RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СО ЕМОЦИИ ДО ЗДРАВА ИСХРАНА
Вторник, 09 Ноември 2010
Слика
ЗАВИСНИЦИТЕ - НАЈДОБРИ ЛИДЕРИ
Среда, 02 Ноември 2011
Слика
И ВЕРУВАТЕ ЛИ НА ИНТУИЦИЈАТА?
Четврток, 31 Јануари 2013
Слика
Х-МЕН ЗАБРАНЕТ ЗА МОМЦИТЕ
Четврток, 21 Јули 2011
Слика
МОЗОКОТ ПОСТОЈАНО РАБОТИ НА ПРОБЛЕМИТЕ
Понеделник, 18 Февруари 2013
Слика
СЕКСОТ НЕ ЛЕЧИ ДЕПРЕСИЈА
Вторник, 23 Ноември 2010
Слика
ЖЕЖОК ТРЕНИНГ
Четврток, 10 Февруари 2011
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
ВИНО ЗА ДОЛГ ЖИВОТ
Понеделник, 14 Февруари 2011

Никогаш не сме толку беспомошни како кога сме заљубени.

Зигмунд Фројд



ИСТОЧНИ И ЗАПАДНИ ЕМОЦИИ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3393 пати
Среда, 03 Ноември 2010 22:49

Научни тимови од Канада и  Јапонија открија дека источните и западните култури многу различно перцепираат  исти ситуации.

Јапонец и Американец

Во две фази од испитаниците беше побарано да гледаат фотографии. Секоја слика се состоеше од една централна фигура и четири други во позадина. Научниците манипулираа со емоциите на ликовите во заднина (тажни, среќни, лути) и бараа од испитаниците да кажат која е доминантната емоција на централниот лик.

Mнозинството Јапонски испитаници (72%) изјавија дека нивните судови за  емоцијата на централната личност се под влијание на емоциите на  “заднинските фигури“, додека пак Американците (исто 72%) изјавија дека воопшто не ги тангираат емоциите на ликовите во позадина.

Азијати

“Ова што го откривме е навистина интересно“, вели Такахико Масуда, професор по психологија на Алберта Универзитетот. “Нашите резултати покажуваат дека кога Американците сакаат да дознаат како се чувствува некоја личност, селективно се фокусираат на нејзиниот израз на лицето, додека Јапонците ги земаат во предвид емоциите и на другите луѓе кои се наоѓаат во иста ситуација. Ова можеби се случува затоа што обично кај Јапонците вниманието не е сконцентрирано на индивидуата, туку на целата група“.

Во втората фаза на истражувањето научниците ги мереа очните движења на испитаниците и повторно резултатите покажаа дека Јапонците гледаат во луѓето во околината повеќе отколку Американците кога проценуваат некоја ситуација.

Американци

И Јапонците и Американците гледаа во централната фигура  на фотографијата  првата секунда, но Јапонците го насочија погледот кон другите ликови веќе во наредната секунда, додека пак Американците останаа фокусирани само на централниот лик.

Масуда изјави: “Азијците имаат повеќе холистички пристап, ги перцепираат луѓето во зависност од нивната релација со останатите луѓе. Северноамериканската традиција лесно ја изолира личноста од нејзиното опкружување, додека Азијците сметаат дека дури и изразите на лицата на  другите луѓе во околината, може да послужат за да се разбере подобро емоцијата на одредена индивидуа“.

емоции

Овие наоди се објавени во “Journal of Personality and Social Psychology“ а резултатите се повторени во соработка меѓу Хуаитанг Ванг и Такахико Масуда (Алберта Универзитет, Канада) и Кеико Ишии (Хокаидо Универзитет, Јапонија).

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.