RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
КАКО ДО ПОГОЛЕМО СЕКСУАЛНО ЗАДОВОЛСТВО
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА ТРОШЕЊЕТО И ШТЕДЕЊЕТО
Понеделник, 28 Октомври 2013
Слика
БИНГО ЗА СИРОМАСИ
Сабота, 18 Декември 2010
Слика
АХ, ТИЕ СЕСТРИ...
Сабота, 15 Јануари 2011
Слика
ВИДОВИ ТЕЛЕКИНЕЗА
Понеделник, 08 Август 2011
Слика
ВИСТИНАТА ЗА ИНТЕРНЕТ ЗАВИСНОСТА
Четврток, 29 Септември 2011
Слика
КАКО ДА ГИ ПРЕЖИВЕЕТЕ ПРАЗНИЦИТЕ
Четврток, 30 Декември 2010
Слика
КАКО ДА ГИ ОТКРИЕТЕ "ЛАЖГОВЦИТЕ"?
Сабота, 08 Октомври 2011

'Крикот' е секогаш само тоа - бука, а не музика.

Карл Густав Јунг



ЗОШТО ЕМОЦИОНАЛНИТЕ СПРОТИВНОСТИ СЕ ПРИВЛЕКУВААТ PDF Печати Е-пошта
(7 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 31665 пати
Понеделник, 27 Февруари 2012 17:58

Од сите начини на кои спротивностите се привлекуваат, можеби најтрнливиот е оној кога тип на емоционален давач ќе се спои со емоционално резервиран тип.

подароци со емоции

Давачите сакаат да покажуваат блискост: Гушки, бакнувања, цвеќе, натписи на небото – нема такво нешто што би се нарекло премногу за нив. Но, тие исто така имаат и голема потреба да добиваат такви покажувања на љубов.

давање љубов

Тоа не значи дека резервираните типови не сакаат длабоко, туку тие едноставно се чувствуваат непријатно да го покажат тоа. Честопати, тие се потпираат на нивниот партнер да иницира приказ на љубов. Понекогаш, дури и не уживаат да добиваат изрази на љубов.

жена се смее

Вообичаено, типовите на емоционални давачи се привлечени од емоционално резервираните, и обратно. Според експертите, ова е затоа што се толку многу различни. Давачите честопати ги сметаат резервираните за интригантни личности, тие сакаат да извлечат емоција од некој кој не ја изразува толку лесно. А длабоко во себе, резервираните честопати многу го посакуваат тоа, да им биде извлечена емоцијата.

жена си го бакнува мажот

Како и да е, со текот на времето, овие два типа може да го извлечат најлошото од другиот. Резервираниот тип реагира со оттргнување. Ова го предизвикува давачот уште повеќе да дава со цел да привлече повеќе внимание; на што резервираниот реагира со уште поголемо оттргнување.

маж брка жена

Во психологијата, овие различни начини на поврзување се нарековаат стилови на приврзаност (атачмент). Делумно се научени а делумно се генетски одредени. За приврзаноста се смета дека е една од основните човекови потреби која има еволуциона основа. Многу деца, како што се сираците, кои не биле гушкани доволно или не им е давано доволно внимание во физичка смисла не растат со нормална стапка.

осамено детенце го бакнува одразот во огледало

Амир Левин, психијатар и невронаучник при Колумбија Универзитетот во Њујорк, идентификувал три типа на стилови на приврзаност. Сигурен, анксиозен и избегнувачки.

Сигурниот тип на луѓе ја сочинуваат повеќе од половината од популацијата и вообичаено се топли, грижливи и се чувствуваат удобно во однос на интимноста.

двојка на плажа

Оние со анксиозен стил на приврзаност се околу 20% од популацијата и честопати се загрижени за нивната врска и дали партнерот ги сака. Обично тие се емоционално давачки расположени.

Оние со избегнувачки стил на приврзаност сочинуваат 25% од вкупната популација. Според нив, интимноста води до губење на автономијата и се обидуваат да ја минимизираат блискоста.

емоционална ладнотија

Во средината на шеесеттите, психологот Мери Ејнсворт разви експеримент кој го нарече „чудната ситуација". Имено, мало дете си игра со својата мајка во една соба. Во собата се наоѓа и некој непознат човек. Во еден момент, мајката ја напушта собата а странецот останува. По некое време, мајката се враќа. Повеќето од децата биле потресени кога мајката ја напуштила собата.

расплакно бебе

Ејнсворт проучувала што се случува за време на повторното спојување на детето со мајката. Некои од децата побрзале кон своите мајки и биле лесно утешени. Ејнсворт ги окарактеризирала како сигурни. Други пак, не било можно толку лесно да се утешат. Нив ги нарекла „анксиозно-резистентни". Некои од децата не потрчале кон мајките, или пак почнале да се доближуваат но потоа се завртеле наназад. Ејнсворт ги означила како „анксиозно-избегнувачки" .

мајка и дете

Друг експеримент „Безизразното Лице", направен од Едвард Троник, развоен психолог, демонстрира како уште на мала возраст децата можат да го осетат емоционалното повлекување на мајките. Д-р Троник снимал мајки кои со љубов се грижеле за своите околу едногодишни бебиња. Во еден момент, мајката го прави своето лице неподвижно. Бебето го забележува тоа и се обидува повторно да предизвика близок однос со неа преку смеење, па со покажување со прст, потоа со испуштање крици и на крај со плачење.

мајка теши расплакано бебе

Добрата вест е, како што вели д-р Левин, дека стилот на приврзаност може да се смени. Според експертите, двојките мора да си кажуваат еден со друг што им треба и да бидат што е можно појасни. На пример, може да се каже „Знам дека ти е тешко да искажуваш приврзаност пред моите пријатели, но дома навистина ми е потребно гушкање секој ден."

љубов во јавност

Покажувањето на љубов не мора да биде во точен сооднос 50-50, важно е двете страни да покажат нешто. „Потребно е секој од партнерите да направи некое мало поместување во однос на спротивната насоката од онаа во која се чувствуваат удобно," вели Шерон Гилкрест О'нил, семеен и брачен терапевт од Њујорк. Таа кажа дека е емоционално порезервирана од нејзиниот сопруг и тој побарал од неа секојпат кога ќе се врати дома да го пречека со бакнеж.

жена бакнува маж во чело

Целта е да се дојде до заедничко рамниште, а тоа не може да се оствари без комуникација. Советот би бил да обрнувате повеќе внимание на потребите на својот партнер, да ги цените сите различни начини на изразување на приврзаност и љубов и секогаш да бидете јасни во она што го сакате од својот партнер.

врска давач и резервиран тип

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.