RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ОД ТРЕВКА ДО ПСИХОЗА
Среда, 16 Март 2011
Слика
ЛУЃЕ "ВО ВРЕМЕТО" И "НИЗ ВРЕМЕТО "
Понеделник, 05 Декември 2011
Слика
НАМИРИСАЈТЕ ГО СТРАВОТ
Сабота, 11 Декември 2010
Слика
ДИГИТАЛНА ТЕЛЕПАТИЈА
Понеделник, 04 Март 2013
Слика
НАЈУМНИ СМЕ НА 27 ГОДИНИ
Петок, 12 Ноември 2010
Слика
ДЛАБОК МАШКИ ГЛАС ЗА МЕМОРИЈА
Понеделник, 21 Ноември 2011
Слика
НЕ МЕ ИГНОРИРАЈ!
Петок, 27 Јануари 2012
Слика
ПОЛОТ И МОЗОКОТ
Понеделник, 30 Јануари 2012
Слика
ДАЛИ САКАТЕ ВАНИЛА СЕКС?
Среда, 18 Јануари 2012

„Чудовиштето кое најмногу го познава и од кое најмногу се плаши едно дете е чудовиштето кое чувствува дека самото е или се плаши дека може да биде“

Бруно Бетелхајм



НЕСОНИЦАТА КАЈ ЖЕНИТЕ - БРАЧЕН ПРОБЛЕМ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3594 пати
Вторник, 27 Септември 2011 19:21

Едно ново истражување покажува дека проблемот со сонот кај сопругата е поголем брачен проблем отколку кога сопругот страда од несоница.

жена со инсомнија

Истражувачите открија дека, кај жените, проблемот со спиењето резултира со повеќе негативни отколку со позитивни брачни интеракции наредниот ден.

За разлика од нив, недостигот на сон кај мажите нема влијание врз брачните интеракции наредниот ден.

„Откривме дека проблемите со спиењето кај жените влијаат врз самите жени но и врз нивните сопрузи, а овие ефекти се појавуваат независно од симптомите на депресија," – вели главниот истражувач Венди М. Троксел.

жена и часовник

„Конкретно жените на кои им треба подолго време за да заспијат, покажуваат лоша брачна комуникација наредниот ден."

Важноста на спиењето се покажува со фактот дека врската меѓу спиењето навечер и брачните интеракции наредниот ден е многу поважна отколку онаа меѓу дневните брачни интеракции и редовното спиење.

Интересно е тоа што кај мажите случајот е обратен – тие покажуваат позитивни брачни интеракции ако спиеле и кратко во текот на претходната ноќ.

родители спијат со детето

Во истражувањето беа вклучени 32 здрави брачни двојки на просечна возраст од 32 години. Учесниците немаа никакви проблеми со спиењето или други психички и медицински нарушувања.

Времето потребно за да се заспие откако ќе се изгасне светилката, будењето во текот на ноќта и часовите поминати во спиење биле анализирани во текот на 10 ноќи.

Квалитетот на брачните интеракции во тие 10 дена се проценувал преку електронски дневник во кој се запишувале позитивните брачни интеракции како што се давањето поддршка од страна на партнерот, а истото се случувало со негативните брачни интеракции како што се критиката или игнорирањето од страна на партнерот.

девојка не спие

Според авторите, податоците покажуваат дека проблемите со сонот како што е несоницата можат да имаат негативно влијание врз брачните односи.

„Овие податоци ја покажуваат важноста на добриот сон и неговото влијание врз односите меѓу брачните партнери," – вели Троксел.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.