RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Несреќата најдобро се дефинира како разлика помеѓу нашите таленти и нашите очекувања.

Едвард де Боно



ПСИХОЛОГИЈА НА АЛТРУИЗМОТ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 9292 пати
Вторник, 20 Декември 2011 09:49

Без разлика дали го практикувате христијанството, Божиќ може да биде силен повик за акција и катализатор за промена.

божиќни подароци

Иако, јадрото на овој празик за христијаните е раѓањето на Христос, Божиќ е и универзален период за помагање на другите, меѓусебно поврзување, подобрување на себеси и отелотворување на мирот, кои сите ние го празнуваме.

На Божиќ, христијаните ги удвојуваат обидите да им го пружат на другите тоа што им треба, донирајќи храна, облека и играчки. Третирањето на другите првенствено на начин на кој ние сакаме да бидеме третирани, но златното правило е и рбетот на речиси сите други религиозни учења и социјални структури. Дали даваме затоа што ни е така речено? Бидејќи чувствуваме грижа за нашата добросостојба? Можеби се надеваме дека еден ден некој ќе ни даде нас? Или даваме затоа што "духот не тера" да го правиме тоа?

раце

Одредени фактори може да ја зголемат веројатноста да дејствуваме во име на другите, Доколку индивидуата се соочува со можност за алтруизам, тој или таа има поголема веројатност да помага кога дејствува сам/а отколку кога тој или таа е дел од група. Во 1987 година Исен, Даубман и Новицки открија дека луѓето имаат најголема веројатност да помагаат кога имаат позитивно расположение, особено ако "доброто" дејствување не го уништува расположението. Другите студии покажаа дека доколку веруваме дека личноста на која и помагаме нема удел во својата неприлика, веројатноста да и помогнеме е поголема.

птица и глушец прегрнати

Мотивацијата и континуитетот на алтруизмот се вкоренети во психолошките и физиолошките одговори за помагање на другите. Кога им помагаме на другите ние соопштуваме покачувања во позитивните емоции. Нашите субјективни искуства на овие емоции го редуцираат стресот, го покачуваат имунитетот и ја зголемуваат нашата долговечност. Во одделни студии, објавено од професорот по биоетика д-р Стивен Пост, научниците открија дека нивото на антитела веднаш се зголемило и така се одржувало после љубезните дејства или ангажирањето во нив.

раце помош

Внатрешните физиолошки фунцкии на алтруизмот може да започнат со тоа што д-р Стивен Пост го нарекува сочувство - алтруизам, оска која се активира за време на емоционалната експресија на емпатија и сочувство поврзано со актот на давање, особено за време на директните интеракции со другите. Во прилог на тоа, хормонот окситоцин, поврзан со активностите на поврзување меѓу мајката и детето и романтичните партнери, исто се ослободува кај оние кои се љубезни према другите. Ослободување на окситоцин не е поврзано само со олеснувањето на нечиј стрес преку нашето алтруистично однесување, туку може да го намали и нашиот стрес.

давање пари

Нашето однесување за враќање на услугата може исто да биде поврзано со патеките на задоволство во мозокот, кои ослободуваат допамин и ендорфини. Истражувачите го истражуваа извештајот за еуфоричните чувства кои оние кои даваат често ги доживуваат кога фунцкионираат за доброто на друг. Ова ослободување не само што не прави да се чувствуваме подобро бидејќи веднаш го редуцира стресот, туку може да ја засили нашата желба да бидеме повторно "наградени" и поради тоа да ја зголеме нашата љубезност во иднина. Доколку заради давањето на сендвич на пријател се чувствувавме добро вчера, читањето на нашиот помал брат денес веројатно ќе не направи да се чувствуваме исто толку добро.

шимпанзо мало и жена

Кога доживуваме сочувство и емпатија тие емоции се вкоренети во невролошки одговори, но повикот за акција е исто така дел од ова искуство. Неуролошкиот истражувач д-р Ричард Дејвидсон ги испитуваше МРИ скеновите на Будистичките свештеници кои медитираа за сочувство. Нивите скенови открија дека областите во мозокот поврзани со планирањето на акција беа активирани. Кога сме соочени со ситуација која бара наша помош, нашиот мозок не само што доживува сочувство туку и желба за дејствување на тоа сочувство. Ние сме буквално присилени на акција од нашиот мозок.

алтруистичка порака

Во овој период од годината, ќе бидеме бомбардирани со физичко напрегање, финансиски притисок, семејна драма и личен стрес, но во срцевината на оваа непотребна напнатост е тивкиот и мирен повик за помагање на оние на кои им е потребно. Таму ќе пронајдете потполно исполнување и стимулацијата за која се жедни вашите неврони.

 давање цвеќе

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.