RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
АСТРАЛНА ПРОЕКЦИЈА
Среда, 09 Февруари 2011
Слика
ТЕРАПИЈА СО ЗБОРУВАЊЕ
Четврток, 03 Март 2011
Слика
ПОСТОЈАНО ДОКАЖУВАЊЕ НА МАШКОСТА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
ЧУВСТВИТЕЛНИ МОМЦИ
Вторник, 11 Јануари 2011
Слика
ДАЛИ ПИШУВАЊЕТО БЛОГ УСРЕЌУВА?
Вторник, 08 Ноември 2011
Слика
ЖИВОТ ИЛИ СМРТ
Четврток, 15 Декември 2011

„Токму она што го знаеме е тоа што не спречува да научиме нешто“

Клод Бернард



ЕМОЦИИ БЕЗ ЈАЗИК PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 7373 пати
Четврток, 10 Ноември 2011 00:00

Дали тоа што ги разбираме емоциите зависи од јазикот кој го зборуваме, или пак нашата перцепција е иста, без разлика за кој јазик и култура станува збор?...

човечки емоции

Според едно ново истражување, не ни се потребни зборови за емоциите за да можеме да ги разбереме. Истражувањето дава нови докази дека перцепцијата на сигналите за емоции не се водат од јазикот - емоциите се составени од шема на биолошки еволуирани механизми.
Во истражувањето беше направена споредба меѓу говорители на германски јазик и јазикот на маите во Мексико. Кај маите, нема збор за емоцијата „гадење“, објаснува коавторот Оливер Легвин, антрополог од Мексико. Кога на овие луѓе им биле покажани фотографии со луѓе кои покажуваат емоции, тие искористиле ист збор за да именуваат гадење и лутина. Оние кои зборувале германски, пак, искористиле соодветни зборови за двете емоции. Ова покажа дека двата јазика се разликуваат во однос на зборовите кои ги имаат говорителите за овие емоции.

позитивни емоции

Измешани емоции

Испитаниците од двете јазични групи направија вежба која вклучуваше фотографии од луѓе со измешани емоции. Фотографиите беа дигитално обработени за да има контрола врз измешаните емоции на лицара со тоа што двете фоторгафии кои им биле покажувани секогаш биле со луѓе со сосема различни емоции. На учесниците им биле покажани фотографии со лице со измешани емоции, а потоа сликата се заменувала со други фотографии. Едно лице од парот на фотографијата беше од оригиналната слика, а на другата слика било истото лице само со други измешани емоции. Кај некои парови, доминантната емоција на двете фотографии беше различна, додека кај други парови, доминантната емоција била иста. Од испитаниците се бараше да кажат која од фотографиите веќе ја виделе.

гнев
„Претходните истражувања покажаа дека оние кои знаеле два различни зборови за двете емоции се покажале подобро во вежбата кога доминантната емоција била различна, кога едното лице покажувало лутина а другото гадење.“ - одговара Диза Саутер. „Но, дали ова се случува затоа што тие ги означуваат лицата како лути и згадени или затоа што емоциите кои се процесираат низ основните човечки механизми имаат категории како бес или гадење без разлика ко збор го користиме за да ги означиме тие емоции?“

одбивност

Основни човечки категории

Најзначајниот тест на Саутер и нејзините колеги покажува како би се покажале оние кои го зборуваат јазикот на маите, кога тие имаат само еден збор за лутина и гадење. Нивните резултати покажаа дека тие се на исто ниво како говорителите на германскиот јазик, а биле подобри кога им биле покажани две лица со различни емоции.
„Резултатите покажуваат дека разбирањето на сигналите на емоциите не се базира на зборовите што ги имаме во јазикот,“ - вели Саутер. „Наместо тоа, податоците покажуваат дека емоциите еволуирале во една шема на основни човечки механизми каде што има категории за лутина и гадење кои постојат без разлика дали има збор за тие емоции.“

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.