RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
МАРКЕТИНГ И СЕ Е МОЖНО
Понеделник, 19 Декември 2011
Слика
КОЛКУ ЈАЗИЦИ ЗНАЕТЕ?
Четврток, 02 Декември 2010
Слика
ПОДЕЛЕН МОЗОК
Понеделник, 19 Септември 2011
Слика
МИТОВИ ЗА ВРСКИТЕ И СЕКСОТ
Среда, 16 Ноември 2011
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА ПОВРЕДЕНИ СПОРТИСТИ
Понеделник, 21 Ноември 2011
Слика
ОМЕГА 3 ПРОТИВ ДЕПРЕСИЈА
Четврток, 17 Февруари 2011
Слика
5 ТИПОВИ ЉУБОВНИЦИ
Вторник, 20 Септември 2011
Слика
ЗА СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ
Среда, 05 Јануари 2011
Слика
КАКОВ БИЛ СЕКСОТ ПРЕД ТРИ ВЕКА?
Петок, 03 Декември 2010

Никогаш не сме толку беспомошни како кога сме заљубени.

Зигмунд Фројд



ТОКСИЧНИТЕ ЕМОЦИИ И ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 5955 пати
Среда, 27 Февруари 2013 19:23

Негативните или т.н. токсични емоции, како лутината, гневот и стресот во општа смисла, може да имаат деструктивен ефект не само врз менталното туку и врз физичкото здравје.

  загрижен човек

Голем број лекари, и покрај се побројните докази, се сомневаат во клиничкото значење на емоциите. Причината за ова веројатно е во комплексноста на низата промени кои ги предизвикува една негативна емоција слабеејќи го ефектот на клетките на имунолошкиот систем, предизвикувајќи и ред други појави кои не се толку очигледни или брзо може да се откријат.

Сепак, мора да се признае и дека ретко ќе најдете лекар кој целосно ќе негира дека емоциите се медицински релевантни. Секој поискусен хирург знае дека обично луѓето кои се исклучително исплашени, не поминуваат најубаво во текот на операцијата а и потешко закрепнуваат. Оние кои се посмирени, целиот процес го поминуваат полесно. Па така, голем број хирурзи ако го забележат присуството на негативни емоции кај својот пациент се решаваат и да ја одложат операцијата.

токсични емоции 

За ова постојат и реални физиолошки причини, со оглед дека во состојба на страв и вознемиреност редовно се зголемува крвниот притисок, вените се шират и повеќе крвават под хируршкиот нож. Токму ова, зголеменото крвавење, е една од најсложените хируршки компликации која ниту еден хирург не си ја посакува за време на операцијата.

Се е поголем бројот на студии кои придонесуваат со свои податоци во потврда на големото клиничко значење на емоциите. Тие влијаат врз сите, независно од пол и возраст, и било која друга слична карактеристика, што е и разбирливо, затоа што сите ние имаме емоции.

тажен човек 

Испитувањата покажуваат дека вознемирувачките емоции, во одреден степен, се поразителни за здравјето. Оние луѓе кои се изложени на долги периоди на тага и песимизам, депресивно расположение, хронична анксиозност, постојани тензии и незадоволство, сомнежи, склони кон цинични и зајадливи забелешки, се двојно поподложни на болести како астма, артритис, срцеви заболувања, пептичен улкус, чести главоболки и ред други кои претставуваат основни категории на заболувања. Евидентно е дека токсичните емоции се профилираат како еден од основните фактори на општ ризик по здравјето, речиси исто како што пушењето и холестеролот се значајни како специфичен фактор во однос на срцевите заболувања.

замислен човек 

Секојдневно се акумулираат нови податоци од истражувања со кои се покажува дека луѓето кои се под влијание на хронични негативни чувства полесно и подлегнуваат на болеста, а се повеќе и такви кои укажуваат на улогата на емоциите во самиот тек на болеста. Лутината, гневот, анксиозноста, депресивноста се секако предводници во оваа токсична група. Тие имаат сложено и далекусежно влијание врз одбранбената способност на секој човек. Кај некого повеќе, кај некого помалку, но и на оние најздравите доколку се затрујат со негативни емоции полека почнува да им опаѓа здравјето.

