RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Единствените нормални луѓе се оние кои што не сте ги запознале добро.

Алфред Адлер



НАЈСРЕЌНИТЕ МЕСТА ЗА ЖИВОТ СЕ НАЈСУИЦИДНИ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 4.00 од можни 5)
прочитано 4111 пати
Четврток, 15 Септември 2011 00:01

Иако се чини како апсурден парадокс, ново истражување укажува дека најсреќните земји и најсреќните држави имаат највисока стапка на суицидност.

канада

Истражувачите од Универзитетот во Варвик и колеџот Хамилтон разгледаа податоци од САД и интернационалната анкета за одлуки за самоубиство, вклучувајќи информации од повеќе од 2.3 милиони американци.

Откритието на невообичаено високата стапка на суицид во среќните места за живеење ги поддржува првичните испитувања направени во други земји.

самоубиство со апчиња

Ова ново истражување откри дека голем број на народи, вклучувајќи ги Канада, САД, Исланд, Ирска и Швајцарија, прикажуваат релативно висок степен, а и имаат висока стапка на самоубиства. Споредбата со државите од САД помогна да се намали пристрасноста при споредбата на земјите со други култури.

Истражувачите открија дека државите со луѓе кои се во основа позадоволни со својот живот имаат тенденција да имаат повисок степен на самоубиство отколку тие со пониско ниво на животна сатисфакција.

швајцарија

На пример, необработените податови покажаа дека Јута е рангирана како прва во животната сатисфакција, но има 9-та највисока стапка на самоубиства. Во меѓувреме, Њу Јорк е рангиран како 45-ти во животната сатисфакција, а има најниско ниво на суцид во земјата.

Во обидот да се одредат факторите кои може да влијаат на изненадувачката поврзаност, истражувачите ја прилагодија возраста, полот, расата, образованието, приходот, материјалниот статус и работниот статус.

самоубиство со скокање

Дури и со овие прилагодувања постоеше многу силна корелација помеѓу степенот на среќа и стапката на самоубиства.

Испитувачите веруваат дека контраинтуитивната врска помеѓу среќата и стапката на самоубиства доаѓа од човечката карактеристика за споредба на самиот себе (и својата животна состојба) со другите.

канада знаме

Според еден од истражувачите, "Незадоволните луѓе во среќните места може да се чувствуваат како да се третирани особено грубо од страна на животот. Овие темни контрасти може за возврат да го зголемат ризикот од самоубиство. Доколку луѓето се предмет на промени во расположението, падовите во животот може да бидат потолерантни во средина во која останатите луѓе се несреќни."

Друг истражувач заклучи, "Овој резултат е конзистентен со друго истражување кое покажува дека луѓето ја проценуваат сопствената благосостојба во споредба со другите околу нив. Овој вид на влијание на споредбата се покажаа и во однос на приходот, невработеноста, криминалот и дебелината."

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.