RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СЕКСУАЛНА ЗАВИСНОСТ
Сабота, 05 Мај 2012
Слика
ЕМОЦИИ И ДЕМЕНЦИЈА
Вторник, 15 Март 2011
Слика
ЗАВИСНИЦИ ПО ЖЕЛБА
Петок, 05 Ноември 2010
Слика
ПРАИСТОРИСКО КИНО
Сабота, 15 Јануари 2011
Слика
ДОБРИОТ ПАРТНЕР Е И ДОБАР РОДИТЕЛ
Понеделник, 10 Декември 2012
Слика
ПЛАТА И СТРЕС
Сабота, 12 Март 2011
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА ТРОШЕЊЕТО И ШТЕДЕЊЕТО
Понеделник, 28 Октомври 2013
Слика
ДАЛИ СТЕ ДОСАДНИ?
Четврток, 13 Октомври 2011

Несреќата најдобро се дефинира како разлика помеѓу нашите таленти и нашите очекувања.

Едвард де Боно



ЕМОЦИОНАЛНИ ВАМПИРИ PDF Печати Е-пошта
(5 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 10615 пати
Петок, 12 Јули 2013 13:02

Вампирите се суштества кои ви ја пијат крвта, а емоционалните вампири ви ја црпат енергијата.

 

емоционален вампир

Ако сте се почувствувале изнемоштено, безволно, овенато, исцрпено, нелагодно и вознемирено, чувајте се, во вашата околина имате емоционален вампир кој ви ја црпи енергијата.

Ако не сте биле такви претходно, а особено ако чувствувате како ваквите чувства ви се зголемуваат во близина на одредена личност, тоа треба да ви биде јасно предупредување дека таа личност е емоционален вампир кој полека ви ја разградува суштината на вашето битие и во крајна линија има способност да направи целосен хаос во вашиот живот.

девојка без енергија 

Но, како да бидеме сигурни дека одредена личност е навистина емоционален вампир?

Ќе наведеме само неколку симптоми кои веројатно сте ги почувствувале повеќе од еднаш:

  • Често се чувствувате уморно, ви тежат капаците и се чувствувате како да ви се спие, но понекогаш се чувствувате преисцрпено за да задремете.
  • Добивате „напади“ за благо, грицки и слични производи со јаглехидрати.
  • Вашето расположение знае нагло да опадне.
  • Се чувствувате недоволно ценети и омаловажени.
  • Се чувствувате анксиозно, депресивно и негативно.

емоционално енергетска истоштеност

Голем број психолози, лекари и психотерапевти го истакнуваат фактот дека обично најголемото губење на енергија е во врските. Некои врски се позитивни, ви го креваат расположението и едноставно ве полнат со енергија. Други пак, може да ви го исцицаат оптимизмот, колку и да го имате, и ви ја нарушуваат смиреноста. Терминот „емоционален вампир“ се разбира не е стручен термин, но е поим со кој во психологијата жаргонски се означува овој втор тип на луѓе.

Ги има повеќе типови како што се депресивецот, жртвата, критизерот, нарцисот, драмаџијата, дрдоркото, манипулаторот, контролорот, перфекционистот и редица други. Секој од нив си има свој начин со која ви ја црпе енергијата до изнемоштеност и ве прави депресивни.

 емоционални вампири

Доколку се почувствувате апатично, безволно и се ви станува заморно, вие неосетно сте станале жртва на некој ваков емоционален вампир. Процесот обично не е толку очигледен за да го препознаете веднаш, но ако малку се вратите наназад речиси точно ќе го лоцирате временскиот старт на разјадувањето на вашата енергија.

Но, овие вампири не ви ја разјадуваат само вашата физичка енергија. Оние најмалигните ќе ве направат да се мразите себеси и да помислувате дека не сте вредни за љубов. Се разбира што поосетлива е вашата душа, толку штетата е поголема и посеопфатна.

енергетска исцрпеност

 

Клучниот показател за тоа дали некој е емоционален вампир или не, е во енергијата. Доколку кога сте во контакт со таа личност честопати чувствувате избивање на вашата позитивна енергија и промена на вашето расположение, дефинитивно си имате работа со емоционален вампир. Ако таа личност ви го менува расположението од позитивно во негативно, не ви требаат некои посилни показатели.

енергетски вампир

Овој тип на вампири честопати знае да се замаскира со тоа што не секогаш ќе ви ја црпи значително енергијата, туку ќе ве остава во ситуација на своевиден емоционален зомби, кога нема да ви ја „исцица“ енергијата до крај, туку само до одреден степен со кој може да живуркате но не и во целост да го живеете животот.

Вакви луѓе можете да ги имате во непосредното семејство и тогаш е потешко да ги избегнете. Но, во случај да сте биле привлечени на некаков начин од емоционален вампир и сте завршиле во врска со него, тогаш направете се во моментот кога ќе станете свесни дека таа врска ви ја црпи енергијата и страшно негативно се одразува врз вас и вашата психичка состојба, да го прекинете кругот. Освен, се разбира, ако тоа да ви ја црпат енергијата не ви причинува задоволство.

 онлајн емоционален вампир

Како да се справиме со Емоционален Вампир?

Постојат низа мерки кои може да ги преземеме за да се справиме со емоционалните вампири. Најпрвин треба да имаме јасна претстава за тоа каква е природата на нашата релација со таквата личност. Ако сте доволно сигурни во себе и доволно се сакате, најпаметно е да ја прекинете релацијата со секоја личност која ви го нарушува енергетскиот баланс во негативна смисла. Опкружете се единствено со оптимистички личности кои ве полнат со емотивна енергија и се способни за здрави емоционални релации.

