RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
БОРБА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Среда, 04 Мај 2011
Слика
ШТО Е ТОЧНО ДЕЖА ВУ?
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
ИНФЕРИОРНОСТ, ШТО Е ТОА?
Петок, 01 Април 2011
Слика
ЕДИП И ЕЛЕКТРА
Среда, 09 Март 2011
Слика
ЖЕНИТЕ, ВИНОТО И СЕКСОТ
Понеделник, 14 Февруари 2011
Слика
РАКОТ И ОРАЛНИОТ СЕКС
Понеделник, 18 Јули 2011

Несреќата најдобро се дефинира како разлика помеѓу нашите таленти и нашите очекувања.

Едвард де Боно



ПРОБЛЕМАТИЧНО СЕМЕЈСТВО PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 4227 пати
Четврток, 17 Март 2011 16:09

Што да правите ако имате ментален проблем во семејството? Да ја запоставите работата или не?

на работа

Да земете слободни денови од работа за да бидете со вашето дете кога има настинка или сипаници се чини дека е нормална работа. Меѓутоа, што се случува кога земате слободни денови заради тоа што вашето дете тинејџер или вашиот партнер се во депресија и не можат да се помрднат од креветот, или пак кога вашето дете е премногу нервозно за да оди на училиште?

Во вакви случаи се наметнува и дилема, бидејќи најчесто менталните нарушувања на блиските не тераат да го држиме целиот проблем во тајност. Сепак, новите истражувања покажуваат дека луѓето се почесто одделуваат голем дел од своето работно време за да им помогнат на најблиските. Околу 41% од возрасните луѓе кои работат, земале од 4 до 9 слободни денови за да се справат со споствените ментални проблеми, со проблемите на пријателите, семејството или колегите, покажува едно истражување кое било спроведено врз 669 возрасни и вработени луѓе.

мајка со деца

Справувањето со менталните проблеми во семејството е еден тежок предизвик за вработените лица. Многумина се срамат да зборуваат со колегите или нивните претпоставени за проблеми со менталното здравје. Скоро половината од луѓето што учествувале во истражувањето не добиваат никакви бенефиции, услуги или програми кои би им помогнале на вработените да се справат со менталните проблеми, покажува истражувањето.

депресивен тинејџер

Овој проблем е навистина тежок за вработените родители. Едно од пет деца во САД има некакви проблеми со однесувањето, и  самиот процес на сфаќање што не е во ред со детето може да е многу тежок. Една мајка вели дека продолжила  да работи во периодот кога нејзината ќерка избегала од дома затоа што морала да заработува, меѓутоа, постојано добивала повици од социјалните служби и потоа била обвинета од нејзиниот директор дека “не била способна да ги контролира работите во домот.”

мајка со деца

Сепак, колегите можат да бидат многу голема поддршка во вакви ситуации. Еден родител вели дека се почувствувал навистина осамен кога неговиот син тинејџер станал депресивен и агресивен. Меѓутоа, кога почнал да разговара со неговите колеги: „Навистина се изненадив кога видов дека и другите имале проблеми со однесувањата на нивните деца, со нивната агресивност, врискање, бегање од дома, закани за самоубиство па дури и обиди, одбивање да одат на училиште и уште многу тажни приказни поврзани со нивните деца.“

татко и син

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.