RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ОД ПОГРЕБ ДО ОПШТЕСТВО
Четврток, 03 Февруари 2011
Слика
СО ГЕСТОВИ ДО РЕШЕНИЈА
Понеделник, 28 Февруари 2011
Слика
ШЕСТОТО СЕТИЛО - НАУЧНО ДОКАЖАНО
Четврток, 17 Ноември 2011
Слика
ДО 2030 СИТЕ ЌЕ БИДЕМЕ ТЕЛЕПАТИ
Четврток, 11 Ноември 2010
Слика
5 ЧЕКОРИ ДО ЦВРСТА ВРСКА
Петок, 16 Декември 2011
Слика
ПРОШЕТКА ЗА МЕМОРИЈА
Вторник, 15 Март 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
ПРОБЛЕМИ ПРИ КОМУНИКАЦИЈАТА
Недела, 15 Септември 2013

Луѓето се многу поморални отколку што си мислат и далеку понеморални отколку што можат да си замислат.

Зигмунд Фројд



НЕРВЕН СЛОМ PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 27002 пати
Четврток, 12 Јануари 2012 13:02

Во средниот век го викале меланхолија. На почетокот на 20-тиот век е познат како неврастенија. Од 30-тите до 70-тите години на минатиот век го добива името нервен слом.

 нервен слом

Терминот „нервен слом" луѓето го користат за да окарактеризираат цела палета на ментални нарушувања, но вообичаено го означува искуството на „пукање" под голем притисок, ментален колапс или ментална и физичка изнемоштеност.

анксиозност

Но, дефинитивно да појасниме, „нервен слом" не е клинички термин. Нема научна дефиниција за нервен слом, и баш и нема некоја посебна врска со нервите. „Нервен слом" е неточен и ненаучен термин кој не се употребува во психопатологијата.

девојка

Може да означува многу работи, па како што во модерната медицина болестите се делат на подгрупи со појасни дефиниции, на пример едно е „рак", а друго „рак на матка во прв стадиум", така и терминот „нервен слом" е обично општ назив за неколку нарушувања кои имаат свои попрецизни дијагнози.

нервен слом

Дијагноза која најмногу личи на она што во јавноста е познато како нервен слом е онаа на клиничката депресија. Депресивните епизоди може да се предизвикани од генетски и биолошки фактори и се честопати активирани од социјални ситуации или случувања во околината. Депресијата обично е позната како „губење на интерес или задоволство во речиси сите активности" и „постојана замореност без физички напор". Ја карактеризира недостаток на енергија и мотивација заедно со чувства на вина и безнадежност. Многу често е предизвикана од стресни ситуации, како што се потешкотии во врската, здравствени проблеми, последици од некоја несреќа или смрт на некоја сакана личност.

социјална анксиозност

Покрај депресијата, и редица други нарушувања може да се вклопат во поимот за нервен слом, но обично се работи за некој од овие:

  • Анксиозно растројство,
  • Панични напади,
  • Пост-трауматско нарушување,
  • Акутен стрес,
  • Психотични епизоди со елементи на шизофренија,
  • Биполарно растројство.

депресија

Секое од овие нарушувања си има своја постапка на дијагностика и третирање. Причината зошто терминот „нервен слом" е толку раширен и омилен кај луѓето е веројатно тоа што речиси сите обично преферираат да имаат некое физичко (на крајот на краиштата, нервите се физичко нешто) отколку психопатолошко нарушување или болест.

нервен слом

Статистички гледано секој трет човек, барем еднаш во животот бил на работ на нервен слом, а секој петти или шести, страда од некоја форма на психопатолошко нарушување. Па така, следниот пат кога вие или некој ваш близок ќе доживеете „нервен слом", не е лошо да се консултирате со психолог или психијатар.

анксиозен напад

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.