RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
КАКО ДА ИМ ПРОСТИТЕ НА ДРУГИТЕ?
Четврток, 10 Ноември 2011
Слика
СО КОГО ОДИТЕ НА КИНО?
Четврток, 03 Март 2011
Слика
ЗАБРАНЕТО СОЦИЈАЛНО ОДНЕСУВАЊЕ
Вторник, 06 Септември 2011
Слика
КАКО ЗНАЕМЕ ДЕКА НАШЕТО ТЕЛО Е НАШЕ?
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
САМО НЕ ПАРИТЕ
Вторник, 08 Февруари 2011
Слика
ТЕХНО МОЗОК
Понеделник, 20 Декември 2010
Слика
ШТО Е ДВОЈНА ДИЈАГНОЗА???
Понеделник, 19 Септември 2011
Слика
ОСТРАКИЗАМ
Вторник, 13 Март 2012

Има еден  многу чуден парадокс, дури кога ќе се прифатам себеси за таков каков што сум, дури тогаш можам да се променам.

Карл Роџерс



ПОСТОЈАТ ЛИ НАВИСТИНА ПЕТТЕ ФАЗИ ВО ТАГАТА? PDF Печати Е-пошта
(6 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 6903 пати
Недела, 24 Февруари 2013 21:24

За тагата можеме да зборуваме само кога сами ќе ја почувствуваме.

 солзи на тага

Очекуваме (знаеме) дека некој наш близок е на умирање, но не можеме да погледнеме подалеку од деновите што доаѓаат веднаш после таа смрт која ја замислуваме. Џоан Дидион во „Годината на магично размислување“ убаво го опиша процесот на тагата и што значи да изгубиме некој што го сакаме.

Луѓето често зборуваат за познатите 5 фази на тагата - негирање, бес, преговарање, депресија и помирување. Овие 5 фази се прифатени во светот, а на кратко се познати како DABDA (denial-anger-bargaining-depression-acceptance). Не постои временска рамка кога се случуваат овие фази и колку траат, но се прифатени како дел од нормалниот тек на тагата.

 момче со мртва девојка

Овој концепт потекнува од 1960тите години, почнувајќи со испитувањата на Џон Болби, психологот кој стана познат по неговите испитување на поврзаноста помеѓу бебињата и нивните родители, и Колин Муреј-Паркс кој напишал многу за процесот на тагата. Тие заедно ги идентификуваа четирите фази на тагата кои произлегоа од интервјуата направени со 22 вдовици: зашеметеност, недостигање и силна желба, депресија и реорганизација. Подоцна, Елизабет Кублер-Рос, позната по тоа што го променила општиот став кон лекувањето на оние што се на умирање, разговарала со луѓе на смртна постела и оттука ги развила петте фази кои денес се нашироко познати и прифатени а го опишуваат искуството на личност која се соочува со блиска смрт. Потоа, истите овие фази се применуваа за да се опише состојбата на луѓето кои тагуваат.

прегратка во тага 

Бидејќи овие фази биле поставени и функционирале без систематски докази, истражувачи од Универзитетот Јеил решиле да ги тестираат овие 5 фази во 2000 година. Во текот на 3 години, тие собирале податоци за нивниото таканаречено „Истражување за тагата на Јеил“ - разговарале со 233 лица кои се соочиле со загуба на нивните сакани по 6, 11 и 19 месеци по смртта. Луѓето чии блиски загинале насилно и оние кои малку покомплицирано реагирале на тагата биле исклучени од истражувањето.

жена во тага 

Резултатот покажа малку посложени податоци. Истражувачите открија дека помирувањето е најсилната емоција во процесот, а негирањето послаба. Втората најсилна емоција беше недостигањето, тагата по изгубеното а депресијата беше посилна од бесот во секоја фаза. Исто така, емоциите меѓусебно не се менуваа по некој редослед, секоја емоција доаѓаше со ред, но, на пример, една личност во третата фаза посилно го покажуваше чувството на помирување отколку на бес.

По 6 месеци, истражувачите открија дека сите негативни емоции почнаа да се намалуваат, но тоа секако не значи дека луѓето ги пребродиле нивните тешки загуби. Јасно е дека оние кои ги нема во нашите животи ни недостигаат со години, но луѓето се учат да се справуваат со загубата. Исто така, треба да се земе предвид дека, од етички прични, истражувачите разговарале со учесниците барем еден месец по загубата, и поради тоа, немаат јасна слика што се случувало во првите моменти по загубата.

маж в тага 

Времето лекува

Едно истражување што беше објавено неколку години подоцна, ги вклучуваше и случаите на насилна смрт, но во овој случај, испитаниците биле студенти на колеџ и повеќето од нив загубиле роднини. И во овој случај, фазите не беа јасно одделени, но разликата беше тоа што овие испитаници не биле следени во текот на неколку месеци, туку со нив било разговарано повремено и кратко со цел да се открие која личност во која фаза се наоѓа, и со тоа се откри дека има огромна разлика од оние кои се соочиле со загуба пред 6 месеци и една година.

Едно друго истражување потврди дека повозрасните луѓе не реагираат според посочените фази. Џорџ Бонано од Универзитетот Колумбија испитуваше луѓе пред тие да се соочат со смртта на некој близок, и повеќето од нив беа повозрасни сопружници. Тој откри дека 45% не почувствуваа голема тага ведаш по смртта на нивните сакани, а уште помалку со текот на времето - на 10% од нив дури и им се подобри менталното здравје. Бонано смета дека тие веќе биле помирени и способни да се справат со загубата. Со тоа, Бонано покажа дека овие 5 фази не важат кај постарите.

тажна девојка 

Што и да покажуваат резултатите, овие 5 фази на тагата се интресни за истражување, затоа што им даваат на луѓето до знаење дека без разлика колку тешко се чувствуваат во моментот, секогаш има надеж дека ќе е подобро. Ова едниствено не може да ги утеши оние кои сметаат дека не поминуваат низ овие фази и мислат дека не тагуваат „правилно“ или нешто не е во ред со нив.

Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека не постои „правилен“ или „неправилен“ начин на тагување. Никој не тагува исто. Загубата останува засекогаш, но тагата се менува со време. Ова не значи дека сите на ист начин се лекуваат и ја пребродуваат тагата. Но, во секој случај, убаво е да се има претстава за тоа каде би се движела тагата во наредниот период, иако во вистинскиот живот тие насоки и разграничувања не се секогаш исти како во теориите. Животот во пракса е малку похаотичен.

 солза

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.