RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЗОШТО ПЦУЕМЕ?
Понеделник, 15 Ноември 2010
Слика
СО КОГО ОДИТЕ НА КИНО?
Четврток, 03 Март 2011
Слика
ЕМОТИВНИ РИБИ
Сабота, 12 Март 2011
Слика
ПРОШЕТКА ЗА МЕМОРИЈА
Вторник, 15 Март 2011
Слика
10 НАЈДЕСТРУКТИВНИ ОДНЕСУВАЊА 2 ДЕЛ
Четврток, 17 Февруари 2011
Слика
КУЧЕ ДЕПРЕСИВЕЦ
Вторник, 11 Јануари 2011
Слика
ЗАВИСНОСТА ОД КАФЕ ГЕНЕТСКА?!
Четврток, 14 Јули 2011

„Цивилизацијата започна кога за прв пат некој гневен човек фрли збор наместо камен“

Зигмунд Фројд



ДАЛИ СТЕ ЗБЛИЖУВАЧ ИЛИ ОДДАЛЕЧУВАЧ? PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 4214 пати
Вторник, 16 Октомври 2012 16:48

Во динамиката на една врска, обично едниот игра улога на зближувач а другиот е оддалечувач. Која улога ја играте вие?

 зближувач и оддалечувач

Овие улоги вообичаено се појавуваат во состојба на стрес, и се јавуваат како резултат на стресот. Не е невообичаено и двете страни да имаат иста реакција, да се зближувачи или оддалечувачи, но најчесто се зема едната улога. Исто така, честопати за одделни работи, партнерите знаат и да си ги сменат улогите. Начелно, едната не е подобра од другата. Но во однос на зачувување на една врска, доколку нема зближувач, веројатноста таа врска да се распадне се зголемува.

 двојка во лоши односи

Проблемот обично настанува кога улогите се вкоренуваат. Кога ова ќе се случи, однесувањето на едниот партнер го провоцира и одржува однесувањето на другиот.

На пример, се случува ситуација која продуцира стрес, едниот од партнерите, да речеме таа, сака да поразговара со него за настанатата ситуација. Тој се повлекува со што предизвикува уште поголема анксиозност кај неа, па таа уште посилно инсистира на поблиска комуникација, со што го зголемува неговото дистанцирање. Подоцна, избива кавга и секој од партнерите го обвинува другиот дека ја предизвикал.

 двојка во кавга

Се разбира, секогаш е полесно да се впери прстот во оној другиот и да се тврди дека тој ја предизвикал кавгата, без да се прифати сопствената вина за проблемот. Со цел вистински да се доближите до оддалечен или партнер кој се оддалечува, мора да го откриете магичниот круг кој ја стимулира таквата состојба и да се преземат потребните чекори тој да се промени.

 двојка во кавга покажување со прст

За да ја смените својата улога во таа „игра“ на зближувач и оддалечувач, или барем да го смените ефектот кој таа го предизвикува, мора најпрвин добро да ги разберете карактеристиките на секој од стиловите на однесување. Идентификацијата на нашата улога најдобро ќе ја направиме во време на високо ниво на стрес кога стануваме една нагласена верзија на себеси.

двојка во расправија 

Кои се главните карактеристики на едниот и на другиот стил на однесување?

Зближувач:

 

  • Реагира на анксиозноста со барање за поголема блискост и заедништво во врската
  • Високо ги вреднува разговарањето за работите и изразувањето на чувствата, со цврсто уверување дека и другата страна треба да го прави истото.
  • Се чувствува одбиено и си го зема при срце барањето на партнерот за повеќе време и простор насамо или надвор од врската.
  • Се труди што повеќе да се зближи со партнерот кога тој бара дистанца, и влегува во целосно повлекување кога тие напори ќе завршат без успех.
  • Се означуваат себеси со негативни етикети од типот „премногу зависен“ или „со преголеми барања“ во нивната врска.
  • Го критикуваат својот партнер како некој кој не може да се справи со чувства или поднесе блискост.
  • Пристапуваат кон партнерот со чувство на итност и емоционален интензитет кога се анксиозни.

двојка во кревет 

Оддалечувач:

  • Бараат емоционална дистанца преку физички простор при високо ниво на стрес.
  • Сметаат дека може да се потпрат единствено на себеси и се сметаат за затворени личности – повеќе се насочени сами да си ги решаваат проблемите отколку да бараат помош.
  • Имаат потешкотии да ја покажуваат својата ранлива страна, да покажуваат зависност или дека имаат потреби.
  • Од нивните партнери ги добиваат етикетите „непристапен“, „затворен“ и „емоционално блокиран“.
  • Се справуваат со анксиозноста во нивната врска или брак преку посветување на работата или повлекување во некакви хобија кои ги изолираат од таа релација.
  • Имаат ниско ниво на толеранција на конфликт и не сакаат да разговараат со својот партнер („не вреди да се прави муабет за тоа“).
  • Се отвараат послободно кога не се притиснати, гонети или критикувани од својот партнер.

 оддалечувач

Се разбира, секој од партнерите може да ја игра и едната и другата улога во различни времиња и за различни работи. На пример, партнерот може ако се работи за емоционална блискост да настојува да се зближи, а доколку се работи за здравствен проблем да се повлече.

Како и да е, зближувачот е оној кој повеќе пати заради дистанцата, па затоа е помотивираниот да го промени текот на настаните и таквиот шаблон. Постојат повеќе аспекти за тоа како да му пристапите на проблемот ако сте во улога на зближувач, но главно се сведуваат на тоа малку да „олабавите“ со интензитетот во инсистирањето за поблиска комуникација.

 расправија

Од друга страна оддалечувачот пак е помалку мотивираната страна да ги промени нештата и обично настојува да ја одржи статус кво состојбата на врската. Несвесен дека по долгите напори на зближувачот да се постигне поголема блискост, во еден момент може целосно да прекине да го прави тоа и нагло да се повлече прекинувајќи ја врската. Во ваква ситуација, обично улогите се сменуваат, оној кој бил зближувач станува оддалечувач а оној кој држел дистанца станува страната која почнува да инсистира на поголема блискост, но најчесто веќе е прекасно. Затоа, доколку сте во улога на оддалечувач, внимавајте!

 разделба

Главната поука и за двете страни се состои во тоа да се најде средно решение и прирамнување на мотивацијата да се премости одреден проблем кој предизвикува стрес, со што обете страни ќе се сретнат на половина пат, без едниот да се чувствува дека партнерот го „гуши“, а другиот дека не може да „допре“ до него.

 двојка

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.