RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Разумот е како некоја јавна тајна која може да стане позната на секого во секое време; тоа е она тивко место каде што секој може да влезе преку својата мисла.

Карл Јасперс



САМОУБИСТВОТО КАЈ МАЛИТЕ ДЕЦА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 6300 пати
Понеделник, 17 Октомври 2011 14:54

Постои низа на податоци за самоубиство кај адолесцентите, и многубројни програми направени со цел да се спречи самоубиството. Но што е со помалите деца?

несреќно дете

Во 2006 година, 56 деца од Америка на возраст под 12 години извршиле самоубиство. За жал, досега се направени многу малку истражувања во врска со суицидалното однесување кај децата во предадолесцентна возраст.

Прв начин за пристап кон овој проблем е да се утврди како овој вид на самоубиство се разликува од другите видови и што може да се направи за да се спречи.

девојче со покриени очи

Кристофер Батон, психолог од Универзитетот во Ајова, објаснува дека самата неспособност за апстрактно размислување кај малите деца не им дава можност да ја сфатат смртта. Малите деца се прилично импулсивни и сеуште немаат когитивни вештини кои се потребни за да можат да си ја замислат сопствената идинина. Овие деца исто така имаат недостиг на вештини да смислат стратегија да се справат со проблемите како повозрасните деца.

90% од малите деца кои извршиле самоубиство имале некакво ментално нарушување, најчесто депресија, вели Батон. Тие исто така биле сексуално или физички малтретирани и почнале од мали нозе да крадат, да се тепаат и да предизвикуваат пожари.

тажно детенце

Многу родители и наставници ги игнорираат овие загрижувачки предзнаци како што се наговестувањето на самоубиството и заканите за самоубиство, затоа што сметаат дека децата не го разбираат концептот на самоубиство и затоа нема ни да се обидат да направат нешто. „Многу возрасни луѓе не ја прифаќаат оваа можност затоа што сметаат дека не треба децата да размислуваат за самоубиство." – вели Батон.

Кари Шо, дипломец на Универзитетот од Ајова вели дека предадолесцентните самоубиства најчесто вклучуваат бесење и отсуство на огнено оружје, без загушување или отров.

Според податоците од 2006 година од страна на Националниот центар за контрола и спречување на повреди, машките во предадолесцентна возраст почесто извршуваат самоубиство отколку девојчињата (45 момчиња наспроти 11 девојчиња). Доказите покажуваат дека сексуалната ориентација исто се смета за фактор, со тоа што процентот на самоубиства е поголем кај момчињата кои се сомневаат дека се хомосексуалци, вели Батон.

осамено девојче

Џим Роџерс, психолог и експерт за самоубиства од Универзитетот во Аркон, вели дека целата помисла за самоубиство кај децата се појавува од ставот на родителите кои бараат од нив да се однесуваат како возрасни и сметаат дека не би се одлучиле на таква активност затоа што треба да размислуваат разумно. Но, нивното когнитивно искуство за светот е многу различно поради развојот на мозокот и неспособноста на децата да се справуваат сами со проблемите.

И, што може да се направи за да се спречат ваквите самоубиства? Кристин Сков од Универзитетот во Ајова вели дека наставниците и родителите треба да се погрижат за своите деца, особено за оние кои биле малтретирани. Исто така, психолозите треба да ја зголемат свесноста кај медиумите со цел да се дознае дека и оваа појава е веќе проблем во општеството.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.