RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ФИЛМСКО ВЛИЈАНИЕ
Вторник, 22 Февруари 2011
Слика
ОБРАТНА ПСИХОЛОГИЈА
Среда, 10 Август 2011
Слика
СРЕЌНИ ПО НАВИКА
Сабота, 01 Октомври 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
ПАТОЛОШКИ ЛАЖГОВЦИ И ВИСТИНОЉУБЦИ
Вторник, 13 Декември 2011
Слика
НЕ МЕ ИГНОРИРАЈ!
Петок, 27 Јануари 2012
Слика
СОНОВИ КОИ СЕ ПОВТОРУВААТ
Понеделник, 18 Јули 2011
Слика
ПЕТ БИЗНИС ГРЕШКИ
Среда, 29 Декември 2010

„Повеќето од сликите кои ги имаме за реалноста врз кои го базираме нашето однесување всушност се темелат на посакувани искуства“

Алберт Бандура



ПОДЕТАЛНО ЗА ИНТРОВЕРТНОСТА И ЕКСТРOВЕРТНОСТА PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 11075 пати
Понеделник, 22 Август 2011 15:29

Многу често, кога луѓето зборуваат за интровертни и екстровертни лица, тие размислуваат за тоа како луѓето се чувствуваат при социјални интеракции.

интравертна девојка

Всушност, вистинската дефиниција за интровертноста и екстровертноста се поврзани со тоа каде една личност наоѓа некакво значење – и поради оваа причина, да знаете каква личност сте може да ви помогне лесно да донесете одлуки кои ќе ве направат посреќни и поисполнети. Еден ден додека сурфав на интернет, налетав на страна што ги дефинираше интровертните луѓе како луѓе кои не се чувствуваат добро во една социјална интеракција и повеќе сакаат да бидат сами. Да не беше тој текст, немаше да постои ни мојот текст. Тој текст даваше строго социјална дефиниција за интровертните луѓе. Јас само сакав да разјаснам:

Психолошката интровертност и екстравертност не се мерки за тоа колку ви е удобно или не во социјални ситуации.

екстравертна девојка

Концептот за психолошката интровертност и екстравертност беше првенствено објаснето од шведскиот психоаналитичар Карл Јунг, кој објаснил дека има два различни начини за тоа како луѓето наоѓаат значење во нивните животи. Интровертната личност според Јунг го пронаоѓа значењето преку развивањето на богат внатрешен живот и тоа е цело истражување на тој внатрешен живот каде што ним им е најудобно. Еве еден цитат од речникот на Мериам Вебстер: Интровертноста е "состојба односно тенденција да се биде целосно или доминантно преокупиран и заинтересиран со сопствениот умствен живот."

отворен и затворен прозорец

Екстравертната личност според Јунг пак наоѓа значење во интеракцијата со работи од надворешниот свет, и самото истражување на надворешниот свет ним им прави да се чувствуваат удобно. И повторно Вебстер: Екстровертноста е "дејството, состојбата или навиката да се биде првенствено преокупиран со остварување на благодарност од она што е надвор од себе." Иако ова не ви изгледа многу поразлично од дефиницијата дека интровертните се "луѓе кои не се чувствуваат удобно во социјални ситуации", постои огромна разлика. Според Јунг, фокусот е на тоа каде поединецот наоѓа значење и како и многу често нема никаква врска со тоа дали личноста се чувствува удобно на некоја коктел забава.

пријатели на забава

Забуната меѓу социјалната интровертност/екстровертност и психолошката интровертност/екстровертност е поткрепена од фактот дека повеќето примери кои се користат за да се објаснат овие концепти се базираат на однесувањето – а однесувањето е социјален аспект. И за работите да се разјаснат уште повеќе, повеќето примери се претставени како целосни спротивности. Па ќе прочитате дека "екстравертните луѓе се дружељубиви и сакаат забави и дружење со многу луѓе и политички демонстрации," а пак "интровертните луѓе сакаат да се сами, сакаат да читаат и да пишуваат, да играат на компјутер и да слушаат музика." Гледате што мислам? Психолошките интровертни лица сакаат да си поминат убаво на забави и можеби сакаат да се дел од јавни демонстрации. Психолошките екстравертни лица исто така сакаат да слушаат музика, да читаат и пишуваат.

расцветано и нерасцветано цвеќе

Психолошката интровертност/екстравертност е еден континум што го има во секој од нас. Секој од нас е некаков тип на личност но сите можеме да имаме и интровертни и екстравертни однесувања. Затоа и е тешко да се одреде дали едно однесување важи само за еден тип на луѓе. Ако знаете дали сте интровертна или екстровертна личност според Јунг може да ви помогне да се чувствувате поудобно со себеси. Може да ви помогне да донесувате вистински одлуки за кариерата, да ви открие какви вештини поседувате, да сфатите во која околина најдобро би функционирале, да изберете работи и услоги што вам најмногу ви одговараат. Истото важи и ако откриете дали сте примарно интровертна или екстровертна личност според социјалните интеракции.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  

Коментари  

 
+1 #1 RE: ПОДЕТАЛНО ЗА ИНТРОВЕРТНОСТА И ЕКСТРOВЕРТНОСТА xHristosx 01-10-2011 11:24
Сакам да напомнам дека не мора да значи дека не сите луѓе се исклучиво интровертни/екстравертни, поточно спаѓаат во едниот или другиот тип. Интровертноста/екстравертноста ги има и 2те во секоја личност затоа што е континум. Разликата е што кај едни е по изразен а кај други и не е толку изразен едниот или другиот аспект на личноста. Кај тие што е изразена може да се каже дека спаѓаат во одреден тип. А социјалното однесување има психолошки причини и манифестното однесување ако сме интроверт или повлечена личност да биде проследено со помала социјабилност. А помалата социјабилност причина за некој да игра на компјутер отколку да излезе надвор и да игра топка со други деца. Сличен пример е и лице кое е на забава затоа што сака да слуша музика, не за да се дружи или се дружи со ислклучиво блиски луѓе.
Цитирај
 
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.