RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЛУДА СУПЕРМЕСЕЧИНА
Понеделник, 02 Мај 2011
Слика
ЗОШТО СЕ БАКНУВАМЕ?
Четврток, 06 Октомври 2011
Слика
ТЕТОВАЖИ
Понеделник, 01 Август 2011
Слика
ХРАНА ЗА ПОМНЕЊЕ
Среда, 07 Декември 2011
Слика
ГЛАДЕН МОЗОК
Четврток, 24 Ноември 2011
Слика
„СУПЕРМАЈКИ“ ПИЈАНИЦИ
Среда, 21 Декември 2011
Слика
СТАОРЦИ И ДОПИР
Среда, 02 Март 2011
Слика
ТРОСЛОЈНА МЕМОРИЈА
Среда, 13 Април 2011

Постигнувањето во општеството се проценува со погрешно дефинираниот критериум според кој принудно сте ставени во позиција другите да ви определуваат колку сте успешни.

Алберт Бандура



НОВ ЛЕК ЗА ДЕПРЕСИЈА PDF Печати Е-пошта
(6 гласови, просечно 4.83 од можни 5)
прочитано 21989 пати
Понеделник, 12 Декември 2011 11:03

Новата научна студија укажува дека иновативниот психолошки третман, под назив "тренинг на конкретноста" би можел да ја намали депресијата за само два месеци. Новата техника може да се спроведува и како терапија на самопомош, велат научниците од Универзитетот Ексетер.

депресивна девојка

Тренингот "конкретно размислување" е новитет на полето на психолошката помош за заболените од депресија. Учејќи го сосема новиот стил на размислување, депресивните значајно ја подобруваат состојбата на својата психа.

Луѓето кои страдаат од депресија имаат тенденција кон штетно апстрактно размислување и генерализирани негативни мисли. Тие сметаат дека една единствена грешка што ќе ја направат, е доказ дека се бескорисни во се. Тренингот на конкретноста (ЦНТ) е новитет кој е насочен токму кон оваа склоност. Новата студија докажала дека повторувањето на ЦНТ вежбите им помага на лицата да го променат својот стил на размислување.

депресивен маж

Оваа метода ги подучува луѓето како да бидат поконкретни додека размислуваат за проблемите. На овој начин, тешкотиите се гледаат пореално, ги подобруваат своите вештини за решавање на проблемите, ги намалуваат грижите и депресивното расположение.

По шест месеци, студијата во која учествувале 121 лице покажала дека ЦНТ значајно ги намалува симптомите на депресија и тегоби, така што кај заболените од депресија, таа состојба од длабока преминала во блага.

депресија

За разлика од техниката на релаксирање која, исто така, може да ја ублажи депресија, ЦНТ значајно го намалува негативното размислување типично кај депресивните.

Професорот Едвардс Воткинс од Универзитетот Ексетер вели: „Целејќи на стилот на размислување можеме делотворно да влијаеме на лечењето на депресија. Тренингот на конкретноста бара минимален контакт лице в лице со терапевтот. Може да се спроведува и онлајн, по пат на ЦД или смартфон. На овој начин станува и поевтин начин на терапија, која можат да си ја допуштат поголем број луѓе."

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.