RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СО ВЕЖБАЊЕ ДО ПОДОБАР СЕКС
Среда, 06 Април 2011
Слика
ХИПНОЗА И ЛОКАЛНА АНЕСТЕЗИЈА
Вторник, 20 Септември 2011
Слика
СЕКСУАЛНА ЗАВИСНОСТ
Сабота, 05 Мај 2012
Слика
ЕМОЦИОНАЛНА КОНТРОЛА
Вторник, 30 Август 2011
Слика
СИНДРОМ НА РОДИТЕЛСКА ОДБИВНОСТ
Вторник, 18 Октомври 2011
Слика
ТОП 5 ФАКТИ ЗА СПИЕЊЕТО
Четврток, 24 Февруари 2011

„Рационализацијата може да се дефинира како себезалажување со помош на разумот“

Карен Хорнај



ВЛИЈАНИЕТО НА ВРЕМЕТО ВРЗ ЕМОЦИИТЕ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 4538 пати
Понеделник, 25 Јули 2011 11:19

Зошто се смеете кога има светло сонце или се чувствувате заморени на темен, дождлив ден? Запознајте ги бројните ефекти на времето врз човековите емоции преку оваа статија.

weather
“Сонцето е вкусно, дождот е освежувачки, ветерот не прегрнува, снегот развеселува; не постои лошо време, само разни видови на добро време.”
Многумина од нас не се согласуваат со Џон Рускин околу горенаведеното. Се разбира дека сонцето е вкусно, но тешко дека дождот е освежувачки кога постојано сипа низ валканото, темно небо. Свирепиот ветер може да предизвика страв, а снежниот ден ретко ве тера да се чувствувате добро за било што. Всушност, времето е наголемата метафора на човечките емоции. Има толку големо влијание врз нашиот живот што поголемиот дел од нашите планови се под влијание на локалната временска прогноза. Неверојатно е како можеме да ги поврземе разните човечки емоции со бројните расположенија на природата. Случајно, ова не е само психолошки феномен, туку докажано е дека времето навистина влијае врз нас на психолошко ниво. Запознајте ги разните ефекти на времето врз човечките емоции.

bad weather beach 1280x1024Кои се ефектите на времето врз човечкит емоции?

Иако, невозможно е времето да создаде или да предизвика емоции кај луѓето, тоа сигурно ја засилува или ја активира веќе постоечката душевна состојба. На пример, доколку ве откачил вашиот партнер, тогаш темниот, досаден ден ќе ви направи да се чувствувате само полошо и намуртено. Иако сончевиот ден не би ја отстранил болката, сигурно би го накренал вашиот дух, така што би се чувствувале далеку понемизерно. Еве како различните расположенија на природата влијаат врз вашите емоции.

Blog - No Pain No Gain Picture

Сончево

Според студиајта спроведена од Е. Ховарт и М.С. Хофман, сончевото време предизвикува чувство на радост, благосостојба и добро здравје. Пронајдено е дека порастот на температурата е во пропорција со накревање на духот. Сончевото време го намалува чувството на анксиозност и скептицизам. Позитивните ефектите на сонцето врз човечките емоции може да му се припишат на невротрансмитерот серотонин. Серотонинот ги контролира емоциите поврзани со меморијата, депресијата и сонот. Нивото на серотонин се зголемува при сончево време кое има позитивно влијание врз вашиот ум.

4995821858 37baa8905b
Влажно

Влажноста има негативни ефекти врз човечкит емоции како љубов и енергија. Влажноста ги прави вашиот ум и тело слаби и ја оспорува желбата да се направи нешто. Покрај тоа, таа влијае и врз вашата концентрација и ве прави да се чувствувате поспани.

Night Scene widescreen

Темнина

Дали некогаш сте се запрашале зошто се чувствувате поспани кога ги гаснете светлата или ги спуштате завесите? Хемиската супастанца наречена мелатонин е одговорна за ова. Мелатонинот е синтетизиран од серотонинот, во отсуство на сончева светлина. Мелатонинот го предизвикува ноќното спиење.

winter landscape 1600

Зима

Зимските денови се карактеризираат со помалку сончева светлина и екстремно ниски температури. Досадната, тмурна зима го има истиот ефект врз човечкиот им како и темните ноќи. Нивоата на серотонин опаѓаат и вие започнувате да се чувствувате мрачно. Производството на серотонин во зима е само на половина од тоа на лето. Кај некои луѓе, зимата доведува до промена на годишното расположение идентификувано како сезонско афективно растројство (САР). Симптомите на САР започнуваат од крајот на есента и остануваат во текот на зимските месеци.

7939244-mid-adult-woman-drinking-coffee-and-looking-out-of-the-window-on-rainy-day-horizontal-shape
Дожд

Луѓето на дождот реагираат на различни начини. Додека некои луѓе неизмерно уживаат во дождот, другите може да бидат потполно депресивни и вознемирени поради дождот. Сепак, никој не сака досадни, дождливи денови придружени со постојани врнежи.
Времето исто така предизвикува одредени здравствени состојби, кои секогаш имаат ефект врз човековата психа. На пример, зимските месеци ги влошуваат состојбите како артритис, предизвикувајќи непријатност кај индивидуите. Слично, дождот е поврзан со разни слични инфекции, кои може да влијаат врз квалитето на живот на луѓето.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.