RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ШТО СЕ ФЛЕКСИ-СЕКСУАЛКИ?
Среда, 16 Март 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
ШТО Е ЕРОТСКИ КАПИТАЛ?
Вторник, 08 Февруари 2011
Слика
НЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД СМРТТА
Понеделник, 05 Септември 2011
Слика
7 ТИПОВИ НА МАЖИ ЗА ОДБЕГНУВАЊЕ
Понеделник, 11 Јули 2011
Слика
КОЈА Е ВАШАТА ВИСТИНСКА ЛИЧНОСТ?
Вторник, 29 Ноември 2011

„Се што не иритира кај другите може да не одведе кон подобро разбирање на себеси.“

Карл Густав Јунг



КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД ВИНАТА? PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 4330 пати
Понеделник, 15 Август 2011 16:26

Сите ние поминуваме низ тешки периоди, моменти кога мислиме дека се’ за што сме се залагале пропаднало.

чувствување вина

Овие моменти можат да бидат навистина тешки, без разлика низ што сме поминале претходно, и не е лесно да се живее со целиот товар. Претпоставувам дека и вам ви се случило, нели? Сепак, вината останува. Ќе напишеме неколку паметни реченици кои ќе ги читате за да ви помогнат, и ќе се обидувате да не мислите за тоа што ви се случило. Можеби не била ваша грешка, но вие чувствувате вина што не ве остава на мира. Се прашувате како да се ослободите од вината која постојано ве вознемирува и ве потсетува на нешто за кое не сакате да размислувате. Првиот совет што ќе ви го дадам е да бидете силни. Со стабилен мозок и силната мисла да се ослободите од тоа што ви прави да се чувствувате лошо, сами ќе се излечете. Затоа, бидете силни и прочитајте го текстот. Ако разберете, ќе си помогнете!

Како да се ослободите од вина

дечко размислува

Размислувајте

Првата работа што треба да ја направите е да почните да размислувате што сте направиле вие за работите да тргнат надолу. Понекогаш правиме работи без да знаеме, а потоа ги трпиме последиците. Во вакви времиња, нема потреба да чувствувате вина. Да, последиците ќе ве направат несреќни, но ако вашите постапки биле ненамерни,треба да сфатите дека тоа не е ваша грижа. Да чувствувате вина за нешто што сте направиле е различно од тоа да живеете со вина кога воопшто не сте виновни за ништо. Размислувајте како сте стигнале до таква состојба и сфатете што и каде тргнало надолу.

мало чупенце

Ослободете се од напнатоста

Ако некој настан од минатото имал влијание врз вас и ве натерал да мислете дека вие сте виновни, има неколку работи што треба добро да ги разберете. Прво, дали чувствувате вина подолго време? Дали таа вина може да ви помогне да го промените вашиот живот кон подобро? Дали оваа вина ги преминува сите граници и прави да се чувствувате несреќни? Ако одговорот е позитивен, мора да разберете дека тоа што се случило, се случило во минатото. Тргнете се од минатото и дајте шанса за иднината. Кога ќе сфатите дека ништо не може да се промени, ќе ви биде полесно да се ослободите од грижата.

среќни луѓе

Среќни мисли

Ако знаете дека вашата вина е погрешна и барате начин да се ослободите, среќните мисли најмногу ќе ви помогнат. Научете да мислите на убави работи и тоа правете го постојано. Правете работи кои ве прават среќни и ви го оттргнуваат вниманието од чувството на грижа. Занимавајте се со хоби или некоја активност која ве исполнува и ќе видите дека ќе се случи чудо. Дружете се со луѓе кои се среќни и ведри по природа. На почетокот можеби ќе ви биде тешко, но со тек на време работите ќе се вратат на место.

девојка се кае

Покаете се

Ако знаете дека сте направиле нешто погрешно и тоа намерно, или во занес, или затоа што тоа се чинело исправно во тој момент, сега имате време да се покаете. Казнувањата биле измислени за да можеме да се покаеме за нашите грешки и вие можете да го сторите истото. Ако сте нанеле неповратна штета, направете еднакво добри работи колку што се причиниле лошо. Засадете неколку дрвца, подучувајте дете или нахранете некој сиромав. Направете нешто што ќе ви помогне да се ослободите од вината. И пак, дури и да чините добро, морате да разберете дека тоа што сте го направиле било лошо и да си ветите себеси дека нема да ви се повтори.

помош

Побарајте помош

Ако ниеден од претходните совети не ви помага, време е да побарате помош. Ако вината полека преминува во депресија, одете на психолог. Привремените консултации можат да направат чуда за вас. Споделувањето на проблемите секогаш помага, но навистина е битно со кого ги споделувате. Психолозите се вистинските луѓе за ова, затоа што тие ја знаат суштината на проблемот. Мора да разберете и прифатите дека имате проблем, и само тогаш ќе стигнете до решението. Ако живеете во заблуда, вината ќе продолжи да живее со вас.

вина

Искрено се надевам дека овие совети ќе ви помогнат да сфатите како да се справите со вината. Наместо да се фокусирате на тоа како да се ослободите од вината, размислувајте како да преминете преку неа на здрав начин. Ако вината продолжи да ве гони, можеби треба да размислите за промена на домот како решение за сите проблеми. Заминете на авантуристички одмор ако ништо друго не ви помага. Поентата е да се обидувате се’ додека не успеете да ја надминете вината.

Не се грижете, бидете среќни!

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.