RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ТОПОЛ ПИЈАЛОК ЗА ДОВЕРБА
Среда, 15 Декември 2010
Слика
БОЛНИ НА ПОЛНА МЕСЕЧИНА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ПОТЕКЛОТО НА МОРАЛНОСТА
Среда, 18 Јануари 2012
Слика
ЗОШТО СЕ БАКНУВАМЕ?
Четврток, 06 Октомври 2011
Слика
ЖЕНИТЕ САКААТ ГРУБ СЕКС
Среда, 14 Септември 2011
Слика
ШТО Е ДВОЈНА ДИЈАГНОЗА???
Понеделник, 19 Септември 2011
Слика
НИЗОК КОРТИЗОЛ = АНТИСОЦИЈАЛНОСТ
Вторник, 02 Ноември 2010
Слика
ТРОЕН МОЗОК
Четврток, 13 Јуни 2013
Слика
ПРОЗОРЕЦ КОН ИНТИМАТА
Петок, 08 Март 2013

„Чудовиштето кое најмногу го познава и од кое најмногу се плаши едно дете е чудовиштето кое чувствува дека самото е или се плаши дека може да биде“

Бруно Бетелхајм



ШТО Е ЕМОЦИОНАЛНО НАПУШТАЊЕ? PDF Печати Е-пошта
(8 гласови, просечно 4.63 од можни 5)
прочитано 6147 пати
Четврток, 25 Октомври 2012 16:48

Многу луѓе не се свесни дека се чувствуваат емоционално напуштени или дека така се чувствувале како деца.

 запуштено дете

Можеби се чувствувате постојано несреќни а едноставно не можете да посочите зошто сте несреќни и што ве прави да се чувствувате така. Кога ќе помислат на напуштање луѓето обично тоа го асоцираат со некаков физички чин, како занемарување на пример. Исто така, може да не бидат свесни дека некоја загуба на физичка блискост заради смрт, развод или болест честопати се доживува како емоционално напуштање.

Како и да е, емоционалното напуштање нема ништо заедничко со физичката блискост. Тоа може да се случи дури и ако другата личност е непосредно до вас, кога не можете да се поврзете и кога на вашите емоционални потреби не е одговорено во една релација.

блокада во комуникацијата 

Емоционални потреби

Честопати луѓето не се свесни за сопствените емоционални потреби и едноставно чувствуваат дека нешто им фали. Но, луѓето имаат многу емоционални потреби особено во една интимна врска. Вклучувајќи ги потребите:

  • Да се биде чуен и разбран
  • Да се биде негуван
  • Да се биде ценет
  • Да се биде вреднуван
  • Да се биде прифатен
  • За приврзаност
  • За љубов
  • За дружба

емоционална блокада 

Последично, доколку има конфликт, злоупотреба или неверство, овие потреби остануваат незадоволени. Понекогаш, неверството е симптом за емоционално напуштање во врската од едниот или од двата партнери. Дополнително, ако едниот од партнерите е зависник, другиот може да се чувствува занемарено, затоа што зависноста доаѓа на прво место и го конзумира вниманието на зависникот, спречувајќи го него или нејзе од присутност во сегашниот момент.

 зависник од интернет

Причини за емоционално напуштање

Дури и во здравите врски, постојат периоди, денови, или пак одредени моменти на емоционално напуштање кое може да биде ненамерно или несвесно. Причините може да лежат во:

  • Намерно ускратување на комуникацијата или блискоста
  • Надворешни стресори, вклучувајќи ги обврските на родителството
  • Болест
  • Спротивставени работни обврски
  • Недостиг од заеднички интереси и време поминато заедно
  • Преокупација со себеси
  • Недостаток од здрава комуникација
  • Неразрешена одбивност
  • Страв од блискост и интимност

 емоционално дистанцирана двојка

Кога двојките не споделуваат заеднички интереси или работните обврски ги спречуваат да имаат ист распоред и на спиење, едниот или другиот може да се почувствува напуштен. Треба да направите дополнителен напор за поминување време заедно и разговор за вашите искуства и интимни чувства со вашиот партнер за да ја одржите врската во добра состојба.