жена со апче 

Заради сложеноста на ова влијание, неопходно е и медицински прагматично, што поцелосно и попрецизно да се изучат сите биофизиолошки механизми на дејството на емоциите врз здравјето на луѓето. Повеќе од јасно е дека постои, па доколку имате некакви физиолошки проблеми, имајте го во предвид влијанието на емоциите и обидете се емоционално да се детоксифицирате. Тоа барем е пред се во ваши раце и можете да го сторите сами за себе.

 жена во природа

Како да се детоксифицирате од штетните емоции?

Секој импулс на животот може да се разгледува во термини на поттикнување, потхранување на животот во вас или пак на негово уништување, труење. Првото ви носи добро здравје и среќа, а второто несреќа и лошо здравје.

Редовно треба да го прочистуваме не само нашето тело, туку и нашиот ум и емоции ако сакаме да почувствуваме вистинско здравје и емоционална слобода. Ако им дозволиме на токсичните емоции да се наталожат, во еден момент тие ќе го повлечат и телото со себе. Имајте го ова на ум секогаш кога сте исполнети со чувства на лутина, непријателство, жалење, одбојност, тага, бес, гнев, незадоволство, напнатост...

медитација во природа

За да се справите со овие емоции ќе ви треба малку знаење и многу вежба. Обидете се да ги испуштите емоционалните отрови од вас и да си ги прочистите емоциите со овој процес составен од седум чекори:

  1. Идентификувајте ја емоцијата – кога и да се наоѓате во емоционални превирања, најдете некое помирно место и обидете се да ја идентификувате емоцијата што ја чувствувате. Започнете со „Јас се чувствувам ...“, па продолжете со она што ве мачи, тажен, лут, повреден итн. Потрудете се што е можно појасно да го опишете и потоа дефинирате она што го чувствувате.
  2. Осетете ги и станете свесни за вашите чувства во телото – емоциите се и мисли поврзани со некои физички осети. Свесно разгледајте го чувството и дозволете си вашето внимание целосно да ја осети сензацијата. Внесувајќи се во чувството си дозволувате да ја искусите физичката сензација а преку тоа веднаш ќе осетите како набојот на емоцијата се намалува.

    масажа

  3. Преземете одговорност за она што го чувствувате – еден од најважните аспекти на оздравување на емоционалното тело е да сфатиме дека имаме избор во тоа како реагираме и ги интерпретираме нашите искуства.
  4. Изразете си ја емоцијата себеси – Ако имате доволно приватност, кажете си ги емоциите наглас, ако немате тогаш напишете си ги. Опишете ја ситуацијата и околностите и ефектот кој го имаат врз вашата душа. Оставете им на зборовите да ви послужат како проводник за испуштање на токсичните емоции. Истражувањата покажуваат дека водењето дневник во врска со емоционалните искуства кои ве мачат може да го подобри вашиот имуно-систем, а исто така тоа ќе ви помогне да се здобиете со појасна и поцелосна претстава за вашите чувства.
  5. Ослободете ја емоцијата преку некаков физички „ритуал“ – направете си сеанса со длабоко дишење, одете на масажа, пуштете си музика танцувајте како „луди“, отидете на подолго трчање и сл.


    жена се растегнува

  6. Откако ќе се смирите споделете ја емоцијата со личноста вклучена во ситуацијата – Ако сте ги поминале сите чекори од 1 до 5, би требало да сте во состојба да ја споделите вашата емоција со другата личност без обвинувања и без да се обидувате да ја изманипулирате да ви даде сожалување или да си ја „признае грешката“.
  7. Прославете! – Направете нешто убаво за себеси. Наградете се за процесот на разоткривање и ослободување на болката и емоцијата. Негувајте се себеси. Слушајте ја омилената музика, изедете вкусно јадење или направете ја било која друга работа од таков тип која ви причинува задоволство.

Следењето на овие седум чекори е само еден од начините како да се справите со токсичните емоции. Како и да одберете да се справите со нив ќе бара посветеност и напор од ваша страна. Но, користа е бесценета, се работи за вашето здравје.

стрес 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.