RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЗАГРОЗЕНОТО ЕГО ТРОШИ ПАРИ
Четврток, 15 Септември 2011
Слика
ИНТЕЛИГЕНТЕН АЛКОХОЛ
Среда, 03 Август 2011
Слика
СО ПОЗИТИВНИ МИСЛИ ДО ЗДРАВЈЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
НАПРЕДНИ НЕАНДЕРТАЛЦИ
Вторник, 30 Ноември 2010
Слика
НЕ СТОЈ ТОЛКУ БЛИСКУ
Четврток, 30 Декември 2010
Слика
ДАЛИ СИТЕ ЖЕНИ СЕ БИСЕКСУАЛНИ?
Сабота, 22 Октомври 2011
Слика
МОЗОК И МУДРОСТ
Петок, 31 Декември 2010

„Ако единственото нешто што го поседувате е чекан, тогаш секој проблем ви се гледа како клинец“

Абрахам Маслов



ЖЕНАТА Е ГЛАВНА ВО ДОМОТ PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 3.33 од можни 5)
прочитано 3946 пати
Четврток, 17 Март 2011 15:37

Можеби мажите се покажуваат како подобри на работа, меѓутоа, во домот владеат жените.

жените владеат

Едно неодамнешно истражување покажува дека жените имаат поголема моќ од мажите кога станува збор за дискусии и донесување заеднички одлуки.

„Истражувањето покажува дека бракот е институција каде што жените имаат поголема моќ,“ – вели авторот Дејвид Вогел, психијатар на државниот универзитет во Ајова. „Сепак, сеуште не знаеме дали ова се случува затоа што се менуваат социјалните улоги.“

Резултатите се спротивни на истражувањата од минатото.

„Повеќето од истражувањата што биле направени во минатото покажуваат дека жените немале голема моќ“ – вели Вогел. „Сето ова се базира на фактот дека, според традицијата, мажите заработувале повеќе пари и со тоа го добиваале правото да ги донесуваат големите одлуки во врската.“ Меѓутоа, новите резултати го покажуваат спротивното.

Што велат анкетираните сопружници

Вогел, Меган Марфи и нивните колеги анкетирале 72 венчани парови каде што сопружниците имале просечно по 33 години и биле во брак околу 7 години. Повеќето од анкетираните (66%) биле белци, Азијци биле 22%, Латино-американци биле 5% и 4% црнци. Останатите 3% биле од “друго” потекло.

Секој од анкетираните одговарал посебно на прашања за нивната врска и за целиот процес на донесување на одлуки во врската. Потоа, секој од нив посочувал еден проблем во нивната врска кој би можел да биде решен без помош на партнерот. Иако овие проблеми најчесто вклучувале пари и обврски околу домот, сексот не се покажал како брачен проблем.

Овие биле најчестите теми што сопружниците ги посочиле:

- пари – 16% (мажи)/13% (жени)

- домаќинство – 15% /15%

- пријајатели и семејство – 10%/19%

- чувства и емоции – 10%/13%

- времето поминато заедно – 13%/4%

- донесување одлуки – 18%/ 4%

- секс – 4%/ 1%

- интимност – 1%/ 1%

- меѓусебна комуникација – 3%/ 4%

- деца – мажите воопшто не ја спомнале оваа тема/ 3% од жените

- останати промени во врската – 4%/ 17%

Истражувачите ги снимале паровите додека тие разговрале за нивните проблеми во текот на 10 минути.

семејство

Моќта на жените

Тренирани доброволци ги анализирале снимките и притоа користеле скала што го мерела степенот на интеракција помеѓу сопружниците која се базирала на зборови и однесувања кои се поврзувале со чувството на вина (вина, обвинување на партнерот); барања ( препирки, притисок на партнерот за некакви промени, барања); повлекување и одбегнување ( избегнување на разговор за проблемите со двоумење, менување теми на разговор, пренасочување на вниманието или необрнување внимание) и разговор.

Жените имале повеќе барања – барале промени во врската или промена на партнерот – и повеќе се снаоѓале при решавањето на ваквите проблеми.

Жените, исто така, зборувале многу повеќе од мажите.

„Не само што жените поставувале прашања за кои не добивале одговор, туку мажите се сложувале со се’ што жените кажувале.“ – објаснува Вогел. „Жените пренесуваат многу посилни пораки, а мажите одговараат на нивните пораки или преку согласување или пак преку попуштање.“

Една од причините зошто жените се главни во врските е затоа што тие го носат товарот на целата врска и тие се грижат работите во врската да се на добро ниво.

„Жените се одговорни за текот на врската и секогаш се грижат се’ да се одвива во најдобар ред и на крај сите да бидат задоволни,“ – вели Марфи.

Моќната жена може да е показател за хармонична врска. „Постои истражување кое покажува дека показател за успешен брак е кога мажите го примаат влијанието на жените,“ – вели Марфи.

моќна жена

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.