RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПОЦРВЕНЕТЕ И ЌЕ ВИ ПРОСТАТ
Среда, 31 Август 2011
Слика
РЕИНКАРНАЦИЈА: МЕМОРИСКА ГРЕШКА?
Вторник, 30 Ноември 2010
Слика
БЕБИЊАТА И НИВНИТЕ ЕМОЦИИ
Среда, 28 Септември 2011
Слика
ШТО Е ДЕПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА?
Вторник, 12 Април 2011
Слика
ГОЛА ТЕРАПИЈА
Петок, 15 Јули 2011
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА ПОВРЕДЕНИ СПОРТИСТИ
Понеделник, 21 Ноември 2011
Слика
ЕМОЦИОНАЛНИ ВАМПИРИ
Петок, 12 Јули 2013
Слика
КАКО ТРГУВААТ ЛУЃЕТО И ЖИВОТНИТЕ
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
РЕЛИГИЈА ЗА САМОКОНТРОЛА
Вторник, 21 Декември 2010

„Ако единственото нешто што го поседувате е чекан, тогаш секој проблем ви се гледа како клинец“

Абрахам Маслов



4 МАЛКУ ПОЗНАТИ НАРУШУВАЊА ВО ИСХРАНАТА PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 7069 пати
Среда, 07 Декември 2011 16:30

Дали сте постојано загрижени за изгледот на вашето тело и мускули? Јадете доцна навечер? Ја грицкате косата и ноктите?

Доколку вашиот одговор е потврден на барем едно од горе наведените прашања, тогаш вие имате  нарушување во исхраната.

храна

Синдром на бигорексија

Синдромот уште е познат како мускулна дизморфија и претставува пореметување кај лицата кои константно се загрижени за изгледот на мускулите поради што се чести посетители на фитнес центрите.

Ова пореметување може да доведе до злоупотреба на стероиди и други суплементи за зголемување на мускулната маса.

Лицата, а пред се жените, кои страдаат од овој синдром се екстремно загрижени за физичкиот изглед и појава пред другите што може да биде причина и за појава на социјална фобија и зголемен ризик од константна депресија.

бигорексија

Синдром на ноќно јадење

Овој синдром се јавува кога неможете да заспиете без посета на кујната во доцните часови. Експертите сметаа дека причина за ова е прескокнувањето на редовните оброци во текот на денот па недостигот на калории се надополнува во текот на ноќта.

Оваа навика од нутрициоонистите се оценува како екстремно опасна како за телената маса така и за целиот организам затоа внимавајте последниот оброк да не е по 20 часот.

јадење ноќе

Синдром на лижење

Овој синдром уште познат како пика е пореметување кога се јавува силна желба за јадење, лижење или џвакање на разни предмети кои немаат никаква калориска вредност, на пример грицкањето нокти и лижењето коса или мали предмети кои се на дофат од вашите раце.

Најголемата опасност кај ова пореметување е можноста од труење од некоја супстанца. Последиците може да бидат најопасни за забите, а се јавува ризик и од појава на заразни инфекции.

грицкање коса

Санитарен синдром

Овој синдром претставува пореметување кога лицето е опседнато со јадењето на чиста и здрава храна.

Опсесијата достигнува такви размери при што доколку се прекрши здравиот начин на исхрана, лицето може да биде склоно кон себе-казнување со уште построга диета или гладување.

Лицата со „санитарен синдром" се опседнати со тоа што јадат, колку јадат и како е подготвена храната.

санитарна инспекција

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.