RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЦРВЕНОТО Е СЕКСИ
Четврток, 27 Јануари 2011
Слика
ДЛАБОК МАШКИ ГЛАС ЗА МЕМОРИЈА
Понеделник, 21 Ноември 2011
Слика
НЕВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА
Понеделник, 21 Март 2011
Слика
БОГАТИТЕ СЛЕПИ ЗА ЕМОЦИИ
Понеделник, 03 Јануари 2011
Слика
НАЈДЕПРИМИРАЧКИ ПРОФЕСИИ
Вторник, 27 Декември 2011
Слика
ОБРАТНА ПСИХОЛОГИЈА
Среда, 10 Август 2011
Слика
ADHD КАЈ ВОЗРАСНИТЕ
Вторник, 13 Декември 2011
Слика
ГЛАВАТА ГОРЕ Smile
Среда, 08 Декември 2010
Слика
3 ТАЈНИ НА ПОРНО МОЗОЦИТЕ
Четврток, 03 Ноември 2011

Единствените нормални луѓе се оние кои што не сте ги запознале добро.

Алфред Адлер



СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 25572 пати
Вторник, 31 Јануари 2012 13:38

Љубовта е сложена работа, си има многу страни и понекогаш се однесува како посебен ентитет иако е однос меѓу двајца луѓе.

бескрајна љубов под месечина

Љубовта може да го предизвика најдоброто но и најлошото кај човекот. Која страна ќе преовлада, зависи од тоа кој начин е најдобар за заштита на врската, велат истражувачите кои ја проучуваат еволуцијата на романтичната љубов.

добра и лоша љубов

„Љубовта не е само сексуална желба, ниту пак е уникатна емоција, туку повеќе е состојба на мотивациски нагон, " - вели Артур Арон од Државниот Универзитет на Њујорк. До овој заклучок дошол преку проучувања кои вклучуваат употреба на функционална MRI за скенирање на мозокот со цел да ја разбере љубовта. Во своето ново истражување тој фрла светлина врз улогата на романтичната љубов во оформувањето, развојот и одржувањето на една блиска врска.

двојка во љубов

Темната страна на љубовта

„Од еволутивна гледна точка, љубовта ги спојува партнерите на подолг рок и се асоцира со цело богатство на позитивни процеси во една врска." – вели Џон Манер од Државниот Универзитет од Флорида. Па сепак, љубовта може исто така и да предизвика проблеми. „Колку повеќе љубов едниот партнер чувствува за другиот, толку повеќе може да изгуби ако врската се прекине. Се работи за заштита на сопствената врска." – објаснува Манер.

срце во љубов

Манеровиот истражувачки тим си поставил задача да истражи колку љубовта може да ги сензитивизира луѓето доколку нивната врска е во опасност. Во три експерименти кои вклучиле 130 луѓе, сите во долготрајни врски, истражувачите ја тестирале осетливоста на луѓето во однос на некој атрактивен соперник или соперничка.

Љубомора

Во еден од експериментите тие им дале можност да ги „удрат" соперниците со доза (која не можела да предизвика повреда) на бел шум. Во друг, имале можност да ги разгледуваат нивните профили во еден сервис за барање партнери и да ги исмеваат.

бел шум

За да ги споредат чувствата на романтична љубов спроти сексуалната привлечност, истражувачите ги подготвиле некои од испитаниците претходно, задавајќи им задача да напишат есеј за времето кога имале најсилно чувство на љубов кон својот партнер, а други ги натерале да напишат неутрални есеи или пак да напишат есеи во кои го опишуваат времето кога чувствувале силна сексуална привлечност кој нивните партнери.

есеј со срце

Во секој од експериментите, истражувачите утврдиле дека оние кои биле претходно припремени со чувства на љубов за својот партнер се однесувале многу поагресивно кон соперниците. „Ова особено беше потенцирано кај оние луѓе кои се хронично љубоморни и се загрижени за неверноста" - раскажува Манер.

добар и лош ангел

„Доживувањето на силни чувства на љубов кон својот партнер предизвикало состојба на будност за потенцијално неверство и ги навело да се однесуваат многу поагресивно кон соперниците" – вели Манер. „Така, иако љубовта има важна функција во врската – и во таа смисла е „најпрекрасната работа" – исто така може да има и своја мрачна страна."

срце во оган

„Економската" страна на љубовта

Една друга студија која ја разгледувала љубовта од еволутивна перспективна, дошла до сознание дека дури и тоа кога партнерот ќе одлучи да рече „Те сакам" зависи од своевидна анализа добивка-загуба во однос на врската и како е најдобро за да ја заштити.

љубовна размена

Џош Акерман од МИТ и неговите колеги направиле шест студии во кои откриле дека иако обично луѓето сметаат дека жените се тие кои први признаваат љубов и се пресреќни ако им биде возвратено, всушност мажите се оние кои први ја признаваат љубовта и се чувствуваат посреќни ако им се возврати. Тие исто така дошле до сознание дека мажите биле посреќни ако го чујат тоа „Те сакам" пред двојката да има сексуален однос, а жените пак, се посреќни ако ваквата изјава дојде после сексот.

љубовни допири

„Овие студии покажуваат дека нашите интуиции не се секогаш точни" – вели Акерман. „Кога и зошто изјавуваме романтична љубов е работа водена од длабоки мотиви кои најдобро се разбираат ставени во своевидна економска рамка. Љубовните изјави се слични на економски ресурси кои луѓето ги употребуваат како роба во преговарањето на своите романтични интереси."

љубовта роба

Здравствената страна на љубовта

Истражувачите пронашле дека љубовта може да игра клучна улога во здравјето на долготрајната врска како и на самата двојка. Лиза Дајмонд од Јута Универзитетот ги проучувала повеќекратните нивоа на кои индивидуите вклучени во романтична врска си влијаат еден со друг врз расположението и физичкото функционирање.

љубовта лечи

Истражувачкиот тим на Дајмонд проучувал 34 двојки кои кохабитирале и го следел нивното здравје во периодот пред, за време, и по 4-7 дневна одделеност. Следењето вклучувало тестирања на плунката на двојките за кортизол, хормон кој е вообичаен за стресот. Физичката одделеност го зголемила нивото на кортизол и влијаела негативно врз спиењето и нивоата на позитивна интеракција.

одсјај во прозорец

„За време на одделеноста, само долгите телефонски разговори претставувале „валиден" контакт. Наодите може да придонесат за подобро разбирање на процесите преку кои долготрајните романтични врски се покажуваат добри за нашето здравје."

љубов на далечина

Очигледно, љубовта сфатена како посебен ентитет, може да биде насилник, економист и исцелител. Имајќи ја предвид нејзината комплексност, не е ни чудо што имаме потешкотии да ја разбереме. Сигурна е една работа, кога ја чувствуваме, таа е нешто многу силно во нас.

што е љубовта

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.