RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Несреќата најдобро се дефинира како разлика помеѓу нашите таленти и нашите очекувања.

Едвард де Боно



БЕБИЊАТА И НИВНИТЕ ЕМОЦИИ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 6033 пати
Среда, 28 Септември 2011 13:07

Бебињата реагираат на емоциите во човечкиот глас уште на три месечна возраст – порано отколку што се мислело во минатото.

бебе во ќебенце

Резултатите од снимките на 21 бебиња додека спиеле покажува дека мозокот реагира на типот на звук што им бил пуштен.

Истражувачите велат дека порано не било сосема јасно кога човечкиот мозок развива способност да ги процесира гласовите и емоциите.

Научниците се надеваат дека ќе ја пронајдат разликата меѓу начинот на кој аутистичкиот и нормалниот мозок се развиваат во однос на ова прашање.

бебе се смеј

Со помош на снимки од магнетна резонанца, истражувачите забележале како бебињата реагираат на лентата на која биле снимени "емоционални звуци", како што се смеење и плачење, како и звуци кои се слушале во позадина како што биле течење на вода или звуци од играчки.

Кога се слушале човечките гласови кај бебињата се активирал пределот на мозокот наречен темпорален кортекс, истиот предел кој се активира на звук и кај возрасните.

бебе плачи

Напредок во разбирањето

Лимбичниот регион на мозокот силно реагира на негативни и лоши звуци, но не прави разлика меѓу неутрални и весели звуци.

Професор Деклан Марфи, од Кингс Колеџот во Лондон, вели: „Овој податок е фундаментален напредок при нашето разбирање на развојот кај децата."

Доктор Евелин Меркури од Универзитетскиот колеџ во Лондон, вели: „Ова е ретка демонстрација за тоа дека специјализираните предели постојат во мозокот од раната фаза на развој."

бебе спие

Истражувачите се надеваат дека ова истражување ќе им дозволи да направат споредба меѓу аутистичките и нормалните луѓе.

Професорот Марфи, за BBC, рече: „Ако разбереме кога мозочниот систем се активира, ќе можеме да дознаеме каде работата почнува да се одвива неправилно."

Истражувачите исто така направиле снимки од мозокот на бебињата кои се под сомнение дека можат да развијат аутизам.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.