RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ГЕШТАЛТ ПСИХОЛОГИЈА
Понеделник, 07 Март 2011
Слика
ТАНЦ ТЕРАПИЈА
Вторник, 23 Ноември 2010
Слика
ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПО ЖЕЛБА
Вторник, 09 Август 2011
Слика
ДЕЛФИНИТЕ СЕ БУДНИ И ДОДЕКА СПИЈАТ
Понеделник, 15 Ноември 2010

„Кој гледа нанадвор, сонува. Кој гледа навнатре, се буди“

Карл Јунг



НАДМИНЕТЕ ГО СТРАВОТ ОД ЈАВЕН НАСТАП PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 23189 пати
Четврток, 13 Октомври 2011 20:48

Стравот од јавен настап претставува една од честите фобии...

презентација на работа

Може да се движи од мала нероза до парализирачки страв и паника. Многу луѓе кои имаат страв од јавен настап истиот го избегнуваат. Или, кога е неопходно да настапат, тоа го прават со тресење на рацете и глас кој што трепери. Но, со подготовка и упорност, ќе можете да го надминете Вашиот страв.

Следните чекори би можеле да Ви помогнат:

модерен балет

Запознајте ја добро темата за која ќе зборувате

Колку подобро го разбирате она што ќе го зборувате толку помалку веројатно ќе биде да направите грешка и да излезете од колосек. Дури и ако се "загубите" при разговорот, доброто познавање на темата ќе Ве врати на правиот пат. Размислете на прашањата кои што би можеле да Ви бидат поставени од страна на публиката и однапред подгответе се за одговорите.

Организирајте се

Информацијата која што сакате да ја презентирате подгответе ја однапред, вклучувајќи ги и сите аудио-визуелни помагала кои што ќе ги користите. Колку што сте повеќе организирани, толку помалку ќе бидете нервозни. На мала картичка, запишете ги главните теми за да не се изгубите при зборувањето.

презентација пред колеги

Вежбајте и само вежбајте

Вежбајте ја презентацијата неколку пати. Презентирајте ја пред неколку луѓе пред кои се чувствувате комфорно. Замолете ги да ви кажат што мислат за презентирањето. Исто така, презентацијата можете да ја снимите со видео камера и потоа да ја погледате снимката и да ги забележите оние моменти каде што би можеле да се подобрите во настапот.

Практикувајте длабоко дишење

Длабокото дишење може многу да Ве смири. Земете два или повеќе длабоки и спори вдишувања и издишувања пред да отидете на подиумот. Истото ова направете го и за време на говорот.

театар

Фокусирајте се на материјалот кој што го презентирате, а не на публиката

Луѓето од публиката во голем процент го насочуваат своето внимание кон информацијата која што ја презентирате, а не кон тоа како се снаоѓате при презентирањето. Тие дури нема ни да ги забележат Вашите грешки или нервозата. Ако публиката забележи дека сте нервозни или дека малку скршнувате од она што го презентирате, сигурно нема да ви суди за истото. Тие навиваат за Вас и сакаат Вашата презентација да биде успешна.

Не се плашете од моментот на тишина

Ако се изгубите во тоа што го кажувате, започнувате да станувате нервозни или мозокот ви се блокира, може да Ви изгледа како цела вечност дека сте престанале да зборувате. Но, во реалноста, тоа се само неколку секунди. Дури и ако паузата трае подолго од неколку секунди, тоа нема да и смета на публиката. Во тоа време, публиката ќе го обработува тоа што до тој момент сте го кажале. Таа пазуа може да биде добра за земање на неколку длабоки вдишувања и издишувања.

соло настап

Препознајте го успехот

По Вашиот говор или презентација, "чукнете се по грб". Можеби самата презентација не била совршена, но Вие сте повеќе критички настроени кон себе си отколку што е случајот со публиката. Секој прави грешки при говор или презентација. Вратете се кон грешките кои што сте ги направиле и сметајте ги како можност за унапредување на Вашите презентациски вештини.

Побарајте поддршка

Приклучете се кон некоја група која што пружа поддршка на луѓето кои што имаат потешкотии со јавните настапи.

Ако не можете да го надминете стравот кога вежбате сами, Вашиот доктор може да Ви препише лек за смирување кој што ќе го земете пред јавниот настап. На пример, бета блокерите (кои што се користат за третман на високиот крвен притисок и одредени срцеви заболувања) се докажани дека помагаат. Некои бета блокери се поефективни од други. Ако докторот Ви препише некој лек, пробајте го да видите како ќе Ви влијае и дали ќе Ви помогне пред воопшто да се појавите на јавниот настап.

микрофон

Друг пристап, кој што може да Ви помогне е да побарате совет од психолог кој што ќе Ви помогне да дојдете до разрешување на Вашиот страв при јавните настапи.

Нервозата и анксиозноста во некои ситуации се нормална работа. Јавното говорење не е исклучок. Позната како анксиозност при настап, другите примери вклучуваат страв од сцена и блокада на умот. Сепак, луѓето кои што имаат силно изразена анксиозност при настап, би можеле да страдаат од социјална фобија. Социјалната фобија побарува третман со лекарства, психотерапија или пак комбинација од двете.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.