RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
КОЈА Е ВАШАТА ВИСТИНСКА ЛИЧНОСТ?
Вторник, 29 Ноември 2011
Слика
ПОСЕДУВАТЕ ЛИ ВОИНСТВЕН ГЕН?
Четврток, 04 Ноември 2010
Слика
КАКО ЗНАЕМЕ ДЕКА НАШЕТО ТЕЛО Е НАШЕ?
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Слика
НАЈУМНИ СМЕ НА 27 ГОДИНИ
Петок, 12 Ноември 2010
Слика
ТЕОРИИ ЗА ЛЕВИЧАРИТЕ
Четврток, 06 Октомври 2011
Слика
НЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД СМРТТА
Понеделник, 05 Септември 2011
Слика
МЕ ПАЛАТ ТВОИТЕ ТОЧКИ
Вторник, 04 Јануари 2011

„Кој гледа нанадвор, сонува. Кој гледа навнатре, се буди“

Карл Јунг



ЉУБОВТА Е ПОМОЌНА ОД СЕКСОТ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 3649 пати
Понеделник, 08 Ноември 2010 01:00

Сексот и романсата може да изгледаат неразделно поврзани, но човечкиот мозок прави јасна разлика помеѓу нив. Така барем тврди една нова студија.  Конечниот заклучок е дека љубовта е многу помоќна емоција.

 

вљубена двојка

Резултатите од мозочните скенирања одговараат на долготрајните прашања поврзани со сексот и љубовта, како на пример, дали се тие различни емоционални изрази или пак дали романтичната љубов има предност над сексуалната возбуда.

“Нашите наоди покажуваат дека кога луѓето гледаат фотографија од саканиот/ саканата, се активираат делови од мозокот кои само делумно се преклопуваат со мозочните зони кои се поврзани со сексуалното возбудување. Сексот и романтичната љубов се одвиваат во различни делови од нашиот мозок.“ вели Артур Арон од  државниот Универзитет Њу Јорк - Стони Брук.

Истражувањето не беше изведено врз голем број испитаници, туку на група од 17 млади мажи и жени, кои од скоро беа лудо вљубени во своите партнери/ки. Тие пополнуваа прашалници додека нивните мозоци беа скенирани со системот на функционална магнетна резонанца.

прегратка

Кога е во прашање романтичната љубов, најсилно се активираат делови од мозокот кои се богати со допамин, хемикалија за која е познато дека влијае врз емоциите. Според други истражувања, истите овие мозочни делови се поврзани со мотивацијата за награда.

“На наше изненадување, регионите чија активност се зголемува за време на романтичната заљубеност се наоѓаа претежно на десната  страна на мозокот, додека при чисто физичката привлечност се интензивираше активноста на левата страна на мозокот,“ изјави Луси Браун од медицинскиот Колеџ "Алберт Ајнштајн".  

Студијата исто така откри дека како романсата созрева, истото се случува и со нашиот ум. “Пронајдовме неколку делови на мозокот каде во зависност од времетраењето на врската се менува и силата на мозочната активност. Сите знаат дека врските се динамични  со текот на времето, и почнуваме да забележуваме што се случува во мозокот како што созрева врската,“ вели Браун.

венчавка

Процесирањето на романтични чувства вклучува “констелација на мозочни системи“. Во однос на моќта врз човековиот ум, истражувачите - невролози, антрополози и социјални психолози - велат дека љубовта е убедлив победник над сексот.  

Хелен Фишер, антрополог на Руџерс Универзитетот, и член на научниот тим, вели: “Романтичната љубов е едно од најмоќните од сите човекови искуства. Таа е дефинитивно многу помоќна од желбата за секс“.

Фишер вели дека истражувањето може да помогне да се разбере физиологијата на следење и демнење. Други студии укажуваат дека до 40% од луѓето чија што љубов била отфрлена запаѓаат во клиничка депресија. “Отфрлените мажи и жени во општествата ширум светот понекогаш извршуваат самоубиство или убиваат некој друг“, изјави Фишер.

љубов

Истражувањето покажа назнаки дека романтичната љубов не е единствено човечки квалитет.

При подолготрајните врски некои од промените кои се одвиваат во одредени делови од мозокот се поврзани со парењето кај прериските глувци. Други истражувања покажаа дека искажувањето привлечност од страна на женката прериски глушец предизвикува зголемување на допаминската активност за 50% во нејзинот мозочен регион кој е идентичен со оној за романса кај човечките суштества.

“Овие и други податоци укажуваат дека сите цицачи можат да почувствуваат привлечност кон одредени партнери, и дека при тоа се инволвирани некои истоветни делови од мозокот", изјави Фишер.

прериски глувци

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.