RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПЛУКНАТ НА ТАТО
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
КОЛКУ ЈАЗИЦИ ЗНАЕТЕ?
Четврток, 02 Декември 2010
Слика
ОСАМЕНОСТА УБИВА
Четврток, 11 Ноември 2010
Слика
БЕБИЊАТА И НИВНИТЕ ЕМОЦИИ
Среда, 28 Септември 2011
Слика
ЛИБЕРАЛИ ИЛИ КОНЗЕРВАТИВЦИ?
Понеделник, 11 Јули 2011
Слика
СЕКСОТ - ЛЕК ПРОТИВ НЕВРОЗА
Среда, 17 Август 2011
Слика
ЗАБОРАВЕТЕ НА КРИТИКУВАЊЕТО
Недела, 23 Октомври 2011
Слика
ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД СТРЕСОТ ДА ЗАБРЕМЕНИТЕ!
Понеделник, 19 Септември 2011
Слика
И НИЕ СМЕ ВОНЗЕМЈАНИ
Среда, 10 Август 2011

Каде и да одам, гледам дека некој поет бил таму пред мене.

Зигмунд Фројд



3 ФАЗИ ВО ЉУБОВТА PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 3.50 од можни 5)
прочитано 9980 пати
Вторник, 16 Август 2011 15:14

Трите фази на љубов во една врска се романтичните чувства, физичката привлечност и емоционалната поврзаност. Еве седум начини како партнерите да уживаат целосно во сите три фази.

љубов

Врските минуваат низ три фази на љубовта: почетните чувства на страст или таканаречените романтични чувства, потоа физичката привлечност и  на крај длабоката емоционална поврзаност.
За да се стигне до последната фаза на љубовта не треба само среќа и безусловно прифаќање. До таму може да стигнете и преку овие седум совети за здрав љубовен живот. Меѓутоа, за да можете да уживате во овие три фази на љубовта, треба прво да ги разберете.

нежна љубов

Кои се трите фази на љубовта?

Трите фази на љубовта се исти за сите: страст, односно романтични чувства, физичка привлечност и емоционална поврзаност. Не мора да значи дека има јасни граници меѓу овие фази. Може да се рече дека овие фази меѓусебно се спојуваат за да се добие љубовна хармонија.
Сепак, сите не стигнуваат до последната фаза на љубовта, затоа што веројатно доаѓа до раскинување на врската или развод.

љубов - залез на сонцето

Трите фази на љубовта во врските

Романтичните чувства, односно страста е првата фаза во љубовта. Романтичната љубов ја движат тестостеронот и естрогенот. Во оваа фаза на љубовта, парењето е основната движечка сила – се формира силна физичка привлечност и отвора простор за емоционално поврзување. Во оваа фаза, ендрофинот го потопува нашиот мозок и постојано сме облеани со пријатни чувства. Нашиот партнер е прекрасен, идеален, создаден само за нас. Во оваа љубовна фаза чувствуваме постојана возбуда.

романтична љубов - роза

Физичката привлечност ја обележува втората фаза на љубовта (фазата кога сме болни од љубов). Тогаш губиме апетит, помалку спиеме и се замислуваме со нашиот партнер во автобус, на состанок, под туш. Во оваа фаза, допаминот, норепинефринот и серотонинот се бркаат по нашето тело и мозок. И во оваа фаза си го замислуваме партнерот како идеален но сепак, во оваа фаза работите стануваат пореални и доаѓа до дискусии за тоа каква храна да се јаде или каква музика да се слуша. Целата возбуденост полека поминува и сето тоа преминува во една нова фаза на емоционална поврзаност.

физичка привлечност

Емоционалната поврзаност, оносно безусловното прифаќање на партнерот е третата фаза на љубовта. Оваа поврзаност вклучува посветеност, заеднички живот па и деца. Во оваа фаза на љубовта, веќе сме свесни за позитивните и негативните страни на нашиот партнер и веќе треба да знаеме дали сакаме да градиме заедничка иднина со него или пак не. Во оваа фаза има и поголем број на дискусии и расправии, меѓутоа, ако знаеме како да се справиме со заедничките проблеми, ќе знаеме да ја одржеме и оваа фаза.

емоционална поврзаност - среќно семејство

Како да останете заљубени

Љубовта не е само превозно средтсво што ни носи среќа и исполнетост во животот (или пак тага и болка). Љубовта е живо и динамично суштество што се менува, расте и бара внимание – а ние мораме да го негуваме. Во сите три фази на љубовта, самата љубов открива какви личности сме и ги изведува на површина сите наши доблести и слабости.
Трите фази на љубовта ни помагаат да ги прифатиме нашите доблести и слабости. Во исто време, преку љубовта ги откриваме и позитивните и негативните особини на нашиот партнер.

љубов и страст

7 совети за трите љубовни фази:

1. Фокусирајте се на работите кои можете да ги контролирате: вашето однесување, ставот, зборовите и енергијата. Ако сакате да промените нешто, бидете свои, не се однесувајте се како вашиот партнер.
2. Научете како да го искажете вашето разочарување, бес или фрустрација на здрав начин. Бидете искрени и љубезни, во сите фази на љубовта.
3. Запомнете ја првата фаза од вашата љубов! Сетете се на чувствата на страст, привлечност кон вашиот партнер. Потсетете се што ве привлекува кај партнерот и повторно ослободете ги старите чувства.
4. Ценете ги добрите особини на вашиот партнер. Бидете благодарни за животот кој го делите. Благодарноста ја зајакнува врската.
5. Фокусирајте се на емоционалната интимност во сите три фази на љубовта. Отворете го срцето за да имате здрав љубовен живот.
6. Поседувајте ги вашите чувства. Вашиот партнер не може да ве “натера” да се чувсвтувате глупави или безвредни. Ако се чувствувате тажни или неисполнети, свртете се кон сопствените соништа и цели. Дали го живеете животот што сакате да го живеете? Дали го следите сопственото срце? Развијте ја вашата сопствена личност, ум и дух. Размислете што е прави среќни и почнете да го живеете животот.
7. Не се плашете да побарате помош. Ако сте го изгубиле чувството на љубов, можеби станува збор само за индивидуална работа која ве засега само вам или пак е заеднички проблем кој треба да го решите со разговор. Сепак, во вакви ситуации, воопшто не е страшно да побарате помош од психијатар или близок пријател кој ќе ви даде објективно мислење.

На крај, без разлика во која фаза на љубовта се наоѓате, многу е битно да знаете како да кажете „те сакам“.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.