RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
МИТОВИ ЗА ВРСКИТЕ И СЕКСОТ
Среда, 16 Ноември 2011
Слика
ОГРАНИЧЕН ИЗБОР - ЛОШИ ОДЛУКИ
Понеделник, 12 Март 2012
Слика
ЖЕНИТЕ СТАРЕАТ ОД РАЗВОД
Понеделник, 15 Ноември 2010
Слика
СО КОГО СИ, ТАКОВ СИ
Петок, 26 Ноември 2010
Слика
ЗОШТО ТАГУВАМЕ ПО СТРАНЦИ?
Понеделник, 15 Ноември 2010

„Ако единственото нешто што го поседувате е чекан, тогаш секој проблем ви се гледа како клинец“

Абрахам Маслов



СРЕЌАТА НА МАМА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3373 пати
Вторник, 26 Април 2011 00:00

Среќата на мајката во врската со нејзиниот партнер е  поврзано со тоа како детето ја гледа среќата во животот.

среќен брак

Податоците произлегуваат од едно истражување врз 40 000 домаќинства во Велика Британија каде што децата на возраст од 10 до 15 години биле запрашани колку се задоволни од нивните животи.

Во семејствата кадешто мајката не била среќна, само 55% од младите рекле дека се “целосно среќни” во нивното семејство во споредба со 73% од младите чии мајки биле “сосема среќни” во нивните врски.

Податоците откриваат дека среќата кај мајките во нивните врски им е многу поважна на децата отколку на таткото.

Податоците се базираат врз 6 441 жена, 5 384 мажи и 1 268 млади луѓе.

семејство

Истражувачите потврдија дека најсреќни биле децата што живееле со двајца родители – без разлика дали станува збор за биолошки родители или не – оние кои немале помлади браќа и сестри и не се расправале со нивните родители, јаделе три оброци на ден и имале мајка која била среќна во нејзиниот брак.

Еден од истражувачите вели: „Во време кога има голема политичка грижа за т.н. “Распадната Британија”, овие податоци покажуваат дека семејните врски и среќата на родителите се клучни за среќата на младите луѓе. Спротивно на верувањето дека децата сакаат само да играат видео игри и да гледаат телевизија, ние откривме дека тие се најсреќни кога се дружат со своето семејство.“

деца

Истражувачите веруваат дека постарите браќа или сестри немаат врка со среќата на децата во семејството, меѓутоа, имањето на помлади браќа или сестри покажало пониско ниво на сатисфакција.

Меѓутоа, врската со родителите на децата им е побитна отколку врската со браќата или сестрите. Само 28% од децата кои повеќе од еднаш во неделата се расправале со своите родители и немаат значајни теми за разговор со нив, се целосно среќни во нивното семејство.

среќна мајка

Ова истражување е дел од главното истражување наречено “Разбирање на општеството” кое ги испитува судбините, однесувањата и околностите на 100 000 луѓе што живеат во Велика Британија.

Овие податоци ги откриваат комплексните влијанија на различни семејни врски врз среќата на детето. Во текот на годините, ги следиме животите на семејствата во Велика Британија и добиваме слика за тоа колку децата се под влијание на сите различни фактори, вели истражувачот.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.