RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

„Повеќето од сликите кои ги имаме за реалноста врз кои го базираме нашето однесување всушност се темелат на посакувани искуства“

Алберт Бандура



КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРЕОСЕТЛИВИТЕ ЛИЧНОСТИ PDF Печати Е-пошта
(44 гласови, просечно 4.73 од можни 5)
прочитано 18225 пати
Петок, 05 Април 2013 01:10

Некои луѓе многу поинтензивно го доживуваат светот околу себе, нешто што ги прави различни и интересни. Кои се нивните карактеристики?

 хиперсензитивна балерина

Пред да ги наведеме карактеристиките на овие луѓе, би требало да укажеме на фактот дека причините за нивната пречувствителност лежат во уникатната биологија која ја поседуваат, а за која некои сметаат дека претставува генетска варијација што се јавува кај околу 15% од луѓето во светот. Таа вклучува сензорна дефанзивност и психичка осетливост која е основа за креативноста и холистичкиот начин на размислување.

 пречувствителна жена

Во денешниов комплексен свет во кој живееме, високо сензитивните или преосетливите луѓе не само што се потребни туку се дури и неопходни за да го одржиме онаков каков што е или унапредиме понатаму. Тоа се луѓе кои се важни заради својата способност да ги видат работите кои на другите им бегаат од вниманието. Нивните развиени вештини на процесирање на информациите ги оспособуваат многу лесно да гледаат каде и кога е потребна промена и како да се направи таа. Тие се високо осетливи за системите околу себе, мајстори на холистичкото размислување преку кое секогаш ја имаат пошироката перспектива па преку тоа и најоптималното и најконструктивно решение за проблемите. Имаат посебен осет за структурите на нештата, нивното функционирање, а со тоа и како би требало да се променат во однос на некоја цел. Тоа ги прави практично незаменливи во процесот на еволуција на човечката раса.

сензитивни луѓе 

Сето ова укажува на потребата прашањето за тоа кои се нивните карактеристики да биде подетално одговорено. Високо чувствителните или пречувствителните луѓе, се одликуваат со исклучително голема способност за имагинација и креативност, љубопитни се, интуитивни, грижливи и продуховени. Располагаат со огромни интелектуални способности што ги прави незаменливи во решавањето на проблеми. Се одликуваат со објективност и секогаш ја имаат во предвид пошироката слика во ситуациите. Кога се мотивирани, покажуваат неверојатна издржливост и истрајност. Имаат способност за длабоко разбирање на чувствата на луѓето, непосредно да сочувствуваат со нив и да им дадат поддршка и совет. Покажуваат речиси екстремна свесност за работите и со леснотија можат да допрат до најважните информации кои во себе ги носи несвесниот ум. Имаат непосредно разбирање за светот околу себе и ја почитуваат природата. Поседуваат силни естетски чувства и исклучително ја ценат уметноста, особено музиката.

самовила 

Но, нивната дарба во најчест случај, особено во денешниве општества, значи проклетство а не среќа. Ако овие индивидуи не научат од мали како да се справуваат со својата осетливост, може да доживуваат длабоки страдања. Некои од нив ја губат рамнотежата кога се работи за саможртвувањето што неизбежно води кон емоционална депривација. Овие луѓе мораат да научат како да се фокусираат на себеси, наместо или пред да се фокусираат на другите, за да ги задоволат најпрвин своите потреби за кои типично како да не се свесни. Откако ќе го поминат патот на самопронаоѓање и саморазбирање, ќе имаат почиста слика за тоа што сакаат или поточно што треба да прават во својот живот.

