RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СОНОВИ КОИ СЕ ПОВТОРУВААТ
Понеделник, 18 Јули 2011
Слика
АГОРАФОБИЈА
Среда, 17 Август 2011
Слика
ОГЛЕДАЛА ВО ВАШАТА ГЛАВА?
Среда, 11 Јануари 2012
Слика
КАКО ТИ БЕШЕ ИМЕТО!?
Среда, 05 Септември 2012
Слика
КОГА ПСИХОЛОЗИТЕ "ГРЕШАТ"
Сабота, 15 Октомври 2011
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА АЛТРУИЗМОТ
Вторник, 20 Декември 2011

'Крикот' е секогаш само тоа - бука, а не музика.

Карл Густав Јунг



ADHD КАЈ ВОЗРАСНИТЕ PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 7625 пати
Вторник, 13 Декември 2011 09:48

 Постојано доцните и ништо не стигнувате да направите навреме. Немирни сте и тешко ви се седи на место. Звучи познато?

хиперактивно растројство

Тогаш можеби сте меѓу милионите кои имаат пореметување на дефицит на внимание или хиперактивно пореметување (ADHD).

Многу луѓе и не разбираат дека имаат проблем се додека не стане толку сериозно што ги спречува во извршувањето на работата. Според американските податоци луѓето сo не лекувано хиперактивно пореметување просечно заработуваат 10 илјади долари помалку од оние кои немаат такви проблеми, често добиваат откази или самите ја напуштаат работата, и имаат големи изгледи дека ќе се разведат, објаснува Стивен Курц, директор на Центарот за хиперактивно пореметување во Њујорк.

растројство на концентрацијата

Откривање на симптомите

ADHD секогаш прво се појавува во детството, но со оглед дека ова пореметување пред неколку децении не беше толку познато, веројатно не е ни дијагностицирано. Иако повеќето деца со ADHD ја прераснуваат состојбата, симптомите најчесто исчезнуваат за време на пубертетот но повторно симптомите се враќаат со возраста. Промените во животот како нова работа или раѓање на дете можат да ја влошат состојбата.

Ако имате проблеми со завршување на проектите, заборавање на состаноците или не можете да се сконцентрирате кога луѓето ви зборуваат нешто, можно е да имате ADHD. Но симптомите понекогаш се многу посуптилни. На пример:

импулсивно купување

Импулсивно купување

Луѓето со ADHD тешко ги контролираат своите импулси, па можете да потрошите многу повеќе од колку што имате и да паднете во финансиски проблеми.

комуникација

Проблем во комуникација

Ако имате ADHD, склони сте да ги прекинувате другите во говорот и да кажете се што ви е на памет. "Тоа понекогаш го прават сите, но ако имате ADHD, се случува многу често и влијае на односите", вели доктор Саркис.

жена гледа во часовникот

Никогаш ништо не стигнувате на време

Се одложувате до последната минута, имате проблем со завршувањето на започнатите работи или нешто започнувате и никогаш не завршувате. Со ова пореметување многу е тешко да се мотивирате да работите нешто за што не ви е воља.

психотерапијаЛечење

Лечењето кај возрасните всушност е комбинација од лекови и когнитивно-бихевиорална терепија. „Истражувањата покажаа дека комбинацијата делува подобро одколку секоја посебно", истакнува Сакрис.

хиперактивен бизнисмен

Како точно ќе изгледа терапијата зависи од тежината на случајот и дали состојбата е придружена со депресија или анксиозност. Но често се применува учење на исфрлање на негативните мисли со позитивна автосугестија. На пример, кога знаете дека сте во временски теснец со задачата вие велете си себе си "Јас го можам тоа", наместо "Никогаш нема да стигнам". Терапевтот ќе работи со вас на организација на времето и други организациски техники со цел да бидете попродуктивни, објаснува доктор Саркис.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.