RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ВЕЖБАЊЕТО ВЕ ПРАВИ ПОБИСТРИ
Среда, 31 Октомври 2012
Слика
ИЗБОРЕТЕ СЕ СО ПАНИКАТА
Среда, 30 Март 2011
Слика
ЖЕНИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ВО ЗИМА
Понеделник, 28 Ноември 2011
Слика
ФОРЕНЗИЧКА ПСИХОЛОГИЈА
Понеделник, 18 Јули 2011
Слика
ВИЕ И САМОКОНТРОЛАТА
Четврток, 14 Април 2011
Слика
150 МИНУТИ НЕ ДЕЛАТ ОД КВАЛИТЕТЕН СОН
Понеделник, 28 Ноември 2011
Слика
САДИЗАМ И МАЗОХИЗАМ
Среда, 06 Март 2013
Слика
КРЕАТИВНОСТ ЗА ДРУГИТЕ
Понеделник, 14 Март 2011

Има еден  многу чуден парадокс, дури кога ќе се прифатам себеси за таков каков што сум, дури тогаш можам да се променам.

Карл Роџерс



ОСАМЕНОСТА ШТЕТНА ПО ЗДРАВЈЕТО PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 3.50 од можни 5)
прочитано 9246 пати
Понеделник, 03 Октомври 2011 15:09

Чувството на поврзаност со другите луѓе е критичен дел од менталното и физичкото здравје на секој поединец.

осаменост

Новите истражувања покажуваат дека чувството на изолација и одбивност ја нарушува енергијата на човекот, но и основните клеточни процеси што се случуваат во телото.

Хроничната осаменост е еден од главните ризични фактори како што се и пушењето, дебелината и недоволното вежбање.

Чувството на поврзаност со другите е витално за менталната и физичката добросостојба на една личност, велат истражувачите од Универзитетот во Чикаго.

осамено дете

Истражувањата, кои се дел од новата книга Осаменост: природата на човекот и потребата со социјално поврзување, покажуваат дека чувството на изолација и одбивност не само што ја нарушува целокупната функција на организмот, туку влијае и врз клеточните процеси во телото.

Податоците покажуваат дека хроничната осаменост е еден од ризичните фактори исто како и пушењето, дебелината и недоволното вежбање, вели авторот Џон Качипо.

„Осаменоста не само што влијае врз однесувањето, туку е поврзана со намалувањето на протокот на крвта низ кардиоваскуларниот систем," – вели Качипо.

осамен млад човек

„Осаменоста го зголемува ризикот за зголемување на хормонот за стрес наречен кортизол, ја пореметува рамнотежата не гените во клетките на имунитетниот систем, го намалува имунитетот, го покачува притисокот и ја зголемува депресијата."

Осаменоста предизвикува проблеми со спиењето и брзо развивање на Алцхајмерова болест, вели Качипо.

Еден од основачите на новата дисциплина наречена социјална невронаука, Качипо, користеше снимки со магнетна резонанца и напредни научни технологии за да ја документира улогата на осаменоста во социјалната комуникација како централен регулаторен механизам на човечката физиологија и однесување.

осамена девојка

Авторите ја открија потребата за поврзување уште од нејзините еволутивни корени. За да можат да преживеат, луѓето мора да се поврзат за да ги заштитат своите деца. За да можат да се развиваат, мора да ги прошират нивните алтруистички и кооперативни импулси подалеку од сопствениот интерес.

Исто како што физичката болка го менува однесувањето, и осаменоста го прави истото. Качипо вели дека чувството на осаменост зазема различни форми.

„Постојат три основни димензии на чувството за осаменост – интимна изолација, која произлегува од отсуството на некој кој ќе ви покаже кои сте; односна изолација – кога немате човек за разговор лице-во-лице и колективна изолација – кога се чувствувате дека не припаѓате на група," – вели тој.

осамена стара жена

Не се работи само за осаменост и физичка изолација, туку субјективно чувство на изолација за кое Качипо смета дека остава длабоки последици. Сепак, околностите како што се преселување во нова заедница или пак загубата на љубовниот партнер можат да предизвикаат осаменост. А, како што вели и самиот автор, денешното општество не промовира некои цврсти врски меѓу луѓето.

Проблемот со социјалната изолација со исчезнувањето на конвенционалните општествени структури. Се намалува просечната големина на домаќинствата, а до 2010, 31 милион Американци, скоро 10% од популацијата – ќе живеат сами. Социолозите исто така откриваат дека луѓето ретко имаат блиски пријатели во споредба со минатото.

девојка тажна и осамена

Качипо и Патрик исто така покажуваат дека осаменоста предизвикува повратна реакција која само ја зголемува социјалната анксиозност, стравот и останатите негативни чувства. Со тоа што ќе научат што ја предизвикува осаменоста, потоа кога ќе научат да ја променат, осамените лица ќе можат да ја спречат повратната реакција, ќе го преминат стравот и ќе најдат начин за повторно да се поврзат со општеството.

„Ние се обидуваме да им помогнеме на оние кои заглавиле," – вели Патрик. „Процесот започнува со повторно откривање на позитивните физиолошки чувства кои се појавуваат во едноставните моменти на човечката комуникација. Но, тоа исто така значи дека треба да се премине и да се победи стравот."

„Осамените луѓе чувствуват глад," – додава Качипо. „Тие треба да сфатат дека решението не е да се нахранат, туку да готват и да уживаат во јадењето заедно со другите."

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.