RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
АЈДЕ ДА СИ ИГРАМЕ
Четврток, 14 Април 2011
Слика
СЕЛЕКТИВНИ СПОРТСКИ ФАНОВИ
Четврток, 27 Јануари 2011
Слика
ШЕСТОТО СЕТИЛО - НАУЧНО ДОКАЖАНО
Четврток, 17 Ноември 2011
Слика
ЗОШТО ЛУЃЕТО ИЗНЕВЕРУВААТ?
Вторник, 02 Ноември 2010
Слика
КОМПЈУТЕРСКА УБАВИНА
Петок, 17 Декември 2010
Слика
СТАОРЦИ И ДОПИР
Среда, 02 Март 2011

„Се што не иритира кај другите може да не одведе кон подобро разбирање на себеси.“

Карл Густав Јунг



5 ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНА ВРСКА PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 6650 пати
Понеделник, 02 Мај 2011 00:00

Науката што ги проучува интимните врски откри едно специфично однесување на партнерите со кое се подобрува бракот.

брак

Прво, добрата вест е дека и вие и партнерот сте се поврзале заради љубов и од тоа зависи здравјето на вашите тела. Второ, со самото поврзување ослободувате љубовен хормон кој е наречен окситоцин, хемикалија позната и како “хормон за гушкање”.

Чувството дека сте сакани и сигурни го ослободува окситоцинот што е всушност резултат на взаемната љубов меѓу два партнери.

А што се случува со партнерите кои не ослободуваат ваков љубовен хормон?

„Тоа не е проблем,“ – тврди невронауката. Поради невронската “пластичност” на мозокот -  една вечна способност да се развие нов нервен тек, партнерите можат да научат одново да се поврзат со партнерот, дури и во подоцните години.

Според доктор Аткинсон, има 5 групи на вештини што можат да ја одредат успешноста на врската. Тоа се следните:

1. Партнерите користат смирен почеток кога започнуваат тема за некој проблем

“Смирениот почеток” се однесува на начинот како партнерите меѓусебно комуницираат и вербално и невербално кога започнуваат разговор за некој проблем или сакаат да го искажат своето незадоволство. Спротивно на “бурниот почеток”, смирениот почеток е цврст пристап и истовремено е тактички и нежен. Им дозволува на партнерите смирено да зборуваат и да не се напаѓаат меѓу себе.

Не дека тие ја ублажуваат или заобиколуваат темата, меѓутоа не даваат осудувачки коментари. Еве примери:

“смирен почеток”: Навистина се вознемирив што ја заборави нашата годишнина.

“бурен почеток”: Толку си бесчувствителен што не ти текна да ми купиш барем картичка!

љубов

2. Партнерите примаат меѓусебно влијание

Кога станува збор за расправиите, партнерите имаат способност да одговорат на барањата на другиот без да почнат да се оправдуваат и да навредуваат.

Главниот показател за успехот на бракот според доктор Готман е волјата на сопругот да прифати влијание што има смисла бидејќи мажите се израснати да не прифаќаат туѓо влијание, особено не од партнерките само за да ја покажат својата машкост.

Сепак, фактите сами зборуваат. Волјата на партнерот да прифати туѓо влијание предвидува 80% успех во бракот.

сакање

3. Партнерите знаат како да ги подобрат работите преку потврдување на сигурноста после некоја караница

Дури и после “неважечки” аргумент, каде не поминува одбраната, партнерите со успешни врски знаат како да ги средат работите преку потврдување на сигурноста. Сигурноста служи за да ја освежи емоционалната и менталната енергија кај партнерите и ја зголемува моќта на врската и вербата на еден во друг. Всушност, функционира исто како копчето refresh на нашите компјутери. Еве пример:

Ефективно средување: „Зборувавме за ова, и кажав некои работи што не ги мислев. Извини. Сакам да почнеме од почеток. Знам дека можеме подобро. И ќе се потрудам да е подобро. Сакаш да пробаме?“

двојка

4. Партнерите ги ценат замислите и аспирациите на другиот партнер

Успешните партнери меѓусебно се поддржуваат кога станува збор за соништа и аспирации. Луѓето се меѓусебно поврзани да се сакаат и да се ценат. Вистинскиот конфликт избувнува кога се бараат начините да се остварат овие соништа.

Ако се разрешат на добар начин, конфликтите само ја зацврстуваат врската затоа што отвора можност уште подлабоко да се запознаете и себеси и партнерот.

Кога партнерите не зборуваат за своите аспирации, тогаш тоа е поради тоа што не чувствуваат дека нивните идеи се ценети од другата страна. Исто така, жената која одбива да доаѓа на време, ќе почне да ја применува оваа навика како единствен начин да го искаже својот бес. Успешните партнери не го прават ова затоа што ги делат нивните визии и лични цели, разговараат за тоа и преминуваат преку потешкотиите полесно.

вљубена двојка

5. Размерот на позитивни и негативни интеракции кај успешните партнери е 5:1.

Уште една клучна работа за поуспешна врска е поврзана со тоа што се случува во периодот кога партнерите не се во конфликт.

Интересно е тоа што истражувачите покажуваат дека успешните партнери имаат конфликти, сепак, тие разговараат на позитивен начин, на пример, тие покажуваат почит кон другиот, прифаќаат совети, планираат заедничко излегување, покажуваат внимание, флертуваат и слично.

Истражувањето на доктор Готман изведе и формула. Размерот на позитивни и негативни интеракции кај успешните партнери е 5:1. Степенот на позитивност служи како сметка на банка од која партнерите повлекуваат за време на конфликти.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.