позитивен енергетски баланс

Треба да знаете дека нивните проблеми не се и ваши. Едноставно, не можете да бидете нечиј терапевт цело време. Понекогаш треба да се биде искрен и кон себеси и кон другата личност и да и се каже дека и е потребна професионална помош. Очекувано е нивната реакција да не биде ни најмалку воодушевувачка од таа идеја, но работите мора да бидат ставени на јасна виделина.

соочување со себеси 

Кога се работи за колеги на работа, како на пример секојдневниот критичар, мора да се стекнете со вештина да одите на работа со своевиден „заштитен штит“ кој нема да дозволи отровните стрелички на критизерот да ви го нарушуваат расположението. Ако добро го истренирате мозокот да се справува со непријатните ситуации кои ви ги приредуваат таквите личности ќе се оспособите себеси да имате внатрешен баланс како на емоционален план, така и во однос на работната енергија.

 енергетски вампир на работа

Неколку кратки совети во оваа насока би биле да научите како правилно да дишете за време и по ситуацијата. Дишете длабоко и смирено. Не си дозволувајте реакции, а особено не избрзани и избувнувачки. Ако сте способни за тоа, слушајте и веднаш потоа отстранете го од умот она што таа личност ви го наметнала како тек на мислите. Поработете на ваши лични начини за подигнување на расположението веднаш по средбата со емоционалниот вампир, не оставајте да завладее со вас негативниот тон кој го шират ваквите луѓе.

 енергија на чакрите

Ако се работи за домашна или семејна ситуација, тогаш обично ситуацијата е малку покомпликувана, затоа што не можете да ги замените тие личности како што на пример тоа би било возможно со пронаоѓање на друго работно место. Најчест пример за емоционални вампири во вакви околности се критизерот, манипулаторот, нарцисот, контролорот, перфекционистот. Овие личности знаат и да си заменат одредена улога со друга. На пример, нарцисоидната мајка може во зависност од потребите (доколку не ви ја издренирала доволно енергијата на еден начин), да „одглуми“ жртва или депресивец. При што вие, вистинската жртва на оваа енергетска дренажа, останувате збунети и онаа енергија која ви останала ја истурате сега тешејќи ја жртвата или попуштајќи му на депресивецот. Може да имате контролирачки татко, брат перфекциониста, сестра „драмаџика" итн., но било кој член на семејството во било која улога и да е, доколку не знаете да се заштитите од нивните „енергетски напади“ постојано ќе чувствувате недостаток од енергија и слабост. Затоа, обидете се да ги научите сите можни техники за заштита од емоционални вампири. Не исклучувајќи го и лукот Smile.

нарцисоиден вампир 

Ако пак сте се нашле во врска со некој енергетски вампир, наједноставното решение е веднаш да ја прекинете таа врска. Ако не сте се заљубиле, тогаш прекратете со сопственото измачување што поскоро. Но, што ако веќе вистински сакате некоја личност која е емоционален вампир?

Ако сметате дека може да се справите со таквата личност, тогаш најдобар совет е веднаш да поставите некои граници. Во моментите кога саканата личност ќе каже или направи нешто со кое на најдиректен начин ви ја црпи енергијата, веднаш реагирајте. Бидете отворени и јасни. Не дозволувајте некој да ви зборува или да се однесува со вас на таков начин. Бидете директни и цврсти, но сепак со потребната доза на нежност и емпатија. Секогаш е можно да не се сложите со нешто, без притоа да бидете неугодни и непријателски расположени. Запомнете, единствената моќ која некоја личност ја има врз вас е моќта која сами ќе и ја дозволите.

љубовна кавга 

Какви личности се емоционалните вампири?

Емоционалните вампири се таков тип на личности на кои им треба многу љубов и внимание. Тие секогаш сакаат да се во центарот на вниманието. Имаат многу недостатоци кои се обидуваат да ги сокријат преку демонстрација на лажна самодоверба. Доколку имаат проблеми со нивните родители и нешта од нивното минато кои треба да се разрешат, тогаш тоа може да се надмине преку психотерапија. Кога ќе се соочат со своите проблеми и своите емоции стануваат свесни за нив. Процесот на психотерапија ќе им помогне да си ја зголемат самодовербата на конструктивен начин, наместо деструктивната илузија за самодоверба која си ја приредуваат себеси и на другите. Кога проблемот е поврзан со некое нарушување на личноста, терапевтскиот процес е подолготраен и мора да биде потемелен за да се поправат нештата. На крајот на краиштата се се сведува на тоа колку се сакаме себеси, ако се сакаме повеќе, ќе ги сакаме и другите луѓе повеќе. Се е поврзано како во ланец.

 сакање на себеси

Кога се работи за концептот на љубовта, честопати се случува да ги измешаме работите и да влеземе во парадоксални ситуации. Склони сме да страдаме во име на љубовта, сметајќи дека тоа така треба да биде. Дека тоа ја прави љубовта „вистинска“. Но, мора да сфатиме една работа. Емоционалните вампири се луѓе кои не сакаат, тој или таа ја исцицуваат енергијата на другите и ја злоупотребуваат нивната добрина. Затоа, чувајте се да не бидете гризнати од ваквите вампири. Како што важи и за оние кои цицаат крв, сигурно не би сакале и вие да станете емоционален вампир после тоа, нели?

 емоционална вампирка

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  

Коментари  

 
+4 #1 RE: ЕМОЦИОНАЛНИ ВАМПИРИBaronesse 15-07-2013 22:57
Одлично напишано. Недостигаат само неколку зборови за тоа како да се одбраниме од „цицачите“ на енергија. Но можеби сте планирале таква статија како продолжение на оваа. Во секој случај, одлично зачната тема за која малкумина знаат и за која дури и оние кои знаат ја отфрлаат како неоснована и покрај очигледните показатели.
Цитирај
 
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.