RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ОЛФАКТОРНО РИВАЛСТВО
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
ЖЕНИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ВО ЗИМА
Понеделник, 28 Ноември 2011
Слика
ОД ВАС ЗАВИСИ
Понеделник, 22 Ноември 2010
Слика
МОЗОКОТ ПОСТОЈАНО РАБОТИ НА ПРОБЛЕМИТЕ
Понеделник, 18 Февруари 2013
Слика
ИДЕНТИТЕТ И КРЕАТИВНОСТ
Четврток, 28 Април 2011
Слика
ЖЕНИТЕ И АЛКОХОЛОТ
Четврток, 24 Февруари 2011

Има еден  многу чуден парадокс, дури кога ќе се прифатам себеси за таков каков што сум, дури тогаш можам да се променам.

Карл Роџерс



ГОРДОСТ ЗА ВОСХИТ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 6195 пати
Сабота, 18 Декември 2010 20:26

Гордоста не само што не е негативна карактеристика, туку побудува доверба и восхит кај луѓето.

гордост

Дамнешното прашање дали гордоста е еден од смртните гревови (заради која Луцифер стана паднатиот ангел) или доблест, е одговорено од страна на двајца научници од Нортвестерн Универзитетот. Спротивно на популарното убедување, тие открија дека таа побудува восхит кај останатите луѓе.

"Откривме дека гордоста не ја заслужува негативната репутација која ја има," изјави Дејвид ДеСтено, помошник професор по психологија и ко-автор на студијата. "Гордоста всушност претставува функционална социјална емоција со важни импликации за водство и изградба на социјален капитал."

горд човек

ДеСтено и главниот автор Лиза Вилијамс дизајнираа експеримент кој вклучуваше индивидуални и групни активности. За индивидуалните активности, кај одредени испитаници беше побудено чувството на гордост. Потоа сите учесници требаше да соработуваат на задача при која требаше да се реши некој проблем. Воедно, сите беа замолени да ги оценат допадливоста и гордоста на нивниот партнер. Оној учесник кај кого беше предизвикано да се чувствува гордо ја превземаше доминантната улога и беше оценето дека најмногу работи на решавање на проблемот. Исто така, гордите партиципанти беа оценети како подопадливи од другите.

групна активност

"Ова се некои од првите наоди кои ги покажуваат функционалните исходи на гордоста во контекст на вистинско социјално однесување," изјави Вилијамс. "Иако кога е доведена до екстреми, гордоста со сигурност може да биде лоша, ова истражување го покажува емоционалниот потенцијал за поттикнување на успешна меѓучовечка интеракција."

интеракција

Наодите беа објавени во списанието "Psychological Science". Авторите веруваат дека овие наоди можат да помогнат за успешно менаџирање и  тимска динамика, особено во контекст на организационо однесување.

"Гордоста," забележуваат тие, "може да игра битна улога во подобрувањето на функционирањето на тимот така што ќе поттикне доверба и восхит."

восхит

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.