хиперсензитивна девојка 

Нивните карактеристики се протегаат во различни области од животот, па затоа мора да научат какви се и како да се справат со себеси во секоја од нив:

Во емоционална смисла, пречувствителните луѓе лесно може да бидат престимулирани и тоа до точка на екстремно задоволство или екстремна болка. Исклучително се сензитивни за емоциите на другите и имаат голема способност да сочувствуваат со нив. Можат да ја почувствуваат „емоционалната атмосфера“ некаде веднаш при што многу им пречи дисхармонијата, која за жал е речиси сеприсутна во денешниот свет. Обично имаат комбинација на интровертност и екстровертност во себе, заради фактот што имаат потреба да бидат со себеси во подолги периоди кога имаат потреба да ја закотват својата свест, но исто така сакаат да се дружат со другите луѓе и да бидат во интеракција со околината. Ова ги наведува другите луѓе да не се сигурни за каков тип на човек се работи, па обично им ставаат етикета или на едниот или на другиот тип, а неретко и на „чудаци“. Многу од овие луѓе научуваат како да ја прикријат својата дарба на сензитивност, интуитивност и креативност уште од мали нозе, затоа што ни самите а ни околината не знае како да се справи со прекумерната стимулација која ја доживуваат. Во ваков случај, обично когнитивната модулација им се наоѓа како некаков излез.

преголема стимулација 

Физички, преосетливите луѓе имаат голема потреба од време и простор за себеси за да се справат со количеството на влезни сензорни информации кое можат да го примат. Најчесто имаат низок праг на толеранција на мириси, звуци, светла и слични силно вибрирачки сензации кои мораат да ги апсорбираат, процесираат и евалуираат. Во таков случај може да изгледаат збунето, или ако научиле како да се справуваат со таква ситуација да им треба голем напор за да се однесуваат прибрано. Покажуваат интересна способност и осетливост за своето тело во одредена околина или за процесите кои внатрешно им се случуваат. Тие едноставно како да знаат дека нешто лошо или обратно, нешто добро се случува, во или вон нив. Затоа, порано или подоцна мораат да си обезбедат режим на исхрана кој е во согласност со нивната осетлива природа. Слично важи и за нивниот животен простор, мора да го најдат „своето“ место. Имаат голема потреба да се поврзани со природата, од редовно вежбање, релаксација, медитација или некој нивен начин на смирување и доведување во рамнотежа после прекумерната стимулација која често може да ја доживуваат.

принцезата на зрно грашок 

Социјално, во најчест случај пречувствителните луѓе се чувствуваат неадекватно, како да не припаѓаат некаде. Хиперсензитивните луѓе, немаат проблем, туку напротив сакаат кога се самите со себеси. Тоа ги смирува, ги доведува во рамнотежа и тие се чувствуваат удобно во таква ситуација. Социјалните интеракции може да ги отклонат од таквата рамнотежна состојба па тоа да им создаде потреба да се повлечат во себе. Психолошкиот исход од преосетливоста е или да се заштитат себеси преку изолација и поминување премногу време сами со себе, или да се обидат да бидат „нормални“ или социјабилни, состојба која ги води кон преголема стимулација односно стрес. Бргу гледаат во длабочината на луѓето, па обично првата работа што мораат да ја научат е да ги толерираат нивните несовршености. Она што мора да го научат од друга страна е како да стават граници во односот со некого, како да кажат не, и до каде може да се оди во комуникацијата со другите луѓе поразлични од себе. Во однос на нивната социјална личност, овие индивидуи се забележливо срамежливи, но тоа во нивен случај не е израз на слабост туку потреба за опстанок. Со оглед дека нивната природа е преосетлива, еволуцијата го осмислила нивниот биолошки дизајн така што срамежливоста да им биде начин на самозаштита. Сепак, проблемот со срамежливоста може да стане преголем и да ја блокира нивната потреба за социјализација и поврзување со другите, па затоа треба да се обрне посебно внимание во ваков случај и да им се помогне доколку не можат самите да се справат со него. Ова многу често се забележува на нивните работни места, каде и покрај тоа што го заслужуваат, не го добиваат унапредувањето заради тоа што не успеале да ги истакнат своите способности или пак не успеале да се наметнат. Работодавците треба да бидат многу свесни за овој факт, затоа што не препознавајќи ги ваквите луѓе ги губат нивните скапоцени способности кои можат да им донесат невиден напредок.

