RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
РАБОТНИ МЕСТА ЗА ИНТРОВЕРТНИТЕ
Среда, 12 Октомври 2011
Слика
КУЧЕ ДЕПРЕСИВЕЦ
Вторник, 11 Јануари 2011
Слика
ПОСЕДУВАТЕ ЛИ ВОИНСТВЕН ГЕН?
Четврток, 04 Ноември 2010
Слика
ПРИЈАТЕЛСКИ ВРСКИ
Понеделник, 18 Април 2011
Слика
ПОБЕДНИЧКИ МЕНТАЛИТЕТ
Четврток, 26 Јануари 2012
Слика
ПРЕДНОСТИ НА ЕМПАТИЈАТА
Среда, 23 Јануари 2013

Разумот е како некоја јавна тајна која може да стане позната на секого во секое време; тоа е она тивко место каде што секој може да влезе преку својата мисла.

Карл Јасперс



ШТО Е ДВОЈНА ДИЈАГНОЗА??? PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 4679 пати
Понеделник, 19 Септември 2011 16:18

Двојна дијагноза е кога едно лице има одредена ментална болест а истовремено е корисник на разни супстанции. Менталните болести можат да се навистина комплицирани и да го забавуваат интелектуалниот развој.

 двојна дијагноза

Двојната дијагноза се однесува на комбинацијата на ментална болест и употреба на дроги. Постојат многу програми за оние кои имаат ментално заболување а истовремено се корисници на разни супстанции. Но, постојат проблеми кои можат да ја влошат менталната болест. Оние кои имаат забавувања во менталниот развој имаат и проблеми со просторот како резултат на тоа што не можат да се интегрираат во општеството а исто така покажуваат и чудни однесувања како што е на пример нишањето на телото.

двојна дијагноза

Употребата на дроги и менталните болести

Традиционалната дефиниција за "двојна дијагноза" е кога едно лице има дијагноза за употреба на супстанции како и за ментално заболување. Употребата на дроги може да вклучува само еден вид, на пример или алкохол или марихуана, или пак може да вклучува и повеќе дроги, тогаш дијагнозата се вика "употреба на повеќе супстанции". Јасно е дека многу често, лицата со ментална болест практикуваат сами да се лечат и притоа користат лекарства што им ја намалуваат болката. Според списанието Mental Health America, 37% од корисниците на алкохол и 53% од корисниците на дрога имаат барем една ментална болест.

Националниот Институт за здравство смета дека депресијата, анксиозноста, шизофренијата и проблемите со личноста се пројавуваат заедно со употребата на дроги. Оние кои имаат проблеми со анти-социјалноста се најчести случаи на корисници на дроги, забележано е на веб страната на Mental Health America.

лекови и алкохол

Во многу случаи, прво се појавуваат психолошките нарушувања, но не мора да значи дека секогаш е така. Едно лице кое има проблеми со дрога може со текот на времето да се здобие со некои психијатриски симптоми. Без разлика каква е менталната дијагноза, или пак ако проблемот со дрогата е примарен, првиот чекот при лекувањето е детоксификација. Детоксификацијата во денешно време не е толку трауматично искуство како што било во минатото. При детоксификација сега се користат лекарства кои ја ублажуваат болката и сето тоа се прави под надзор на лекар. После детоксификацијата, лицето се праќа во здружение на анонимни алкохоличари или зависници од дрога каде што присуствува на собири и се едуцира за влијанието на супстанциите.

дрога

Менталните болести и заостанатиот развој

Постојат докази кои предлагаат дека високото ниво на интелигенција стои како заштита против шизофренија и дека повеќето од луѓето што страдаат од ментални болести имаат просечно ниво на интелигенција. Меѓутоа, понекогаш луѓето што страдаат од ментални болести имаат многу ниски нивоа на интелигенција. За овие лица се поставува двојната дијагноза затоа што имаат заостанат развој и ментална болест. (Ако притоа овие лица се и корисници на дроги, се поставува тројна дијагноза).

заостанат развој

Пациентите со заостанат развој и ментално заболување имаат проблеми со социјалната изолација. Програмата за развој на возрасни лица и психијатриска терапија од Хјустон бара начин да се лекуваат пациентите со тоа што им нудат социјална интеракција и лекување на менталната болест. Однесувањата како што се мафтање со рацете и слабата социјална интеракција се лекуваат во посебни околини каде што ваквите лица добиваат поддршка.

ментално растројство

Менталните заболувања и употребата на дроги многу често одат заедно. Менталните заболувања исто така можат да одат заедно и со заостанатиот развој. Каква и да е дијагнозата, професионалците за ментално здравје мораат да се обидат да ги лекуваат сите фактори кои придонесуваат за состојбата на пациентот.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.