подобрување би се изразило на теренот. Но, најверојатно постои наследна компонента и компонента која може да се подобрува преку тренинг." - изјави Торбјорн Вестберг, психолог и член на групата истражувачи кои ја направиле оваа студија.

 фудбал во мозок

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.