Повеќе штетни и нездрави шаблони на комуникација може да се развијат, каде едниот или и двајцата партнери не споделуваат отворено, не слушаат со почит кон другиот и не одговараат со интерес. Доколку се чувствувате игнорирано или дека вашиот партнер не разбира или не му е грижа за тоа што се обидувате да искомуницирате, тогаш постои реална можност по некое време да прекинете да му кажувате работи. Почнуваат да се издигнуваат ѕидови и по некое време се наоѓате во состојба на одделени емоционални животи. Еден од знаците може да биде фактот дека повеќе време поминувате во разговор со пријателите отколку со вашиот партнер или незаинтересираноста за секс или поминување повеќе време заедно.

 емоционални проблеми во спална

Одбивноста лесно може да се развие во една врска во која вашите чувства, особено болката или лутината, не се изразуваат јасно. Кога ќе заминат во подземјето, или ќе се повлечете емоционално или пак ќе го оттурнете партнерот со критики и потценувачки коментари. Ако имате очекувања кои не ги изразувате, а наместо тоа верувате дека на партнерот би требало самиот да му текне или да ги претпостави, тогаш се осудувате себеси на разочарувања и одбивност.

Кога вие или вашиот партнер или партнерка се плашите од интимност, може да се тргате, градите ѕидови, или пак да се оттурнувате еден од друг. Обично, овој страв не е свесен. Во советувањето, двојките имаат можност да разговараат за својата амбивалентност, што им дозволува да се зближат. Честопати, однесувањето на напуштање следи после период на блискост или секс. Една од личностите може физички да се повлече или да креира оддалеченост со не зборување или пак со премногу зборување. Било кој од начините ја остава другата личност со чувство на осаменост и напуштеност. Стравот од интимност вообичаено потекнува од емоционалната напуштеност во детството.

 емоционално напуштено дете

Во детството

Емоционалната напуштеност во детството може да се случи ако примарниот старател, обично тоа е мајката, не е способна да му се најде емоционално на своето детенце. Многу често се работи за реплицирање на сопственото искуство од детството, но исто така причините може да лежат во стресот. Многу е битно во развојот на детето мајката да има осет и биде во склад со чувствата и потребите на своето дете и да ги рефлектира кон него. Таа може да биде преокупирана, ладна, или неспособна да емаптизира со своето дете, како за неговите успеси така и за емоциите кои го вознемируваат. Тој или таа потоа завршува со чувства на осаменост, одбиеност и потиштеност. Обратното исто така е точно, кога еден родител му дава на своето дете премногу внимание, но тоа не е во согласност со она што на детето навистина му треба. Односно, мајката му дава на детето нешто што нему не му треба, не му го дава она што му треба. Па така, потребите на детето остануваат незадоволени, што исто така е форма на напуштање.

мајка без способност за емпатија 

Напуштањето не мора да се случува само во раното детство, тоа може да биде случај и подоцна исто така, кога детето е критикувано, контролирано, третирано нефер или кога на било кој друг начин му се дава порака дека тоа или неговото искуство е небитно или погрешно. Децата се ранливи, и не треба многу за да се почувствуваат повредено или напуштено.

емоционално напуштено девојче

Напуштањето може да се случува и во ситуација која родителот му се доверува на своето дете или очекува тоа да преземе одговорности кои не се соодветни за неговата возраст. Во ваков случај детето мора да си ги потисне своите потреби и чувства за да ги задоволи чувствата на возрасниот.

 дете со емоционални проблеми

Неколку инцидентни ситуации на емоционално напуштање не можат значително да го нарушат здравиот развој на детето, но кога тие се честа појава, ги одразуваат недостатоците на родителот и од родителство, што пак влијае врз развојот на чувството на детето за себе, за своето себство, особено врз чувството на сигурност кое понатаму води кон проблеми со интимноста, како страв од интимност или козависност во врските како возрасен човек. За овие проблеми обично препорачливо е да се практикува терапија за двојки која може да ги зближи партнерите преку развој на блискост, оздравување од чувството на напуштеност, како и промена на сопственото однесување.

 русокосо емоционално напуштено девојче

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.