RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

„Ако некоја потреба ви остане незадоволена, не се запрепастувајте многу. Таа појава ја викаме живот.“

Ана Фројд



МАШКО И ЖЕНСКО ПРОСТУВАЊЕ PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 4.00 од можни 5)
прочитано 4959 пати
Четврток, 09 Декември 2010 00:36

За жал, простувањето не е природно за двата пола. Мажите потешко простуваат од жените.

скарана двојка

Но тоа може да се смени доколку мажите развијат чувство за емпатија така што ќе сфатат дека и тие можат да направат слична грешка како и личноста која ги повредила. На тој начин се елиминира јазот помеѓу половите и мажите стануваат помалку осветољубиви.

Џули Екслајн, психолог на Кејс Вестерн Ризерв Универзитетот е главен автор на текстот “Not so Innocent: Does Seeing One’s Own Capability for Wrongdoing Predict Forgiveness" кој е објавен во "Journal of Personality and Social Psychology". Таа има соработувано со истражувачите Рој Баумајстер и Ен Зел од Државниот Универзитет на Флорида, Ејми Крафт од Државниот Универзитет на Аризона и Шарлот Витвлит од Хоуп Колеџот.

Во седум истражувања поврзани со простувањето кои Екслајн ги спроведуваше од 1998 до 2005 година врз повеќе од 1400 студенти на колеџ, постојано се појавуваа разлики помеѓу машките и женските испитаници. Кога од нив беше побарано да се присетат на своите испади, мажите стануваа помалку осветољубиви кон оние кои ги навредиле. Кај жените кои се фокусираа на навредите кои самите ги искажале, и кои имаа понизок степен на осветољубивост, не беше забележана промена во простувањето. Кога жените се присетуваа на своите испади, тие се чувствуваа виновни и имаа тенденција да ги преувеличуваат.

повреден маж

"Воопшто не предвидовме дека ќе има разлика помеѓу половите. Во суштина бевме затечени, бидејќи таа се појавуваше постојано во сите наши студии," изјави Екслајн. "Се обидувавме да ја објасниме, но таа продолжуваше да се повторува во експериментите."

Студиите (кои беа поддржани од страна на Фондацијата Џон Темплтон) користеа хипотетички ситуации, присетувања на вистински навреди, индивидуални и групни ситуации и анкети за да ја проучат способноста за простување.

Екслајн вели дека претходните студии покажаа дека во основа (без никакви интервенции), мажите имаат тенденции да бидат поосветољубиви од жените, кои за разлика од нив, уште од детството се воспитувани да се "стават во туѓа кожа" и сочувствуваат со останатите.

простување

Во студијата на Екслајн, жените кои се присетуваа на навреди кои им биле упатени, не покажаа зголемено ниво на осветољубивост како мажите. Жените, кои уште од мали нозе се учат да сочувствуваат со другите, се ориентираат кон градење на врската и не посакуваат да ја истераат правдата по секоја цена одмаздувајќи се до тој степен како мажите.

Истражувачите открија дека припадниците од двата пола се понаклонети да простуваат штом увидат дека и самите би можеле да ја направат истата грешка како другата личност; така се чини дека навредата е помала. Способноста за набљудување исто така овозможува да се развие емпатично сфаќање за испадот. На тој начин луѓето ги доживуваат оние кои ги повредиле како слични на нив. Секој од овие фактори, за возврат, овозможува потолерантен став и го зголемува шансите за простување.

"Навредите се простуваат полесно доколку се чини дека се мали и сфатливи и кога се доживуваме себеси како слични или блиски со личноста која не навредила," вели таа.

прошка

Екслајн откри дека оваа способност за идентификување со личноста која не повредила исто така може да се случи и во меѓугрупните конфликти (во една студија која ја посвети на простувањето на терористите од 9/11).

"Кога луѓето можеа да замислат дека и нивната сопствена влада е способна да направи нешто слично како терористите, тие беа помалку осветољубиви," подвлекува таа. "На пример, помала беше веројатноста дека ќе инсистираат на погубување на прекршителите на лице место, или пак да се залагаат за смртна казна. Истовремено повеќе се залагаа за преговори и економска помош."

Палестинци и Израелци

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.