RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПРИЈАТЕЛСКА РАЗМЕНА
Сабота, 04 Декември 2010
Слика
ОСАМЕНОСТА УБИВА
Четврток, 11 Ноември 2010
Слика
НАЈДЕПРИМИРАЧКИ ПРОФЕСИИ
Вторник, 27 Декември 2011
Слика
"ПРОЧИТАЈТЕ" ГИ ТУЃИТЕ МИСЛИ
Четврток, 27 Октомври 2011
Слика
ШТО Е ДЕПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА?
Вторник, 12 Април 2011
Слика
ТЕЛЕПАТИЈА МЕЃУ БЛИЗНАЦИ
Среда, 06 Април 2011
Слика
ШТО ВЕЛИ ВАШАТА ФРИЗУРА ЗА ВАС?
Среда, 19 Октомври 2011
Слика
ГЛЕДАЈ, НО НЕ ДОПИРАЈ
Четврток, 04 Ноември 2010

Несреќата најдобро се дефинира како разлика помеѓу нашите таленти и нашите очекувања.

Едвард де Боно



КАКО ДА ЈА НАДМИНЕТЕ СЕКОЈА ЗАВИСНОСТ? PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 2.50 од можни 5)
прочитано 8562 пати
Недела, 13 Ноември 2011 19:12

Зависноста доаѓа во разни форми. Сите можеме да се сетиме на приказни за луѓе кои станале зависници од дрога или алкохол. “Еден од моите роднини се бореше со алкохолот...

зависност од кафе

Тој беше многу дарежлива, љубезна личност, но алкохолот низ годините потполно го уништи неговиот живот. Секојдневната употреба на алкохол го скрати неговиот живот. Пред да умре, се претвори во лош, несреќен човек. Жалосно е кога ќе се помисли колку неговиот живот и среќа беа измамени од зависноста.”

зависност од интернет
Нашите рани мораме да ги лекуваме соодветно

Кога имаме нешто во нас што емотивно не вознемирува, имаме две опции. Првата е да ги почувствуваме нашите чувства, да ги излечиме и да продолжиме. Втората е да ги потиснеме и задржиме внатре. Емоциите функционираат исто како и физичките повреди, како посекотините: можете да ја исчистите и лекувате раната и таа правилно ќе заздрави. Доколку наместо тоа земате аналгетици, оставајќи ја раната сама да се негува, таа нема повеќе да боли, но раната ќе се влоши, предизвикувајќи гангрена па дури и смрт. Ние треба да ги почувствуваме нашите чувства, да ги надмините, излечиме и да продолжиме. Всушност, тоа е прилично лесно, но на многумина им е тешко да го спроведат. Зошто?

зависност од лекари
Мала болка е здрава!

Накратко, зависноста функционира: тие овозможуваа болката да исчезне веднаш. Кога мора да почувствувате нешто, како таа исекотина, на почетокот се чувствува болка. Може да боли и кога ја чистите и негувате правилно. Може да боли кога ја чистите и емоционална рана. Ние често сакаме да не почувствуваме воошто болка. Доколку се завртиме кон нашите зависности, тие веднаш ќе ја истераат болката. Но, зависностите не се ништо што ги гаси емоциите во тој момент.

наркоманка
Сите ние сме запознати со зависноста од алкохол и дрога, но постојат бројни други работи кон кои можеме да се свртиме наместо да се соочиме со нашите чувства. Може да се прејадуваме или преработуваме. Постојат и посуптилни форми на зависност. Има луѓе кои може целосно да ја вложат енергијата во воспитувањето на нивните деца, така што нема да има потреба да се справуваат со несреќниот брак. Има и такви кои, секогаш кога се јавува проблем, бегаат од проблемот и се свртуваат кон нешто друго. Мора да запомнеме дека гасењето на нашите чувства не работи. Важно е да се соочиме со нив. Исто како што не би игнорирале сериозна исекотина, важно е да не ги игнорираме и емоционалните рани. Дури и најсуптилните се важни!

зависност од лекови
Забавете и направете пресметка

Постојат бесконечно многу зависности, затоа за тие да се избегнат важно е да направиме големо истражување на душата. Мора да запомниме редовно да успоруваме, да погледнеме во нашиот живот и да се запрашаме: “Како ми оди? Дали избегнувам да се соочам со нешто во мене, нешто што го бара моето внимание? Има ли нешто што ми се случува и од што не можам да побегнам?” Медитацијата е многу важна за нашиот ум и здравје, бидејќи ни помага да погледнеме во себеси и да погледнеме како ни оди. Мора да запомниме дека не сме попаметни од зависностите!

зависност од дрога

Тие може да бидат многу суптилни и да ни се прикрадат. Мора да бидеме свесни за начинот на кој нештата ни се случуваат. Доколку се движиме кон нешто од што не можеме да побегнеме, а знаеме дека ни предизвикува страдање нас и на другите околу нас, мораме да го погледнеме и да речеме, “Хммм, што го предизвикува ова?” Не го осудувајте, само погледнете го и поминете некое време истражувајќи го. Ако тоа е чувство кое треба да биде излечено, тогаш излечете го. Доколку е навика, избегнете ја. Ова е најдобар начин за справување со зависностите.

зависност од шеќер
Одвлечете го вниманието и рефокусирајте се

Запомнете, нашиот ум може да се фокусира само на една работа во одреден момент. Зависностите се хранат со мислите, создавајќи приказни како, “Ох, би било толку добро кога би го имал тоа сега.” Сепак, доколку ги одвлечеме мислите со нешто друго, желбите полека стануваат послаби и заминуваат. Може да се обидуваат да се вратат, но доколку продолжиме да се обидуваме да ги рефокусираме мислите, со практикување тие навистина ќе си заминат.

зависност од пушење
Може да ни биде претешко да сфатиме на колку работи сме зависни и со цел да бидеме вистински среќни, мораме да си дозволиме да имаме време за себе. Мирот и спокојството овозможени од медитацијата се многу важни, бидејќи без нив ние не можеме да се спознаеме себеси. Познавајќи се себеси е половина битка до освојувањето на нашите зависности и постигнувањето на среќа. Можеме да го направи тоа, потребно е само време, напор и свесност.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.