срамежлива девојка 

Во врските, мораат да научат како да даваат и како да примаат љубов, а сето тоа да биде урамнотежено. Мора да разберат дека саможртвата ги води кон емоционална депривација. Треба да си дозволат себеси да бидат ранливи и да се соочуваат со проблемите наместо да бегаат од нив. Да имаат позитивен однос кон животот и да учат од добрите искуства. Многу од овие личности едноставно ги избегнуваат некои области од животот за да се заштитат од последиците на пречувствителноста која ја носат во себеси не сфаќајќи дека токму во некои од предизвиците кои се исправаат пред нив лежат и големите можности. Да воспостават вистинска релација може да им биде тешко, и заради своите неразрешени конфликти но и заради конфликтите што ги има нивниот партнер или партнерка кои веднаш ги забележуваат. Добрата страна е што можат со своите способности да им помогнат да ги надминат нивните персонални проблеми, а ако имаат емоционален афинитет кон нив тоа ќе ги направи среќни, како да исполниле некоја своја цел. Преосетливите личности најкомфорно се чувствуваат со исти такви личности, иако понекогаш рушењето на ѕидовите оди тешко и за двете страни, па не можат да се препознаат, затоа што во животот научиле како да ја прикриваат својата хиперсензитивност од страв да не бидат пресилно повредени. Сепак, ако тоа се случи, тогаш поврзувањето е на извонредно длабоко ниво и создава нераскинлива врска.

пар 

Од исклучителна важност за хиперсензитивните луѓе е да најдат значење во својот живот. Се разбира, сите го посакуваат тоа, но за пречувствителните луѓе ова е издигнато на ниво на насушна потреба. Тие во поинаков случај речиси и да не можат да функционираат. Во нивната срж е да посакуваат другите да се среќни и да им помогнат да го остварат тоа. Нивната продуховеност и капацитет за откривање на најдлабоките внатрешни тајни ги оспособува да разберат секого. Непосредното сфаќање на светот околу себе пак ја дополнува сликата и им отвора можност да го направат подобро место за сите.

Сепак преосетливоста која ја носат како проклетство уште од најмали нозе им прави разноразни лузни на душата, кои кај овие луѓе многу повеќе болат отколку кај другите. Од клучна важност е тие да ги залечат раните од минатото, затоа што за нив не постои како за другите, заборавање или потиснување. Тие силно ќе ги чувствуваат и ќе се навраќаат на нештата се додека не ги надминат.

маж кој плаче 

Постојат и неколку карактеристични заблуди во однос на преосетливите луѓе. Па затоа да разјасниме и какви не се. Тие во никој случај не се емоционално незрели, егоцентрични и преокупирани со себеси, постојано жедни за внимание, со непредвидливи и нестабилни емоции или пак премногу зависни од други луѓе. Особено во западниот компетитивен свет на константна отворена или затскриена општествена борба, на многумина им изгледаат чудно, некарактеристично, дури и „дефектно“. Тоа може да ги наведе дури и на претпоставка дека не се многу интелигентни. Но, спротивно на оваа претпоставка, преосетливите личности речиси редовно располагаат не само со висок туку и со врвен коефициент на интелигенција.

Генерално говорејќи, најголемиот број на истражувачи, пронаоѓачи, креативци, генијални писатели, луѓе со вонредна имагинација, иноватори и останати кои го задолжиле човештвото со своите дела без двоумење може да се стават во категоријата на високо сензитивни односно преосетливи луѓе.

Никола Тесла 

На секое општество му се потребни овој тип на луѓе, во исто толкава мера колку што му се потребни лидери, силни воини и врвни уметници. Иако честопати работи против нив, дарбата која ја поседуваат може да биде од исклучителна важност за било која општествена заедница. Тоа се луѓето кои пронаоѓаат интелигентни решенија и кога се мисли дека е се изгубено или пак решението ни изгледа претешко.

Затоа, наша задача е да ги препознаеме, да им подадеме пријателска рака која ќе го сруши нивниот заштитен ѕид и ќе ги натера да преминат преку својата срамежливост и ни ја отворат нивната нежна и длабока душа преполна со креативна и иновативна енергија. Тие секогаш ќе знаат како да ни го дадат најдобриот совет или најдоброто решение дури и на нашите најтешки проблеми.

пречувствителна личност 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.